автори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Jan 2021 09:33:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png автори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот избор за Евровизија 2021 пред скандал: МРТ одново со Гарванлиев и рок од само 7 дена за евровизиска песна, пејачите и авторите пред бунт! https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-izbor-za-evrovizija-2021-pred-skandal-mrt-odovo-so-garvanliev-i-rok-od-samo-7-dena-za-evroviziska-pesna-pejachite-i-avtorite-pred-bunt/ Thu, 21 Jan 2021 09:01:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186012

„Според  јасно утврдените правила од страна на ЕБУ кои ги обврзуваат националните радиодифузери да селектираат нова песна за Евровизија 2021, а самите да донесат одлука дали минатогодишниот претставник ќе остане истиот и годинава, Македонската Радио Телевизија одлучи задачата да ја претстави Северна Македонија на Евровизија 2021, да остане во рацете на Васил Гарванлиев. Бројот на земји учеснички за Евровизија 2021 е идентичен како и за претходната, која за жал не се одржа од причини добро познати за сите нас, предизвикани од светската пандемија со новиот корона вирус и беше заменета со алтернативно музичко шоу. За Евровизија 2021,  се предвидени две полуфинални и една финална вечер, закажани за 18-ти, 20-ти и 22-ри мај во арената Ахој, во Ротердам, а повеќе од дваесет земји ги потврдија истите учесници селектирани од минатата година. Македонската Радио Телевизија пристапува кон избор на нова песна за Васил Гарванлиев и ги повикува сите заинтересирани страни да ги понудат своите музички проекти на следната е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 27-ти јануари 2021 година“. Ова е отприлика содржината на соопштението кое јавниот сервис официјално го објави на 20 јануари 2021 година и предизвика бура во јавноста. Особено во онаа, естрадната, во која пејачите од македонската музичка сцена останаа стаписани, а авторите во неверување дали е ова можно: Да им се даде сами една недела, само 7 (седум) дена за да подготват песна, да ја средат, снимат и испратат на објавениот конкурс! Со сиот респект кон Васил Гарванлиев и неговите уметничко-вокални квалитети, кој за жал лани немаше можност да настапи и да ги покаже заради коронапандемијата, општо мислење меѓу естрадната фела е дека годинава сепак требаше да има „поинаков избор“... И на пејач и на песна. Корона кризата ги погоди сите естрадни уметници, повеќето дури и многу повеќе од самиот Гарванлиев, кој остана покус само за евровизискиот настап, а патем речиси никаде и не настапува, ако не се  смета ланскиот „државно субвенциониран концерт“ во Домот на културата во Струмица, додека  останатите останаа скоро една година „без леб“. Без можност за настапи, тезги, концерти, свадби, веселби...  И ако не многу повеќе, тогаш се барем еднакво оштетени како и несудениот евровизиски пејач од Струмица. Но, Струмица е чудесно место... Таму ликовите како во матрица се повторуваат на најважните места во државата, на кои се доаѓа онака како што се доаѓа. Формално-правно легално, а зад плаштот на регуларното, скриено ѕирка сомнителното! Оттаму виси прашањето: Зошто повторно Гарванлиев и тоа без преседан, без можност за натпревар со останатиите колеги - изведувачи од естрадата? Тој повластен и награден, тие обесправени и лимитирани, со прстот во уста? Не дека формално-правно МРТВ нема право на своја одлука, но правото на преседан има и своја етичка и морална страна,  ама и обврска и тоа не само кон естрадата, туку најмногу и кон своите гледачи, во исто време и даночни обврзници на оваа земја, од чии пари меѓудругото се финансира и МРТ и самата Евровизија! Потценувањето на нивната интилигенција ја отвора дилемата: Дали одново до убаво спакувано непрепознавање е доведена суштината на измамата? Од друга страна, авторите останаа стаписани од кусиот рок кој им е даден, зашто само 7 дена да се измисли, креира, отсвири, сними, аранжира, продуцира и испрати песна се не малку, туку ништо! Едноставно „невозможна мисија“, која во „5 до 12“ дури и да имате веќе готова песна  е тешко остварлива и изводлива. Оттаму реакциите и нивниот револт и повик за бојкот на годинешниов избор за Евровизија. Некои од авторите, ценети, познати и признати музичари, дури и повикуваат на барање правна помош и судска разврска, за според нив, спречување на злоупотреба на службена должност. Сомничави се и некои од естрадните новинари кои веројатно поучени од минатото искуство, тврдат дека однапред веќе се' се знае и се'  е договорено, а конкурсот за евровизиска песна е само „мачкање очи“,  чиста формалност за да е запазат пропозициите. Сето ова остава простор за сомнежи, дилеми, недоумици, претпоставки, кулоарски муабети, чаршиски трачеви, медиумски шпекулации... Со еден збор, простор за креирање на нова афера наречена македонски избор на пејач и песна за Евровизија. Дали потегот на МРТВ ќе покрене лавина на нови незадоволства од која ќе произлезе поголем скандал, или се' ќе заврши на онаа народната: „Кучињата си лаат, карванот си врви“, ќе видиме наскоро. Седум дена се кус рок, бргу ќе минат, па да почекаме да видиме дали оваа одлука ќе биде „нагазна мина“ и за кого? Фото: Мартин Трајановски/ Фејсбук принтскрин      ]]>

Што се случува кога среќата ќе добие „отказ“… Сања Барбика има – „Доказ“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-sluchuva-koga-srekjata-kje-dobie-otkaz-sanja-barbika-ima-dokaz-lirik-video/ Wed, 09 Dec 2020 10:11:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180024

Пејачката Сања Цинцева – Барбика деновиве во јавноста ја претстави својата нова песна насловена „Доказ“. Испеана е на српски јазик и иако првично било планирано да се сними видео за неа, поради пандемијата со коронавирус, снимањето била приморана да го оддложи, па песната е визуелно проследена само со лирик видео. „Почитувани пријатели и обожаватели, со вас ја споделувам мојата нова песна „Доказ“. Оваа тема подолг период е готова, но чекав соодветен момент за да направиме добар спот. Поради Ковид-19 ситуацијата не ни се пружи добра прилика за добар спот, па затоа решив во ова лошо време да ја промовирам без видео, се' со цел да ве расположам и да ви ги отргнам мислите од негативни работи. Уживајте во песната и се надевам дека ќе ви се допадне. Ве сака Сања - Барби и не заборавајте да се чувате и пазите, не чекаат одлични настапи и забави после вирусот!“ - напиша сексапилната струмичанка на социјалните мрежи. Инаку, оваа тема ја потпишуваат српските композитори Марко Дрежњак и Драган Стрелиќ со кои барби соработуваше изминатиов период. Еве се случува кога среќата ќе добие „отказ“... Сања Барбика има - „Доказ“: https://www.youtube.com/watch?v=W2L_Uy4Il3E  ]]>

„Лоунли планет“ на Ателје 212 на МОТ: Престава во која наместо актери играат оние што ја напишале – нејзините автори https://arhiva.vistina.com.mk/lounli-planet-na-atelje-212-na-mot-prestava-vo-koja-namesto-akteri-igraat-onie-shto-ja-napishale-nejzinite-avtori/ Thu, 03 Dec 2020 14:13:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179453

„Лоунли планет“ е претстава која ја изведуваат пет писатели, Маја Пелевиќ, Олга Димитријевиќ, Тања Шиливар, Игор Коруга и Димитрије Коканов, кои се автори на текстот и се изведувачи на претставата. Таа е настаната за време на карантините како желба да се промисли театарот како уметничката практика која во пандемијата стана нужно одвишок и невозможна. Напротив ние сакавме да покажеме дека е возможно да се напрви претстава и да се изведе во околности почитувајќи ги сите заштитни мерки пропишани во тие моменти. Од таму дојде идејата да ги користиме сите можни простори во театарот, освен регуларниот сценски простор. Петте различни простори овозможуваат движење на ограничен број на публика низ театарот, и така ги почитуваме мерките на потребното дистанцирање“ - вели Димитрије Коканов од Ателје 212. „Лоунли планет“ е претстава од имерсивен карактер, која се изведува на отворени и затворени простори, околу и во театарската зграда, намерно избегнувајќи го класичниот сценски простор, односно самата сцена. Преку колажната структура од пет авторски и изведувачки гласови, кои се испреплетуваат и се провираат едни со други, уметниците ја водат соодветно оддалечената публика на туристичка турнеја низ двете страни на паричката на утопијата и дистопијата на нашето (театарско) секојдневие. „Лоунли планет“ претставува слалом преку можните утопии и дистопии на нашите градови и нашите интимности и се фокусира на неколку прашања: Како го користиме јавниот простор за да ги претвориме нашите индивидуални проблеми и потреби во општествени? Како размислуваме за светот пред и по заканата што се појави, во разни, дури и поопасни форми? Како ги спроведуваме најелементарните интеракции со други луѓе, предмети, суштества додека сме во позиција на апсолутна несигурност за тоа каков живот нѐ чека утре? Оваа претстава е одраз на светот во првата половина на 2020 година, додека истовремено се обидува да ги преиспита формите на театар што може да се случат и покрај вирусот, и следствено на тоа, потенцијалните форми на заедништво во јавниот простор на иднината. Програмата на 45-то издание на Млад отворен театар трае до 6 декември.]]>

Сузана Гавазова во Белград: Ќе и прават песна и спот најпознатите српски автори https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-vo-belgrad-kje-i-pravat-pesna-i-spot-najpoznatite-srpski-avtori/ Thu, 10 May 2018 09:44:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26196

Деновиве нашата фолк-пејачка Сузана Гавазова, пред настапите во Италија и Австрија, престојуваше во Белград каде падна договор за нова песна и видео кои наскоро ќе бидат снимени и промовирани. Имено, Гавазова веќе некое време е во Македонија, каде што веднаш се „фрли“ на работните ангажмани, а овој работен состанок и договор во Белград се само една од низата активности кои таа ги најавува за публиката.
На својот профил на Фејсбук, таа напиша дека ќе соработува со најдобрите од Балканот и не ја криеше возбудата за тоа: „Наскоро нова песна и видеоспот од најдобрите на Балканот – Динајл Х, Браја и Харис Дубица. Очекувајте нешто неочекувано“, напиша Сузана покрај фотографијата на која е сликана со споменатата „ол старс“ музичка и авторска екипа во Белград која работела за најголемите балкански имиња: од  Наташа Беквалац до Брена и Цеца.
]]>