Асоцијацијата на Ивент индустријата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Oct 2020 12:40:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Асоцијацијата на Ивент индустријата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП најостро реагира на последните случувања во дел од угостителските објекти https://arhiva.vistina.com.mk/asocijacijata-na-ivent-industrijata-ivap-najostro-reagira-na-poslednite-sluchuvanja-vo-del-od-ugostitelskite-objekti/ Mon, 05 Oct 2020 12:39:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170064

Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП најостро реагира на последните случувања во дел од угостителските објекти каде очигледно и бескрупулозно се кршат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19.
Прашуваме, како е возможно да се дозволат овие музички настани, зошто не се спречени за да се намали евентуално ширење на вирусот туку отпосле се пишуваат казни и се поднесуваат кривични пријави за кои никој од нас не знае дали имаат завршница?
Дали Владата е свесна дека со премолчувањето и несанкционирањето на ваквите појави директно влијае на уништување на цела една индустрија во државава, а тоа се организаторите на настани, промоторите, културните работници?
Зошто Владата и надлежните доволуваат за некого да се мајка а за некого маќеа?
По кој член од протоколот за организација на настани работат угостителските објекти?
Зошто на културните настани е дозволено само седење и со 30% исполнетост на капацитетот а во угостителските објекти овие правила не важат?
Имаме право, како Асоцијација да знаеме како се исплатени хонорарите на странските артисти кои настапуваа изминатиов период и дали и каде е платен персоналниот данок?
Дали се пријавуваат влезници за настаните и дали за нив е платен ЗАМП од 10%?
Дали и како се продаваат влезници и дали за нив е платен ДДВ од 18%
Дали и колку се издаваат фискални сметки на пијалоците за времен на овие настани?
Дали угостителскиот сектор, кој Владата го декларираше како најзагрозен станува најзагрозувачки?
Уште од почетокот на кризата нашиот сектор беше конструктивен партнер во изнаоѓање на решенија за излез од кризата и иако најголем дел од компаниите се на чекор пред затворање, ние сепак ги вложуваме последните сили да преживееме и тоа со минимална помош од државата а притоа почитувајќи ги протоколите за работа.
За жал ниту едно од нашите барања во пресрет на 4 пакет мерки не ни беше усвоен ниту пак беа земени пред вид нашите предлози за ублажување на последиците од кризата во овој сектор.
Бараме веднаш да се стави ред во работењето на угостителскиот сектор, да се сакнционираат прекршителите на протоколите а идните вакви или слични настани да се превенираат пред да се случат.
Уште еднаш јасно напоменуваме – угостителските објекти не се место за концерти, не се безбедно место ниту за персоналот ниту за гостите. Угостителите не се организатори на настани ниту промотори. Тие имаат своја дејност и начин за заработка, ние ги имаме само настаните!
И на крајот, бараме од Владата, медиумите и целата јавност да не ја стигматизира индустријата за организација на настани.
Доколку во наредниот период не се санкционираат и уште поважно не се спречат ваквите појави ќе бидеме приморани да превземеме радикални чекори во заштита на нашата професија и дејност!
Со почит,
ИВАП
 ]]>

Асоцијација на Евент Индустрија бара средба со Владата: 20.000 луѓе 70 дена се без никаков приход и можност за работа или ангажман https://arhiva.vistina.com.mk/asocijacija-na-event-industrija-bara-sredba-so-vladata-20-000-lugje-70-dena-se-bez-nikakov-prihod-i-moznost-za-rabota-ili-angazman/ Fri, 15 May 2020 12:39:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149899

Компаниите од секторот за организација на настани (Организација на настани од секаков вид, Рентал компании, Видео, ТВ и филмски продукции, Аудио продукции и Техничка поддршка на настаните) речиси 70 дена се оневозможени да ја обавуваат својата основна дејност, односно од 28 февруари кога се донесе препорака за неодржување на јавни собири а подоцна и забраната за истите со Уредба. Тоа се 70 дена без никаков приход и прилив, без можност за било каква работа или ангажман, стои во соопштението на компаниите од овој сектор кое го испратија до медиумите.
Тие потенцитраат дека неколку пати се обиделе да го свртат вниманието на Владата кон овој сектор, но не наишле на разбирање или отворност за соработка. Го пренесуваме во целост нивното соопштение.
Доставено до: Оливер Спасовски – Премиер на РСМ Нина Ангеловска – Министерка за финансии Мила Царовска – Заменичка на премиерот на РСМ за економски прашања Крешник Бектеши – Министер за економија Венко Филипче – Министер за здравство ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ ЗА СРЕДБА Почитувани, Ви се обраќаме од името на Асоцијацијата на Ивент индустријата. Овој сектор опфаќа фирми кои се занимаваат со Организација на настани од секаков вид, Рентал компании, Видео, ТВ и филмски продукции, Аудио продукции и Техничка поддршка на настаните. Дел од нашите членки постојат повеќе од 25 години на овој пазар, а зад нив стојат најголемите и најважни настани во државата од осамостојувањето до денес. Со забрана за одржување на јавни собири ние сме без можност да остваруваме било каков приход уште од 28 февруари. Ги следиме мерките, следиме новости, гледаме прес конференции, се издвојуваат загроени сектори или сектори кои се со нула приходи, но ниту еднаш не го слушнавме нашиор сектор. Во регионот и во светот, евент индустријата е препознаена, особено како креативна индустрија, и се носат сериозни мерки за нејзина поддршка, која во суштина заедно со туризмот ќе биде најголемиот губитник од пандемијата. Сакаме да напоменеме дека нашите компании се буквално со 0 денари приход на своите сметки. Ние немаме ниту луксуз да остваруваме приход со онлајн нарачки или со шалтерско работење. Можеби не сме голема индустрија по број на компании и број на вработени, но прометите и обртите што се прават во овој сектор како и висината на обврските кон државата не се за занемарување. Дополнително, според светските статистики, кои се многу слични и кај нас, речиси 75% од вработените се со договор на дело, заради природата на нашата работа која подразбира ангажман на голем број на потсектори, индустрии и физички лица како што се: актери, музичари, водители, преведувачи, фотографи, сликари, дизајнери, костимографи, сценографи, светло мајстори, кастинг агенции, печатници, хотели, кетеринг служби и ресторани, агенции за обезбедување, превозници, печатници, програмери, техничари, енергетичари, бравари, столари, имногу други. Бројот на луѓе кои егзистираат или имаат дополнителна заработка од нашиот сектор е многу голема и достигнува и до 20.000 луѓе. Почитувани, безмалку 70 дена нашите фирми не работат и немаат никаков приход. Како одговорни граѓани целосно и без поговор ги почитувавме сите мерки. Но, како стопанственици, сме сериозно загрижени. Во прашање е опстанокот на нашите бизниси. Особено што немавме можност досега да слушнеме ниту најава за план за наше пуштање. Затоа, бараме итна средба со вас, на која би се разгледале можностите за преживување на индустријата. На средбата би се разгледале можностите и термините за релаксирање на меркитево нашата дејност а ќе ви доставиме и наши конкретни предлози за подобрување на нашата состојба. Веруваме дека заеднички можеме да најдеме квалитетни решенија со кои би ја спасиле нашата дејност а притоа би го заштитиле јавното здравје. Отворени сме за состанок на датум и во време кое вие ќе го прецизирате. Со почит, Асоцијација на Евент Индустрија