асом – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Nov 2023 15:58:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png асом – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Евроамбасадорот Гир ја потврди злоупотребата на европското знаменце со кој се турка и Законот за игри на среќа https://arhiva.vistina.com.mk/evroambasadorot-gir-ja-potvrdi-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse-so-koj-se-turka-i-zakonot-za-igri-na-sreka/ Thu, 09 Nov 2023 15:58:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326274

На денешната прес-конференција евроамбасадорот Гир потенцираше дека во контекст на Собранието извештајот забележува прекумерна и некогаш несоодветна употреба на забрзаните процедури, повикувајќи на основното начело дека ЕУ знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е да се усогласат со ЕУ нормите и стандардите, а не да се скрати дебатата за важни прашања. Длабоко сме загрижени што и покрај апелите од Европската Унија да не се врши злоупотреба на европско знаменце за скратување на дискусија при носење важни закони праксата во нашата држава продолжува и тоа за предлог Законот за игри на среќа кој ќе и нанесе непоправливи штети на нашата земја. Слична беше препораката и во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија за 2022 година каде се истакнува дека „Потребно е правилно планирање и консултации за да се ограничи употребата на скратени постапки за да се овозможи ефективна контрола и разгледување на законодавството“, но властите во нашата земја за жал остануваат глуви на препораките кои не се во нивна корист. Иако ЕУ во Извештајот за напредокот на Северна Македонија објавен во 2021 година, забележа дека „Суштинските закони се носат по скратени процедури и со знамето на ЕУ што го скратува рокот за дебата“, државата упорно продолжува да го турка предлог Законот за игри на среќа кој ќе остави катастрофални последици за целото општество со тоа што повеќе од 10.000 директно вработени и 54.000 индиректно поврзани граѓани со индустријата ќе останат без приход и работа, а државниот буџет без повеќе од 280 милиони евра. Посочуваме и дека евроамбасадорот Гир на почетокот на годината кога АСОМ се обрати за поддршка од ЕУ, јасно апелираше дека европското знаменце треба да се употребува само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се користи за да се избегне јавната дебата при носењето на важни закони. Нашата Асоцијација во повеќе наврати истакна дека Законот за игрите на среќа и забавните игри не подлежи на обврска за усогласување со донесена ЕУ Директива. Членките на Европската унија немаат усогласено и донесено Директива која е правно обврзувачка за членките на Унијата и која истовремено ќе преставува обврска за пристапните членки на ЕУ да ја транспонираат таа директива во сопственото законодавство. Бараме Владата да ја послуша јасната порака која доаѓа од Европската Комисија и да престане со деструктивни чекори да ја уништува иднината на државата. Како Асоцијација бараме и итно повлекување на предлог Законот за игри на среќа кој насилно се турка со европско знаменце.]]>

По низата скандали, итно бараме да се поништи незаконскиот јавен повик на Државна лотарија за приредување на онлајн игри на среќа https://arhiva.vistina.com.mk/po-nizata-skandali-itno-barame-da-se-ponishti-nezakonskiot-javen-povik-na-drzhavna-lotarija-za-prireduvane-na-onlajn-igri-na-sreka/ Wed, 08 Nov 2023 12:03:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325994

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) итно бара да се поништи јавниот повик на Државна лотарија за основање на три трговски друштва за приредување на онлајн игри на среќа, бидејќи истиот ќе ја доведе во прашање егзистенцијата на постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. По објавените скандали во медиумите за работата на Државна лотарија и влезот на Финансиската полиција во ова акционерско друштво за приредување на игри на среќа, се потврдија нашите предупредувања, дека тендерите на Државна лотарија се незаконски и дека зад нив се кријат владини интереси. Овој јавен повик го спориме од самиот почеток бидејќи беше донесен тајно и на мала врата, комплетно нетранспарентно и беше очигледно дека е креиран и веќе договорен за странски компании. Во повикот на кој не учествуваше ниту една членка на АСОМ се бараше искуство во приредување интернет игри на среќа во период од најмалку 3 години од денот на поднесување на понудата, искуство од најмалку 8 години во развој, поддршка и маркетинг на интернет платформа за игри на среќа и содржини на игри во две држави во Европа од кои една на Балканот и 40 милиони евра приход само од интернет игри на среќа. Повеќе од јасно беше дека овој повик е наменет за странски договорени компании бидејќи државата веќе десет години ги дискриминира домашните компании и не им дозволува да организираат игри на среќа на интернет, преку неносење на подзаконските акти кои ги пропишува постоечкиот закон. Дополнително, физибилити студијата со која се правда потребата за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа беше откриено дека е потпишана од неовластен проценувач, што уште еднаш докажува дека се работи за нерелевантен документ, за кој очекуваме да реагираат надлежните институции. Објавените информации во медиумите за наместените тендери на Државна лотарија ја потврдија нашата теза дека новиот предлог Законот за игри на среќа се турка во Собрание за да се направи обид  да се озакони незаконскиот тендер на Државна лотарија, во услови на низа неправилности во Државна Лотарија, кога Финансиската полиција го чешла нејзиното работење. Сега веќе целосно излезе на виделина дека новиот предлог Закон за игри на среќа и незаконската Владина одлука за основање на три нови друштва за приредување на интернет игри на среќа крајна цел е преземање на Владата на бизнисот со игри на среќа, а не заштита на малолетниците како што тоа се претставува во јавноста. Токму затоа итно бараме пратениците да го отфрлат новиот предлог Закон за игри на среќа кој ќе значи крај на легалната индустрија на игри на среќа и инсистираме да се вклучат сите засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата. Јасно истакнуваме дека нема да дозволиме Владата да изврши упад во бизнисот со игрите на среќа и да затвори една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра и вработува над 10.000 лица. Веруваме дека надлежните институции професионално ќе ја завршат својата работа и дека на виделина ќе излезе вистината за незаконското работење на Државна лотарија кое нанесува штета на целата држава.]]>

АСОМ со писмо до пратениците: Заштитете го сопствениот народ, не работете во корист на скриени владини интереси https://arhiva.vistina.com.mk/asom-so-pismo-do-pratenitsite-zashtitete-go-sopstveniot-narod-ne-rabotete-vo-korist-na-skrieni-vladini-interesi/ Tue, 31 Oct 2023 09:55:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324644

Кажете СТОП на неевропскиот и неуставен предлог Закон за игри на среќа и заштитете го сопствениот народ, порача Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во писмото кое го упати до пратениците од Комисијата за европски прашања.
„Предупредуваме дека овој закон ќе донесе катастрофални последици за целото општество со тоа што повеќе од 10.000 директно вработени и 54.000 индиректни работници ќе останат без приход и работа. Станува збор за ваши сограѓани чија поддршка во изборниот процес сите ја баравте ветувајќи подобри услови за живот во нашата земја. Сега овие луѓе кои плаќаат кредити, ја планираат својата иднина и иднината на своите деца, ќе бидат оставени без приходи во време на инфлација и економска криза.“- истакнува АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата посочува дека новите предлог- измени ќе предизвикаат непоправливи економски штети за целата држава бидејќи ќе придонесат за затворање на една важна индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од над 280 милиони евра. Се истакнува дека апсолутно се неприфатливи предлог измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и надоместоците.
„Веруваме дека и самите вие сте свесни дека местото на овој закон не е во Комисијата за европски прашања и дека се прави сѐ овој неевропски закон насила да се избутка. Дека нашиот став е издржан и правилен укажува и фактот што вие како Комисија за европски прашања при Собранието на РСМ во заклучокот од одржаната седница по предлог текстот на законот му укажувате на Собранието посебно да го оцени аспектот за усогласеноста со ЕУ легислативата.“- потенцираат од АСОМ.
Од АСОМ посочуваат дека Собранието на РСМ нема преземено обврска за усогласување со препораките на ЕУ, па од таа причина означувањето на предлог текстот на законот со ЕУ знаменце е со целосна спротивност и со усвоените акти на Собранието за преземената обврската за усогласување со ЕУ легислативата.
„Ве повикуваме вас како Комисија за европски прашања да ги заштитите граѓаните на оваа земја и да го отфрлите овој закон кој е фатален, ја стимулира сивата економија и поттикнува криминални активности, што се покажа како пример во нашето соседство. Живееме во демократска земја во која на недемократски начин насилно се турка предлог законот кој е создаден без дебата и без консултација со претставниците на игри на среќа, далеку од очите на јавноста без да се земе во предвид мислењето на експертите и познавачите на индустријата. Немојте да бидете дел од овој заговор и немојте да поднесете одговорност за донесувањето на закон кој не е во корист на нашата земја.“- велат од АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата предупредува дека овој закон веднаш штом ќе стапи на сила ќе донесе катастрофални последици за вработените во индустријата на игри на среќа, и ги повикува пратениците да не бидат заложници на нечии интереси, да реагираат на време и да ги заштитат граѓаните кои им ја доделиле сопствената доверба.
„Во повеќе наврати повторивме дека бараме итно повлекување на законот, формирање на заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење на нов европски и функционален закон, но наидовме на молк.“- истакнуваат од АСОМ.
АСОМ во писмото јасно посочува дека нивен интерес е самата индустрија да напредува, играчите и малолетниците да се заштитени и едуцирани, а легислативата да се европеизира.
„Апелираме до вас да имате слух за нашите барања и вашата одлука во врска со овој закон да ја донесете врз база на факти, раководејќи се од поривот да направите добро за граѓаните кои ги претставувате, а не да работите во корист на скриени владини интереси.“
Асоцијацијата во писмото потсети на нивниот предупредувачки собир пред Собранието преку кој покажува колку се сериозни во своите намери да се спречи носењето на штетниот предлог закон.]]>

АСОМ: Анализата на РСЕ ги потврди нашите предупредувања дека тендерите на Државна лотарија се незаконски https://arhiva.vistina.com.mk/asom-analizata-na-rse-gi-potvrdi-nashite-predupreduvana-deka-tenderite-na-drzhavna-lotarija-se-nezakonski/ Fri, 20 Oct 2023 11:47:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323281

Точно пред две недели стоејќи пред Владата предупредивме дека Државна лотарија ја спинува јавноста пласирајќи неточни информации во своја корист. Нашите ставови ги потврди и истражувањето на Радио Слободна Европа која е независна медиумска компанија, која добива грант од американскиот Конгрес и е должна според американскиот закон, да обезбеди објективно и професионално новинарство, засновано врз факти. Истражувањето на Радио Слободна Европа докажа дека дел од тендерите на Државна лотарија ги добиваат компании блиски на владеачката гарнитура, што дополнително ги потврди нашите тврдења дека владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е незаконска и дискриминирачка, а повикот на Државна лотарија е веќе договорен за странски компании. Ние ја предупредивме јавноста дека зад информациите кои ги пласира Државна лотарија стојат владини интереси, како и дека тенденциозно се објави информацијата дека повеќе од 10 домашни компании подигнале документација за наместениот тендер за избор на правни лица заради доделување договор за заедничко вложување во интернет игрите на среќа во коишто доминантно учество со 51 % ќе има Државна лотарија, и истакнавме дека ниту една членка на АСОМ нема да учествува на незаконскиот тендер. Анализата откри уште една манипулација на јавноста од страна на Државна лотарија која во соопштение испратено до сите медиуми се фалеше дека бележи раст во работата, што истражувањето докажа дека е неточно и уште еднаш ја доведе во прашање релевантноста на информациите кои Државна лотарија ги објавува. Податоците кои ги видовме во истражувањето на РСЕ се уште една силна причина зошто ниту една членка на АСОМ и ниту една домашна компанија нема да се јави на незаконскиот тендер за избор на приредувачи на игри на среќа преку интернет. Јасно се гледа дека и тој тендер е однапред договорен за 3 компании, како и сите други тендери на Државна лотарија. Ова повторно ја потврди нашата теза дека новиот предлог Законот за игри на среќа се турка во Собрание за да се направи обид  да се озакони незаконскиот тендер, посебно во услови кога излегуваат на виделина низа скандали во Државна Лотарија. Повеќе од јасно е дека со донесување на новиот предлог Закон за игри на среќа и со незаконската Владина одлука за основање на три нови друштва за приредување на интернет игри на среќа крајна цел е преземање на Владата на бизнисот со игри на среќа, а не заштита на малолетниците како што тоа се сервира во јавноста. Токму затоа остануваме на нашиот став и без исклучок бараме:
  • Пратениците да го отфрлат новиот предлог Закон за игри на среќа кој ќе значи крај на легалната индустрија на игри на среќа.
  • Да се поништи незаконската владина одлука која претставува сериозна закана за домашните лиценцирани приредувачи на игри на среќа.
  • Итно да се вклучат сите засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата.
  • Да се донесат подзаконските акти кои цела деценија се држат во фиока за домашните компании согласно актуелниот закон да може да приредуваат игри на среќа и реално да се либерализира пазарот.
Ние и нашите вработени нема да стоиме и да гледаме како Владата врши упад во бизнисот со игрите на среќа свесно ставајќи клуч на врата на една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра и вработува над 10.000 лица. Доколку Владата продолжи да го турка овој штетен закон насила и остане индиферентна на нашите апели подготвени сме да излеземе на масовни протести.]]>

АСОМ: Подготвени сме за масовни протести и борба за нашите права и егзистенција https://arhiva.vistina.com.mk/asom-podgotveni-sme-za-masovni-protesti-i-borba-za-nashite-prava-i-egzistentsija/ Thu, 05 Oct 2023 12:34:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321304

Доколку Владата остане глува на нашите апели подготвени сме да излеземе на масовни протести со цел да се бориме за нашите права и егзистенција, порачаа од Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) на денешната прес-конференција пред Владата на РСМ. Асоцијацијата пред Владата уште еднаш јавно го повтори својот став дека владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е незаконска и дискриминирачка за домашните лиценцирани компании и ги истакна своите барања.
„Без исклучок бараме: да се донесат подзаконските акти кои цела деценија се држат во фиока за домашните компании согласно актуелниот закон да може да приредуваат игри на среќа и реално да се либерализира  пазарот, да се поништи незаконската владина одлука која претставува сериозна закана за домашните лиценцирани приредувачи на игри на среќа и итно да се вклучат сите засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата.“- порача претседателот на АСОМ Васко Илијевски.
АСОМ информираше дека поседува информација дека на Комисијата за европски прашања во Собранието насила ќе се обиде да се истурка новиот предлог Закон за игри на среќа, кој значи крај на легалната индустрија на игри на среќа, што во никој случај нема да го дозволи.
„Нема да стоиме мирно и да гледаме како Владата врши упад во бизнисот со игрите на среќа свесно ставајќи клуч на врата на една легална индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од 280 милиони евра и вработува над 10.000 лица.“- истакна Илијевски.
Стоејќи пред Владата од Асоцијацијата јавно потврдија дека ниту една членка на АСОМ, Асоцијација во која членуваат над 95 проценти од претставниците на обложувалниците во земјава нема да учествува на незаконскиот однапред договорен тендер кој го објави Државна лотарија за избор на правни лица заради доделување договор за заедничко вложување во интернет игрите на среќа во коишто доминантно учество со 51 % ќе има Државна лотарија.]]>

АСОМ: Со сите механизми ќе ги спречиме штетните одлуки за отворање на нови три онлајн компании на државата https://arhiva.vistina.com.mk/asom-so-site-mehanizmi-ke-gi-sprechime-shtetnite-odluki-za-otvorane-na-novi-tri-onlajn-kompanii-na-drzhavata/ Sat, 30 Sep 2023 13:05:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320510

Силна осуда за Владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, изрази Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) на вчерашниот брифинг со новинарите. Според Асоцијацијата одлуката ќе ја доведе во прашање егзистенцијата на постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. Станува збор за сериозни работодавачи со над 10 илјади вработени, кои плаќаат данок на државата од околу 280 милиони евра годишно и придонесуваат за општеството.
„Проблемот лежи во тоа што Министерството за финансии од 2014 година ги нема донесено подзаконските акти, без кои во пракса не можеме да приредуваме игри на среќа преку интернет. Вие ја следите нашата борба многу одамна. Со години бараме од Владата да ги донесе тие акти и тие упорно не ги носат, што е незаконски, и не спречуваат да организираме игри на среќа на интернет кои се всушност истите игри на среќа кои и сега ги приредуваме.“- вели Васко Илијевски, претседател на АСОМ .
Од АСОМ објаснуваат дека постоечкиот закон овозможува легалните приредувачи кои се на пазарот да организираат игри на среќа на интернет, а Владата и Министерството за финансии незаконски не ги донесуваат подзаконските акти цели 9 години, иако министерот за финансии бил должен да ги донесе за 6 месеци. Тие потенцираат дека одлуката која Владата три месеци ја криеше е незаконска.
„Државната лотарија се повикува одредбите на член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри. Овој член не пропишува постапка и начин како и услови и критериуми за избор на приватен партнер. Преку овој повик јасно се гледа дека се прекршува Законот за игрите на среќа и забавните игри при што без прецизни законски услови и дефинирани критериуми се избираат приватни партнери. Ова е незаконски и намерно направено за тие да може да си изберат кого сакаат.“- објасни Илијевски.
Според АСОМ станува збор за смислено сценарио односно, договорена работа, наменета за странски однапред договорени компании, посочувајќи дека државата прво ги дискриминирала и не им дозволувала да приредуваат интернет игри на среќа, а сега како услов бара да имаат искуство во тоа што јасно укажува дека партнерите се веќе договорени и ги исполнуваат токму наведените специфични услови во јавниот повик. Тие најавија дека нема да отстапат се додека повикот не се поништи.
„Бараме да се поништи повикот кој е незаконски и дискриминирачки, да се донесат подзаконските акти кои со години се држат во фиока и реално да се либерализира пазарот и итно да се вклучат сите засегнати страни во креирање на сите следни одлуки поврзани со индустријата. Срамно, неевропски и недемократски е да се носат закони со кои се уништува гранката без никаква консултација со домашните компании. “ – истакна Илијевски.
Од АСОМ порачаа дека ќе ги преземат сите правни механизми за да ја докажат незаконитоста на владината одлука, најавувајќи дека доколку нивните апели бидат игнорирани тие се подготвени своите права да ги бараат преку протести, бидејќи оваа одлука сериозно ја загрозува егзистенцијата на сите вработени во оваа дејност.]]>