аудиокултура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 14 Jul 2023 10:54:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png аудиокултура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во понеделник во „Аудиокултура“ промоција на новиот албум „Jailhouse Rock“ на Ване Црнгаров: Македонскиот Елвис со своја верзија на песните на кралот на рокенролот https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ponedelnik-vo-audiokultura-promotsija-na-noviot-album-jailhouse-rock-na-vane-tsrngarov-makedonskiot-elvis-so-svoja-verzija-na-pesnite-na-kralot-na-rokenrolot/ Fri, 14 Jul 2023 06:25:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310310

Во понеделник (17.07.2023) во 12 часот во „Аудио култура“   ќе се одржи промоцијата на новиот албум на Ване Црнгаров, попознат како единсвениот македонски Елвис Присли.Овој албум содржи осум песни од кралот на рокенролот, а е насловен како „Jailhouse Rock“.   Ване во својата музичка кариера Ване има снимено три албуми. Првиот е со македонски фолк песни, од кои тој е автор на повеќето, вториот е со песни од Елвис Присли, како и сегашниот со кавери на познати негови хитови. Втор повод за средба со новинарите е и документарецот насловен како „Сонцето не грее од сите страни“, посветен на неговиот лик и дело. Документарниот филм е финансиран од Ал Џезеира, а ќе биде , премиерно прикажан на 6-ти август, на филмскиот фестивал „Астер фест“ во Струмица. Продуцент на документарниот филм е Дејан Милошевски, режија Глигор Кондовски. Документарниот филм е во продукција на Револушн. Ване не е познат само на македонската јавност, туку и е светски познат како единствениот Македонец, почитувач на делото на кралот на рокенролот Елвис Присли. Во 2007 години учествуваше на единствениот фестивал во родното место на Присли, Тенеси, САД, каде се натпреваруваат артисти од цел свет. Во 2017 година исто така беше единствениот Македонец кој настапи во Лас Вегас, па ќе ви раскаже за средбата со неговата ќерка Лиза Мери Присли во Мелбурн. Ване беше и дел од филмот „Знаење“, во кој главната улога ја толкува Николас Кејџ. Во живо ќе имате можност да ви раскаже за средбите со музичарите од бендот на Елвис, неговиот бодигард, неговата љубовници и други холивудски актери.]]>

Калиопи и Жељко Самарџиќ ја имаа својата македонска промоција на заедничката дует балада „Знам“ во скопска „Аудиокултура“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-i-zhelko-samardhik-ja-imaa-svojata-makedonska-promotsija-na-zaednichkat-duet-balada-znam-vo-skopska-audiokultura-foto/ Tue, 25 Apr 2023 12:45:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299338

По белградската промоција која се одржа на 19-ти април, нашата Калиопи Букле и српскиот пејач Жељко Самарџиќ денес, вторник, 25 април 2023 година точно напладне, во скопскиот аудиобар  „Аудиокултура“ ја имаа и македонската промоција на нивната заедничка песна, дует баладата „Знам“. Пред рекорден број новинари, претставници на медиумите, соработници, пријатели и гости, македонската поп дива и српскиот шармер ја раскажаа својата приказна за 40-годишното пријателство преточено во заедничка песна. Калиопи честа и задоволството да го отвори дружењето со седмата сила му го препушти на својот гостин, секако откако модератоторот на настанот, нопвинарот Иван Беќковиќ претходно ги воведе колегите во промоцијата. Калиопи раскажа дека песната настанала сосема случајно и спонтано, по еден нејзин концерт во Будва, по кој таа и Самарџиќ се слушнале и седнале да се видат и дружат, бидејќи тој со своето семејство бил закотвен во блиското пристаниште во Котор, со својот глисер. Заедничката селфи фотографија му ја испратила на својот некогашен сопруг, а доживотен пријател и соработник Ромео Грил, со пост покрај истата дека „овие двајца чекаат од него заедничка песна“. Ромео тоа го сфатил сериозно и  така од неговата креативна душа и музичка работилница се изродиле стиховите и музиката, кои како што спомена Калиопи, кај неа, а и кај Жељко будат посебни емоции, зашто во нив има дел од нивните животни вистини. Откако заврши говорниот дел, видеоспотот за „Знам“ иако веќе виден, беше уште еднаш пуштен на големиот екран, по што следеше вториот дел од промоцијата во која на двајцата уметници им се придружи авторот Ромео Грил, кој за оваа, како и за белградската прилика беше специјално допатувал од Швајцарија каде што живее. Откако и тој ги евоцираше своите спомени и ги искажа зборовите на задоволство што 40 години соработува со уметник како што е Калиопи, а сега и со Самарџиќ, следуваше заеднуичко фотографирање и новинарските изјави за медиумите на двајцата изведувачи, секој одделно. Промоцијта генерално побуди голем интерес и беше одлично организирана, а бројните ТВ и радио екипи, новинарите од печатените медиуми и порталите со своето бројно присуство ја удостоија македонската поп дива Калиопи која беше добра домаќинка и какоми Жељко, остана долго да разговара со сите нив.    ]]>