атентатот врз киро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Oct 2019 10:05:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png атентатот врз киро – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова е забранетата песна „Атентатот врз Киро“ за која е снимен и видеоспот, кој беше емитуван само еднаш на МТВ и никогаш повеќе! https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-zabranetata-pesna-atentatot-vrz-kiro-za-koja-e-snimen-i-videospot-koj-beshe-emituvan-samo-ednash-na-mtv-i-nikogash-povekje/ Thu, 03 Oct 2019 10:05:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110524

Денеска се навршуваат 24 години од неуспешниот обид за атентат врз македонскиот претседател Киро Глигоров. Тогашната култна рап група „Нулта позитив“ во која членуваа денес познатиот и реномиран македонски композитор и продуцент Дарко Димитров, Дарко Стефановски Мече - денес професор на еден од реномираните универзитети во САД и отец Мето - денс свештеник во една од православните цркви на Балканот, направија песна за настанот насловена „Атентатот врз Киро“, непосредно по атентатот на првиот претседател на независна, самостојна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров. Песната беше визуелизирана и со видеоспот во кој беа користени и документарни автентични видеоснимки и фотографии од  местото на атентатот на Глигоров. И песната и спотот беа само еден единствен пат емитувани во ТВ и радио етерот во тоа време, за веднаш потоа да бидат повлечени во архивата на МРТВ, забранети за емитување и ставени во бункер. Оттогаш па се' до денес, видеото остана „запечатено“ во архивата на националниот сервис, додека верзијата на песната насловена „Атентатот врз Киро“ осамна на Јујуб, каде и денес може да се слушне... Но од спотот, ниту трага ниту глас! Инаку, на денешен ден, 03 октомври  1995 година Глигоров преживеа атентат со тешки повреди на главата, губејќи го едното око. Повреден беше и неговиот телохранител Илчо Теовски, но загинаа неговиот возач Александар Спировски, како и пензионерот Ристо Хаџиманов, кој во 9 часот и 50 минути случајно поминувал на улицата „Македонија“ пред хотелот “Бристол” во Скопје, каде што експлодира паркираниот автомобил - бомба „Ами 8“,  полн со експлозив, активиран со далечински управувач. Во текот на годините се појавија неколку верзии за тоа, кој е нарачателот на атентатот, но како и извршителите и налогодавачите никогаш не беа пронајдени... Како ни видеото за песната „Атентатот врз Киро“, кое никој никогаш повеќе не го пушти во ТВ етерот! https://www.youtube.com/watch?v=XA89l_MSAjA&t=125s]]>