баби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Feb 2024 12:58:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png баби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Омилениот десерт на нашите баби: Брз и сочен колач со чоколада и џем https://arhiva.vistina.com.mk/omileniot-desert-na-nashite-babi-brz-i-sochen-kolach-so-chokolada-i-dhem/ Tue, 20 Feb 2024 13:20:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339439

Доколку сакате да направите нешто слатко, но не сакате да поминувате многу време во кујната на овие високи температури, имаме одличен предлог за вас.
Тортата со чоколадо и џем се подготвува брзо, а вкусот е феноменален. Ниту почетниците нема да имаат проблем, бидејќи подготовката е многу едноставна. Проверете и уверете се самите! Состојки: 3 јајца 3 лажици шеќер 10 гр ванилин шеќер 100 гр стопено чоколадо 100 мл масло 100 гр брашно 1 лажичка прашок за пециво рендана кора од лимон 5 лажици џем (по избор) За облогата: 4 лажици џем 100 гр чоколадо 2 лажици масло 2 лажици млеко Подготовка: Јајцата се матат со шеќер и ванила. Додадете џем, масло, чоколадо, брашно, прашок за пециво и кора од лимон. Соединете и истурете во тавче. Се пече на 200 степени околу 20 минути. Оставете малку да се излади, околу 10 минути, па премачкајте со џем, а потоа прелијте го со чоколадото кое сте го стопиле со маслото и млекото. Извор: Попара
]]>

Младите се жалат: Сѐ помалку баби и дедовци денес ги чуваат внуците https://arhiva.vistina.com.mk/mladite-se-zhalat-s-pomalku-babi-i-dedovtsi-denes-gi-chuvaat-vnutsite/ Mon, 18 Sep 2023 12:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318398

Лицата од тн. генерација „милениумци“, родени последните 15 – 20 години од минатото илјадалетие, денес имаат 25 – 40 години и се сеќаваат како престојувале кај нивните баби и дедовци секој викенд и / или цел летен одмор. Денес, сметаат многумина, состојбата е значително поинаква, па една мајка-милениумка објаснува – зошто е тоа така? „Прејдовме од генерација деца кои секој викенд го минуваа кај баба сѝ и дедо сѝ, во генерација родители кои секој миг го минуваат со своите деца“, гласи насловот на видеото објавено на Тикток-профилот @brittnievh. – За многу луѓе денес, поширокото семејство е „невидливо“. Селото веќе не ги воспитува децата. Ние (родителите) сме „селото“. Тоа е разликата меѓу нас, заклучува авторката во своето видео. Во коментарите потоа, многумина се согласија, велејќи дека жалат што нивните деца немаат ист однос со бабите и дедовците, каков што самите тие имале со своите. „Нема село, нема помош. Само јас и мојот сопруг сме. Никој не е заинтересиран“, „Ме воспитуваа баба ми и дедо ми, така што не би ни очекувала дека моите родители знаат да се грижат за моето дете“, „Имам измешани емоции за ова. Жалам што родителите секогаш ме праќаа кај баба ми, но би сакала денешните баби да помагаат повеќе“ – се дел од коментарите.   Извор: Курир.мк]]>

Децата кои растат покрај баби и дедовци се посреќни и попаметни https://arhiva.vistina.com.mk/detsata-koi-rastat-pokraj-babi-i-dedovtsi-se-posrekni-i-popametni/ Fri, 13 Jan 2023 11:17:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284154

Љубовта, грижата и поддршката од бабите и дедовците имаат благопријатно влијание врз внуците. За тоа сведочат бројни научни истражувања. 1.Се намалува ризикот од депресија Емоционалната блискост на бабите и дедовците со нивните внуци го намалува ризикот од депресија кај децата. Во студијата објавена во списанието “Геронтолог”, учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци. Кога научниците од Бостонскиот колеџ ги инализирале податоците собрани во период од 19 години, се покажало дека опасноста од депресија се намалува и кај старите и кај младите генерации. 2.Се зголемува чувството за стабилност и сигурност Бабите и дедовците на своите внуци им влеваат чувство на стабилност и емотивна сигурност. А во трауматични ситуации или во текот на семејни кавги, бабата и дедото честопати им се поддршка на внуците. Истражувањето од Оксфордскиот Универзитет покажало дека блиската поврзаност меѓу внуците и постарите генерации им помага на децата да се носат со трауматичните настани во животот, како што се малтретирање во школо или развод на родителите. Истражувањето кое го водела професорката Ен Бјукенен опфатило повеќе од 1500 деца и покажало дека и тие кои биле во блиски односи со своите баби и дедовци имаат помалку емотивни потешкотии и проблеми во однесувањето. Покрај тоа, таквите деца имале поразвиено чувство за самосвесност, со што полесно ги надминувале потешкотиите. 3.На родителите им е олеснета задачата Родителите понекогаш немаат доволно време за да си играат и да разговараат со своите деца. Бабите и дедовците честопати се случува да ги заменуваат родителите, особено кога станува збор за играта и забавата. Покрај тоа, тие поретко ги караат децата, па така тие послободно им се отвораат и им ги откриваат своите тајни. Сето ова ја подобрува општата емотивна атмосфера во семејството, бидејќи и родителите се спокојни, знаејќи дека децата се добро и додека тие не се нивна близина. Извор: Курир.мк]]>

Марјана Станојковска приготви старински колач од џем: „Дама на улица, домаќинка в куќи…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marjana-stanojkovska-prigotvi-starinski-kolach-od-dzem-dama-na-ulica-domakjinka-v-kukji-foto/ Sat, 12 Sep 2020 11:04:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166730

Водителката Марјана Станојковска на својот профил на Инстаграм објави фотографија под која емотивно се присети на своите баби, но воедно се пофали и дека знае да приготви вкусен старински колач со џем од сливи. „Предмалку го прелистував стариот тефтер со рецепти од баба ми и така читајќи ги нејзините торти и колачи се потсетив на неа и на тоа како со љубов ми ги подготвуваше моите омилени слатки. 'Манче што сакаш баба да ти направи? Сакаш палачинки, Васина (торта) , крофни или сакаш да направиме бомбици?' Тоа беше мојата баба Мира. Со мојата друга баба, Марика, веднаш ме врзуваат спомени како заедно ги полевавме ружите од дворот, јадевме од грозјето на дедо ми и секогаш ќе го памтам вкусот на највкусните домашни јуфки кои таа ги подготвуваше. За жал двете мои баби повеќе не се меѓу нас, но секогаш ми е мило и ми доаѓа убаво на душата кога ќе се сетам на нив. Тоа се моите ангели чувари. Денес решив да ја посетам тетка Данче, инаку мајка на Ане, најдобрата другарка на мајка ми. Тетка Данче ја има пораснато и мајка ми и се уште таа и Ане знаат да поседат во нејзината девојчинска соба( која патем тетка Данче ја чува непроменета ) и да си евоцираат спомени од детсвото и младоста. Решив да и го подготвам оној класичен старински колач со џем од сливи и да и да ја посетам , за да барем на кратко го осетиме духот на старите добри времиња. Драго ми е што измамив насмевка на нејзиното лице и и го разубавив денот . Понекогаш дури и најмалите дела можат да го направат тоа. Отворете го вашето срце и душа и почувствувајте ја добрината која природно ја поседувате. Ве повикувам сите заедно да се вклучиме на бранот добри дела и да почнеме да споделуваме добрина“ - напиша таа.  ]]>

Адријана Кеш им прати вознемирувачки поздрав на силиконските дами и им покажа како ќе изгледаат кога ќе бидат баби (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/adrijana-kesh-im-prati-voznemiruvachki-pozdrav-na-silikonskite-dami-i-im-pokaza-kako-kje-izgledaat-koga-kje-bidat-babi-foto/ Wed, 15 Jan 2020 08:48:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128962

За фолк пејачката Адријана Кеш е добро познато дека нема ништо против естетските корекции и силиконите, бидејќи своевремено и самата призна дека ги зголемила градите. Во денешно време силиконите се незаобиколен тренд, особено на естрадата, па ретки се таквите кои претпочитаат природно издание. Но, нештата како да излегоа од границите на она „нормалното“ за око, па веќе не се размислува за големината на градите и усните – таа треба да биде што повпечатлива! Адријана моментално е на турнеја кај нашинците во Америка, а оттаму преку Инстаграм им прати поздрав на силиконските дами кои претерале со кубикажата. Чисто за да ги потсети, таа објави фотогтрафија од бабичка која во младоста сакала ултра „напумпаност“, а сега изгледа како што изгледа! Дали ова беше заплашување, потсетување или и самата си ги постави границите, за утре да не биде она што не би сакала.]]>

Трикови за полесно чистење кои ги користеле нашите баби https://arhiva.vistina.com.mk/trikovi-za-polesno-chistenje-koi-gi-koristele-nashite-babi/ Tue, 15 Oct 2019 12:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112712

Нашите баби немале избор на производи за чистење на домот, па затоа биле принудени да се снаоѓаат и да чистат со намирници и производи кои нам денес ни звучат необично. Овие стари трикови може да ви ја олеснат работата и да ви „купат“ време и пари. Зошто да не тестирате некој од нив?
 
За аркетот
 
Подот од дрво може да биде чист и да сјае со помош на природно средство кое може да го направите самите. Измешајте неколку шолји оцет и сапун, а во смесата може да додадете и некое дополнително средство за чистење. За микробрановата печка Доколку барате едноставен начин за чистење на микробрановата печка без да изгребете некои делови, го имаме најдоброто решение за вас. Ставете оцет и вода во стаклен сад, кој потоа ќе го ставите во печката. Вклучете ја печката на неколку минути. Пареата која ќе се создаде ќе го исчисти уредот. За каучот Размислувате како да ги отстраните масните дамки од каучот? Нив може да ги исчистите со влажни марамчиња натопени во алкохол. Исушете го материјалот со фен. За рерната Исчистете ја маснотијата од стаклото во рерната со тврд сунѓер потопен во оцет и детергент. Користете топла вода доколку е потребно. За четката во тоалетот Четката во тоалетот може да има свеж мирис доколку во садот во кој стои ставите средство за чистење. Ова ќе го освежи мирисот во тоалетот, а истовремено четката ќе биде дезинфицирана. За машината за перење алишта Кога последен пат ја исчистивте машината за перење алишта? Пред да започнете со тоа, пуштете ја машината да испере со детергент, но без алишта. Потоа повторно вклучете ја машината, но овој пат во внатрешноста ставете малку оцет, а потоа со крпа исчистете го целиот простор. За перниците Доколку вашите бели перници добиваат жолта боја, следниот чекор ќе им ја врати свежината. Исперете ги перниците во сода бикарбона, избелувач и детергент. Утредента ќе бидат како нови. За туш кабината Посипете оцет насекаде и оставете го да делува преку ноќ. Дамките и нечистотијата ќе исчезнат во текот на ноќта. За душекот За да го исчистите душекот, ставете сода бикарбона и оставете ја да делува неколку минути. Потоа, исчистете го душекот со правосмукалка. Тоа е сѐ. извор: Кафепауза

Нашите баби никогаш не знаеле за стрес, а причината е едноставна https://arhiva.vistina.com.mk/nashite-babi-nikogash-ne-znaele-za-stres-a-prichinata-e-ednostavna/ Thu, 18 Jul 2019 12:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98265

Баби или прабаби, за кого како. Често за нив размислуваме како отсекогаш делувале смирено, со благ поглед во очите и како никогаш не се жалеле. Иако повеќето не сме биле сведоци кога тие најмногу работеле и најинтензивно живееле, сигурни сме дека не го познавале овој стрес со кои ние денес се среќаваме. Но, зошто е тоа така? 1. Бомбардирање со информации – Нашите претци воглавно живееле во време кога имало еден ТВ канал, неколку дневни весници, списанија без голотија, насилство и разни простаклаци. И да сакале, немале од каде да се информираат во секој момент за несреќите и ужасите на целата планета. 2. Добро утро, сосетке – Нивните извори за информации биле нивните сосетки, заедно со утринското кафе, коцкичка шеќер, слатко и вода. Понекогаш и со малку шлаг во кафето, а после гледање во шолјата. Комуницирале очи во очи, темите најчесто биле во врска со оние кои не дошле на кафе и опкружувањето. Да, и цените во продавниците, но биле заштитени од акции и намалување со лажни цени на оние производи кои биле до вчера, така што не се чувствувале како некој да им ги украл парите или како некој да ги измамил. 3. Не знаеле што немаат – Ним и малку им било доволно, не знаеле колку немаат, а поради тоа што индустријата во целиот свет била помалку развиена од оваа денес, не ни можеле да бидат полудени поради изобилство. Со децении купувале исти чорапи, пиеле од истото кафе. Немало како денес цели полици со различни видови на кекси, не морале после првото перење да шијат облека од познат бренд туку си имале сопствени кројачи, а и самите знаеле да си сошијат едноставни нешта. 4. Паѓале, но знаеле да станат – Како што им било нив, така им било и на останатите. Преживувале доста работи, но сепак преживеале. Од жалење не се добива ништо, а тие знаеле дека не смеат да потклекнат пред катастрофите и дека мораат да го градат животот повторно. Народот во минатите векови така и преживувал, после сите војни се издигнувал од пепелта со поглед кон иднината и работата. 5. Едноставноста на постоењето – Не биле учени, но немале проблем со тоа. Не знаеле дека можат да бидат повеќе од “обични” домаќинки, знаеле да шијат, везат, плетат, штиркаат, самите меселе и декорирале торти, приготвувале зимница… си наоѓале работа по цел ден без да имаат време да се нервираат и да размислуваат за смислата на животот. Живееле и растеле во природно опкружување кое го почитувале, знаеле да го искористат и не знаеле дека можат да “избегаат” од тоа. Живееле во градот, но градот не бил толку нервозен и некултурен како денес, знаеле дека во автобусот некој ќе им отстапи место, дека нема да ги туркаат на улица ако се бавни и дека некој ќе им помогне ако им се слоши. 6. Верувале во тоа дека оној кој работи нешто што не смее ќе биде казнет, дека оној кој работи не се плаши од глад, дека секого ќе го стигне неговата казна, но и дека пред нив е подобро утре. Неважно колку од овие верувања навистина биле реални, тие верувале во нив. Најлошо е кога човек ќе ги изгуби надежта и соништата. 7. Имале време – Не заглавувале со часови во сообраќајот, работеле и редовно биле платени за тоа, не биле пренатрупани со лоши вести. Имале време за неделен ручек и попладневно кафе или чај со колаче, а внуците им зборувале за играњето пред куќа, без зјапање во мобилните телефони. 8. Не знаеле за зборот стрес – Добро или лошо расположени, оделе понатаму. Ние денес имаме милион “оправдувања” за разните промени во нас и со нас и имаме поддршка за тие промени. Понекогаш и претеруваме со овие оправдувања, не одиме надвор кога е студено, продавницата и пазарот нѝ се далеку, немаме каде да паркираме, а тие не возеле автомобили ниту пак им било проблем да пешачат. Извор: Точка]]>