Астерфест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Aug 2022 12:22:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Астерфест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Светлините на астерот“ ќе блеснат во Струмица на 17. „Астерфест“ https://arhiva.vistina.com.mk/svetlinite-na-asterot-kje-blesnat-vo-strumica-na-17-asterfest/ Mon, 01 Aug 2022 12:22:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=261173

Под мотото „Светлините на астерот“, од 5 до 9 август во Струмица ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Лауреат на наградата Астер за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја доби наградата „Златна мечка“ во Берлин. На отворањето на 5 август вечерта ќе биде прикажан блок составен од 7 ексклузивни кратки играни филма: македонскиот „Северен пол“ на Марија Апчевска, црногорскиот „Божилак“ на Александар Вујовиќ, австралискиот „Аjкула“ на Наш Еџертон, данскиот „Во мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен, американскиот „Писмарницата“ на Елвира Линд, иранскиот „Сведок“ на Али Азгари и белгиско-францускиот „Титан“ на Валери Карној. На втората вечер ќе се прикаже блокот со кратки документарни филмови: полскиот „Балконски концерт“ на Дијана и Кжиштоф Кадлубовски, шкотскиот „Поглед на заливот“ на Даниел Кук, косовскиот „Раселени“ на Самир Карахода, молдавскиот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова, како и американскиот оскаровец „Кралицата на кошарката“ на Бен Праудфут. Третата вечер ќе бидат прикажани анимираните филмови: полско-британскиот „Домашар“ на Ева Смик, чешкиот „Мравкин град“ на Марек Напрстек, словенечкиот „Стекџилница“ на Шпела Чадеж, бугарскиот „Вљубени черупки“ на Сливен Димитров, мексиканскиот „Тио“ на Хуан Хозе Медина и данскиот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот. Четвртата вечер е предвидена за проекција на филмот во чест на овогодишниот лауреат, „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак. За затворањето на фестивалот на 9 август ќе има специјална премиера на најновиот македонски документарец „Трн“ на Никола Пијанманов (сценарио) и Столе Ангелов (кинематографер и монтажер). Филмот „Трн“ е суптилна и моќна филмска приказна за актерот и граѓански борец и активист Стојан Велков Трн. Дизајнот на звукот е на Ставро Ангелаков, а во филмот, покрај Трн, учествуваат и Саше Урдовски, Васе Велков, Исидора Велкова и Дејан Ангелов, кој е и уметнички соработник на проектот. Стручното официјално жири на фестивалот е составено од Мими Ѓоргоска-Илиевска, Владимир Перовиќ, Мимоза Рајл и Столе Ангелов. Сите вечерни проекции започнуваат од 20.30 часот, во летниот Амфитеатар во Градскиот парк, а придружните настани ќе бидат во „Европска куќа“ (Europe House) во Струмица. Фестивалот „Астерфест“ е поддржан од Општина Струмица. Извор: Слободен Печат]]>

Јубилејното 15-то издание на „Астерфест“ целосно онлајн, од 28 до 31 август https://arhiva.vistina.com.mk/jubilejnoto-15-to-izdanie-na-asterfest-celosno-onlajn-od-28-do-31-avgust/ Tue, 18 Aug 2020 11:22:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163901

Петнаесетото издание на струмичкиот интернационален фестивал за краток филм „Астерфест“ ќе се одржи целосно онлајн, од 28 до 31 август, со акцент на филмските содржини. Организаторите се одлучија за вакво видоизменето издание соочени со препреките што ги наметна пандемијата, но и заради запазување на континуитетот, со план за враќање на концептот со класичните проекции догодина. Годинашното мото на „Астерфест“ е „Движења, патеки“. Селекцијата е составена од 30-тина кратки филмови од разни страни на светот, но и од македонската продукција. – Во натпреварувачката програма ги имаме добитникот на Оскар, звучни наслови и имиња од Европските филмски награди, БАФТА, Трибека, како и неколку врвни дебитантски дела. Ретроспективната програма опфаќа дел од кратките филмови кои оставиле некаков белег на Фестивалот, а ќе има и три дигитализирани кратки филма од опусот на Бранко Гапо, првиот лауреат на Астерфест во 2006 година, информираат организаторите. На самиот почеток на Фестивалот ќе има кратко обраќање на познатата шкотска режисерка Мораг Меккинон, а потоа со пригодна видеопорака ќе се обрати и режисерот Пиро Милкани, легенда на балканскиот филм, кој е лауреат на престижната награда „Астер“ оваа година, за неговиот монументален филмски опус. Милкани е роден во 1939 година во Корча, студирал на ФАМУ во Прага, а потоа со години работел во Албанија каде снимил голем број играни и десетици документарни и кратки филмови. Филмската програма на „Астерфест“ ќе се емитува од 28 до 31 август онлајн секоја вечер со почеток од 19:30 часот, а филмовите ќе бидат достапни само по една вечер, бесплатно. Пред краткометражните филмски блокови ќе има кратки видеопораки од автори од САД, Мексико, Португалија, Русија, Велика Британија, Аргентина, Бугарија, Романија… Интернационалното стручно жири, кое ќе одлучува за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“, е составено од филмологот Марјан Цуцуи, продуцентката Елени Чандриноу и режисерот Горан Радовановиќ. Сите насоки, упатства и програмски термини за онлајн прикажувањата ќе бидат наведени на веб-страницата www.asterfest.com, како и на Фејсбук страната на „Астерфест“. (MИА)]]>