АrtArea – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 15 May 2021 07:48:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png АrtArea – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Четврто издание на книжевниот фестивал „АртАреа“ во „Буква“ https://arhiva.vistina.com.mk/chetvrto-izdanie-na-knizevniot-festival-artarea-vo-bukva/ Fri, 14 May 2021 05:45:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202533

Во организација на издавачката куќа „Бегемот“ оваа година во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи четвртото издание на книжевниот фестивал „АртАреа“, кој ќе трае три дена. Викендов, од 14 до 16 мај 2021 год. во „Буква“ ќе може да се проследат изложби, книжевни (видео) промоции, базар на ракотворби, поетско читање, музички настапи и филмски проекции. Фестивалот почнува денеска, петок, 14 мај, со изложбата на фотографии од Јелена Белиќ, која ќе се отвори во 12 часот попладне. Во 18 часот ќе започне видеопромоцијата на романите „Пансион“ од Пјотр Пажињски (Полска) и „Чекајќи го Боџенглс“ од Оливие Бурдо (Полска), додека во 20 часот ќе започне промоција на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски (Наше маало, Бегемот), чиј промотор ќе биде Владимир Мартиновски. Во сабота, на 15 мај, програмата започнува повторно во 12 часот попладне со базарот на ракотворби организиран од македонското студентско етнолошко друштво и Социјално претпријатие „Еснаф“. Во 18 часот ќе започне промоцијата на збирката патеписи и репортажи „Непозната Македонија“ од Васко Марковски, а промотерка ќе биде Александра Јуруковска. Во 20 часот ќе започне музичкиот настап на вокалниот-иструментален состав „Тркалезна маса. Ангеловска, Д. Арнаудов, П. Атанасова, И. Дамјановски, Д. Данов, И. Јовановска, Б. Трајкоска, И. Улчар, Љ. Шопова, В. Марковски. За третиот ден од фестивалот, програмата предвидува содржина за деца од „Сказнувалка“ и „Звуци“. Во 12 часот ќе бидат промовирани книгите за деца „Антон нурка“ од Милена Баиш (Германија) и „Забрането е да се чита Луис Карол“ од Диего Арболеда (Шпанија). Во 18 часот ќе се одржи филмска проекција на филмот „Зикр – дервишкиот верски обред во Скопје“ кој ќе биде проследен со разговор со Амет Селим, шејх во рифаискиот тарикат и главен протагонист во филмот, Филип Јорданов, етнолог и снимател и Виктор Трајановски, етнолог и автор на филмот. Потоа е предвидена проекција на македонски кратки играни филови од 2019/2020 година – „Ќе му се јавам на татко ти“ од Леон Ристов, „Farmer’s Blues“ од Ибер Деари, „Вера“ од Верица Недеска и „Без љубов“од Дина Дума.]]>

Tрето издание на интермедијалниот фестивал „АrtArea“ https://arhiva.vistina.com.mk/treto-izdanie-na-intermedijalniot-festival-artarea/ Wed, 22 Jan 2020 13:43:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130464

Од 24 до 26 јануари во Кино Култура ќе се одржи третото издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“, во организација на издавачката куќа Бегемот. „ArtArea“ цели кон воспоставување жива платформа за поврзување и дијалог меѓу авторите во различните културни домени и тенденции, спојувајќи ги во богата културна програма за време на три фестивалски дена. „Истовремено, програмата сака да овозможи средба и спојување на сегментираната публика што ја генерираат прилично атомизираните области на културата. Во таа смисла, фестивалската заложба е да се обогати, но и да се преиспита значењето на современите културни практики. Со ова, проектот како свои клучни приоритети ги поставува културната интегративност и творечката интермедијалност, кои се покажуваат како нужни предуслови за развивање новаторска, богата и добро вмрежена култура“ - велат организаторите.
]]>