аутизам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Sep 2023 07:49:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png аутизам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Трогателна исповед на Јелена Радановиќ – вака започна нејзината борба за синот со аутизам (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/trogatelna-ispoved-na-jelena-radanovik-vaka-zapochna-nejzinata-borba-za-sinot-so-autizam-foto/ Mon, 25 Sep 2023 07:49:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319420

Сопругата на популарниот пејач Слоба Радановиќ, Јелена Радановиќ гостуваше во емисијата „Премиера – викенд специјал“, каде искрено проговори за борбата на нејзиниот син со аутизмот. Јелена пишува и книга на оваа тема, а сега откри многу детали за кои јавноста немаше поим: - Син ми во декември полни девет години, се бориме шест и пол години, животот ни изгледа нормално. Се посомневав на болест околу неговиот втор роденден, забележав дека чудно се однесува. Тој направи некои работи што мојот прв син не ги направи. Имаше треперење на раката, изгубен контакт со очите, не реагираше на  име, на команди. Јадеше земја, лижеше стакло, врескаше, не спиеше. Се сеќавам кога врескаше и ме однесе за рака надвор на дождот да одиме по плажата, немаше шанси да го смениме правецот додека тој не одлучи. Најдов клиника за рано откривање на аутизам, им објаснив дека детето не е во ред, тие ме убедуваа дека е. Заминав за Србија и ми помогна Данијела Хелц. Имаше АБА терапија секој работен ден. До моментот кога го запознав Слоба со мене не можеше  да се зборува за ништо друго освен за аутизам. Направив се што мислев дека не може да наштети, исфрливме некои  намирници, отидовме на трансплантација на матични клетки. Откривме дека има многу тешки метали во него, работевме на чистење од метали и промена на исхраната - рече Јелена и додаде: - На пет години прозборе, но мајките да не разберат погрешно. Не може нормално да комуницира, но зборува се повеќе и повеќе зборови. Јас и син ми заедно патувавме низ цела Европа. Базенот што го градиме е светлосна година од него поради него. Сака да плива, да трча, го има своето пилатес топче. Тој оди на тренинзи приспособени на деца со посебни потреби - рече сопругата на Слоба и додаде: - Не барав стручна помош, сама се снајдов... Бев скаменета и преплашена... Ако мислев дека ни на мене, ни на син ми им е потребен таков живот, јас не сум... религиозен фанатик, но морам да кажам дека како некоја божествена сила да ме крена и рече: Стани жено, сигурно има решение''. Кога почнав да истражувам, сфатив дека ова не е крајната точка. Најлошо е кога сте сами, потребна ви е поддршка од партнерот. Го видов тоа кога Господ ме благослови и го испрати Слоба во мојот живот. Се си дојде на свое место и почнав да гледам на проблемот на син ми како благослов. Мојот син многу сака да пее, а Слоба е пејач. Не се гледам себеси како жртва, не би го менувала за 100 здрави! - откри Јелена. Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/]]>

„Не може баба, нема доволно пари“: Маја Оџаклиеска прозбори за внукот кој има аутизам! https://arhiva.vistina.com.mk/ne-moze-baba-nema-dovolno-pari-maja-odzaklieska-prozbori-za-vnukot-koj-ima-autizam/ Fri, 15 Jun 2018 09:30:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=32670

Пејачката Маја Оџаклиеска пред 15 години престана да пее, а сега само се појавува во некои емисии. Потполно е посветена на семејството, првенствено на нејзиниот осумгодишен внук на кој пред пет години му е дијагностициран аутизам. Маја призна дека во моментот кога дознала дека нејзиниот внук има аутизам, целиот свет и се срушил над глава.
фото:промо „Бесна сум на целиот свет бидејќи знам дека мојата ќерка роди здрави дете. Неговата душа многу претрпе. На секој од нас нешто ни смета, а на него можеби ќе му засмета лаење на куче. Тоа е индивидуална работа, а секое дете со аутизам си има свет за себе, има некој проблем, изјави Маја.
фото:принтскрин Таа потенцираше дека не може многу да му пружи на внукот бидејќи нема доволно пари. „Не можам многу да му пружам бидејќи имам мала пензија, но тој ме разбира. Ќе му речам: Не може баба, нема доволно пари, а тој молчи. Не е бесно дете кое сака да биде се по негово, искрена е Маја.]]>

Парацетамолот го зголемува ризикот од аутизам во бременоста?! https://arhiva.vistina.com.mk/paracetamolot-go-zgolemuva-rizikot-od-autizam-vo-bremenosta/ Tue, 08 May 2018 11:17:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=25498

Весникот "Дејли мејл" објави дека една нова студија покажала дека мајките кои пијат парацетамол во текот на бременоста ги изложуваат своите неродени деца на ризик од аутизам и дефицит на внимание и нарушувања на хиперактивноста (АДХД). Докторот Илан Маток од универзитетот во Ерусалим објасни дека продолжената употреба на ацетаминофен и парацетамол може да го зголеми ризикот од аутизам за 20 проценти. Кога станува збор за АДХД, шансите за развој на ова нарушување се 30 отсто, пишува британскиот весник. Парацетамол, активна состојка во многу лекови без рецепт, е првата „помош“ за бремени жени кои сакаат да ја ублажат болката или температурата. Досега, парацетамолот е поврзан со намален коефициент на рак на дојка кај жените што го земале за време на бременоста и, наводно, ги зголемува шансите дека детето подоцна има проблеми во комуникацијата.]]>

Дали гледањето во екран од најрана возраст може да предизвика аутизам? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-gledanjeto-vo-ekran-od-najrana-vozrast-moze-da-predizvika-autizam/ Fri, 12 Jan 2018 09:37:07 +0000 http://vistina.mk/?p=9560

Француските педијатри и психолози излегоа пред јавноста со алармантни податоци за поврзаноста меѓу определени нарушувања слични на аутизам со времето што децата го поминуваат пред екрани од разни уреди. Уште во 2009 година Француската управа за јавно здравје објави препорака дека на децата помлади од три години не треба да им се дозволува да поминуваат време пред екрани од кој било вид. Француската академија во 2013 година објави студија која се најде на удар на тешки критики. Имено, оваа студија тврдеше дека тактилните таблети се корисни за развојот на сетилата и моториката. Сепак, најголема тревога во француската јавност предизвика текстот објавен во парискиот „Монд“, кој почнува на следниот начин: „Ние, стручните лица кои работиме во областа детско здравство, сакаме да ја предупредиме јавноста на опасните последици од масовното и прерано изложување на бебињата и малите деца пред секакви видови екрани: пред паметни телефони, таблети, компјутери, телевизори или конзоли за игри“. Потписниците на овој текст се лекари, психолози и ортофоничари (експерти за говор), а сите предупредуваат дека и натаму се поставуваат дијагнози за аутистички нарушувања кај децата без притоа да се испита дали и колку време децата и родителите поминуваат пред некакви екрани. „Вниманието на децата комплетно е насочено кон екраните. Во такви услови, родителите и децата не разменуваат доволно погледи меѓусебно и не можат да изградат меѓусебен однос“, пишува во текстот. Тие предупредуваат дека поради тоа, мозокот на децата не може нормално да се развива, затоа што е прекинато истражувањето на предметите што го опкружуваат. Поради екранот, кој му го „впива“ вниманието, детето е принудено да се откаже од своите истражувања и испитувања на околината, што е доволно за да настане доцнење во развојот на говорот и во општиот развој на детето. Децата кои поради својата опседнатост со екраните доцнат со говорниот развој до својата четврта година, обично не реагираат кога некој ги повикува по име. Не можат да гледаат во лицето на тој што им се обраќа, ниту во предметот што им се покажува, туку само можат да гледаат во екраните. Не можат да комуницираат со околината, ниту со другите деца. Зошто влијанието на екранот врз децата е толку страшно? Француските лекари се повикуваат на истражувањето на Американецот Едвард Троник, кое покажа дека слични нарушувања настануваат кај бебиња на кои им се покажува кукла со безизразно лице („мртво лице“) наместо мајчиното. Детето што гледа во екран наместо во лицето на мајката не може да разменува погледи со неа, да ги идентификува нејзиниот глас и нејзините движења, не може да стекне свест за себе, ниту да развие говор. Линда Пагани, професор за психоедукација на Универзитетот во Монтреал, во текот на повеќе децении го истражувала влијанието на ТВ-екраните врз децата и дошла до заклучок дека тие значително го намалуваат капацитетот на децата, ја намалуваат нивната активност на училиште и способноста да решаваат математички проблеми. Списанието „Сајантифик рипорт“ објави истражување на стручни лица од Лондонскиот универзитет кое покажува дека изложувањето на тактилни екрани кај деца на возраст од шест месеци до три години предизвикува намалување на квалитетот на сонот. Со самото тоа се нанесува штета на формирањето на мозокот и на невронските врски, кои се градат додека детето спие. И додека стручните лица и политичарите се премислуваат, во Силиконската долина директорот на „Гугл“ и неговите милионери не кријат дека на своите деца не им дозволуваат пристап до екрани! Тие сметаат дека децата наместо да допираат екрани, треба да допираат вистински миленичиња, боси да трчаат по трева, да слушнат како шушкаат лисјата, како пее петелот, какви звуци прави магарето. За да се разбере значењето на сите такви активности, не е неопходно да се биде експерт или доктор на науки. Превенција во четири чекори Психологот Сабин Дифло објави програма за превенција „во четири чекори“: да не се  вклучуваат екраните наутро, за време на оброк, во детската соба, ниту пред спиење. Таа заедно со уште девет лекари и психолози го потпишаа текстот објавен во „Монд“, по што здравствените власти прифатиле да покренат кампања на државно ниво. До сите лекари и педијатри ќе биде испратена директива според која тие ќе имаат обврска при прегледите на децата да им поставуваат и прашања за екраните во нивните домови. Експертите сметаат дека тоа може да им помогне на родителите да станат посвесни за опасноста што ја носи претераното изложување на малите деца пред екрани. извор:факултети.мк]]>