Имено, таа благодарение на „Пинковите ѕвездички“ стана позната... И дома, во Македонија и во регионот. Во „ол старс“ сезоната победата за малку и избега од раце, па Антониа иако заврши како второпласирана, на некој начин беше и морална и реална победничка.
Но, дали ќе беше тоа така, дали нејзината кариера потоа ќе се развуваше о саканиот правец, дали воопшто ќе дотуркаше до тука , до каде што е денес, ќе беше големо прашање доколку не го направеше вистинскиот избор, кој се покажа судбински?
Имено, пред воопшто да се појави на „Пинковите ѕвездички“, Антониа имала можност и да се натпреварува и во „Ѕвездите на Гранд“, каде во 2015 година, младата пејачка била на аудициите за двете музички натпреварања.
Антониа во таа 2015 година не го оставила рамнодушен ниту Саша Поповиќ, кој тогаш без двоумење ѝ дал зелено светло Антониа својот талент и дарба да ги покаже и на големата сцена на „Ѕвездите на Гранд“, но сепак, до тоа нема да дојде. Тогаш 14 -годишната русокоса малечка сепак одлучила да се натпреварува во „Пинковите ѕвездички“ и не згрешила.
На социјалните мрежи кружи видео од споменатата аудиција која во 2015 година ја правеше Саша Поповиќ во Скопје за таленти од Македонија, на која можете да го погледнете настапот на Антониа Гиговска на кој уште тогаш стана јасно дека... „ѕвездата е родена“!