артан груби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 14 Oct 2023 08:17:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png артан груби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Анализа: Владата сама себе си прави конкуренција со нови три компании во услови кога веќе има монопол https://arhiva.vistina.com.mk/analiza-vladata-sama-sebe-si-pravi-konkurentsija-so-novi-tri-kompanii-vo-uslovi-koga-veke-ima-monopol/ Thu, 12 Oct 2023 05:30:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322016

Во оваа анализа се вели дека бранејќи се од нападите од ВМРО-ДПМНЕ и од албанската опозиција кои го обвинуваат за отворање на нови три компании кои ќе организираат игри на среќа на интернет, Артан Груби вели дека тоа е „демонополизација на игрите на среќа“ што според познавачите на состојбите во индустријата во најмала рака е потценувачко. Според упатените во проблематиката демонополизација би значела либерализација на пазарот на онлајн игри на среќа при што сите лиценцирани компании кои приредуваат вакви игри би можеле покрај објектите за таканаречено „земско обложување“ да приредуваат и игри на среќа на интернет. На либерализираните пазари во Европа секоја компанија под одредени услови може да организира игри на среќа. Ваков е законот во речиси сите земји од Европската Унија. Либерализација подразбира слободен пазар и еднакви услови за приредувачите, нешто што не може да се спореди со она што го прави Владата со потпис на Груби. Анализата појаснува дека во моментот, Владата преку партнерство со Аустриа Казинос во компанијата „Државна Видеолотарија на Македонија“ е единствен приредувач на игри на среќа на интернет преку платформата 2win.mk. Владата е сопственик 51% во оваа компанија, a 49% приватниот партнер, што значи дека Владата, од која е дел Груби, има монопол врз игрите на среќа на интернет. Познавачите велат дека со тоа што Владата распиша оглас за три нови компании кои заедно со неа на ист начин, преку партнерство од 51% од страна на Владата во секоја од компаниите, ќе приредува игри на среќа, практично, Владата сама на себе си прави конкуренција со нови три компании во услови кога веќе има монопол преку ДВЛМ и платформата 2win.mk. Во објавата се потсетува дека иако домашните компании со години бараа либерализација на пазарот по европски терк, Министерството за финансии повеќе од девет години не ги носи подзаконските акти на Законот за игри на среќа со кои, де факто, сите лиценцирани приредувачи ќе можат да приредуваат игри на среќа на интернет и пазарот ќе се либерализира. Она што Груби се обидува да го направи не е демонополизација на пазарот, туку преземање, е заклучокот на познавачите на индустријата на игри на среќа.
- Она што всушност сака Груби да го направи е внесување на нови компании кои ќе ги „има под свое“ во компанија каде тој, односно Владата имаат 51% сопственост. Како ќе оди изборот на овие компании може лесно може да се претпостави. Груби постави низа блиски соработници на челните позиции во новата видео лотарија која го распиша огласот за новите три нови компании за игри на среќа на интернет. Асистентот од Собранието на Груби додека беше пратеник, Перпарим Бајрами, е директор на оваа нова лотарија, Артин Спахиу, претседател на огранокот на ДУИ во Дебар е член на Надзорен одбор во Нова државна видеолотарија, а Хавуше Лесковица Исмаиљи, која е шеф на кабинет на вицепремиерот Артан Груби е член на Надзорен одбор на новоформираната Државна видео лотарија. Покрај овие лица на раководни позиции во новата лотарија се и други лица кои се директно поврзани со Артан Груби. – посочуваат познавачите на индустријата во објавената анализа.
]]>