б-12 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Dec 2023 12:55:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png б-12 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми https://arhiva.vistina.com.mk/nedostigot-na-vitamin-b12-mozhe-da-predizvika-i-kognitivni-problemi/ Fri, 01 Dec 2023 12:55:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329587

Веројатноза човековото тело е витаминот Б12, којшто е потребен за нормално секојдневно функционирање. Витаминот Б12 учествува во многу процеси во телото, вклучувајќи ја и синтезата на ДНК, создавањето црвени крвни зрнца и на изолационата обвивка што им овозможува на сигналите да минуваат низ нервниот систем. Можен недостиг од тоа, на пр., се знае дека може да предизвика анемија, потоа – замор, мускулна слабост, вртоглавица или зашеметеност… Но, помалку е познато дека недостатокот на витамин Б12 може да предизвика и умствени проблеми. Според напис објавен во „Британскиот медицински журнал“ (Би-ем-џи), има барем пет проблематични когнитивни состојби забележани кај 85 отсто од пациентите со недостаток на Б12. Тоа се: проблеми со помнењето, когнитивни тешкотии, афазија, проблеми со учењето и главоболки (мигрена). „Анемијата е присутна кај помалку од 20 отсто од луѓето со недостаток на витамин Б12. Невролошките проблеми, пак, што се многу почести, може да траат со месеци, па дури и години, додека целосно да се решат“, се наведува во написот. За луѓе кои немаат поголем недостиг на витамин Б12 и невролошки симптоми, витаминот може да се прима орално во доза од 1.000 до 2.000 микрограми одеднаш / на ден. Витаминот Б12 го има само во храната од животинско потекло. Количината витамини во намирниците зависи од видот храна и земјата на производство. Во повеќето случаи, состојбата може да се подобри кога ќе се збогати исхраната со месо, риба, сирење, путер, јајца, хранлив квасец и друга храна што содржи витамин Б12. Меѓутоа, ако недостигот е потежок, можеби пациентот ќе треба да зема дневни додатоци и инјекции. извор:курир.мк фото:Freepik]]>