арт продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Oct 2022 07:29:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png арт продукција – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32  „Фокус бенд“ со необична музичка приказна за една мома, а во неа вљубени – „Двајца браќа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fokus-bend-so-neobichna-muzichka-prikazna-za-edna-moma-a-vo-nea-vljubeni-dvajca-brakja-video/ Fri, 28 Oct 2022 07:28:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273187

„Оди брате ноќва земи ја, што подалеку однеси ја. Кај и да сте, среќни да сте, да не ве гледам...“ – се дел од стиховите на најновата песна со наслов „Двајца браќа“ на фолк-групата „Фокус бенд“, кои пред неколку дена ја промовираа на социјалните мрежи. Станува збор за песна со која тие се претставија на овогодинешниот „Прилеп фолк-фест“, а како автори на неа се потпишува добро познатиот тандем, Борче Нечовски текст и музика и аранжман Дејан Момироски. „Композицијата е сентиментална и говори за двајца браќа кои засакале една иста девојка, но да не откриваме се, нека ја слушнат цела песна. Искрено се надеваме и веруваме песната ќе и се допадне на публиката и ќе допре до нивните срца“ – истакнаа момците од бендот. Инаку за оваа песна тие снимија и видеоспот во режија на „Арт продукција“ и тоа на неколку одлични локации. Едната е езерото Козјак, додека другата е селото Павлешенци. Покрај членовите на  бендот, во видеосзаписот се појавуваат и децата од фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“. „Фокус бенд“ не застанува тука. Тие најавуваат нови прокети во иднина, а покрај многубројните настапи, тие за следната година ја најавуваат и турнејата, за која допрва ќе откријат повеќе детали. Погледнете го спотот за најновата песна на „Фокус бенд“ во која е вткаена необична приказна за една мома, а во неа вљубени - „Двајца браќа“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Младиот фолк-пејач Живе Мешуревски има само една желба, што ја преточи во песна – „Да си моја“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mladiot-folk-pejach-zive-meshurevski-ima-samo-edna-zelba-shto-ja-pretochi-vo-pesna-da-si-moja-video/ Tue, 15 Dec 2020 11:59:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180960

Ако светот е на пауза, музиката не е... не барем за оние што ја создаваат и изведуваат, а такви има и кај нас. Како младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, кој ја промовираше неговата најнова песна – „Да си моја“. Музичката индустрија е можеби една од најпогодените гранки во светот поради пандемијата со корона-кризата која трае скоро една година, но и во такви услови, музичарите не престанаа со музицирање. Еден од нив е ѝ младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, на кого многумина му предвидуваат блескава музичка кариера. Тој и покрај кризата од коронавирусот, перидов работеше на неговиот најнов музички материјал од кој произлезе темата со наслов „Да си моја“ и тоа повторно со најдобрата екипа: Борче Нечовски текст и Дејан Момировски музика и аранжман. Како солисти во новата песна на Живе се појавуваат, врвниот хармоникаш Мишел Трајковски и Демир Кантуровски на труба.     „Долго работевме на оваа песна. Сакавме да биде нешто навистина квалитетно и воопшто не се брзавме кога ќе ја објавиме. И така светот е во изолација, па така времето беше на наша страна. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа моја нова песна, бидејќи навистина дадовме се од себе“ – вели Живе, кој за 2021 година се надева дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе може да настапува и да се дружи со публиката. За новата песна Живе сними и прекрасен видеоспот, каде покрај него се појавува и убавата манекенка од модното студио „Моделс Ин“ – Бубе Неткова, а пак спотот го изработи „Арт продукција“. „Задоволен сум од тоа како излезе спотот, девојката одлично глумеше, снимавме во еден хотел во Скопје и на неколу локации во Битола“ – дополни младиот музичар. Инаку за тие што не знаат, Живе студира соло оперско пеење  на Факултетот за музичка уметност во Скопје.     Проследете ги песната и видеото и уживајте и во ова парче домашна музика: https://www.youtube.com/watch?v=QUn7bEW5oI8  ]]>

Јордан Митев уште еднаш – „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-ushte-ednash-nazdravi-za-ljubov-nazdravi-za-srekja-video/ Wed, 27 Mar 2019 12:17:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79637

Фолк пејачот Јордан Митев деновиве го промовираше неговото најново видео за темата „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, песна која е вистински хит во нашата земја и особено кај нашинците надвор во дијаспората.
Едноставно, песна во која се пронаоѓаат сите генерации, а самиот Митев е комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот, додека истата е снимана во скопското студио „Анастасија“, под продуцентската палка на Љупчо Павловски. Инаку видеоспотот го изработила  „Арт продукција“, а снимањето се одвивало во родниот град на пејачот, Радовиш.
Ова е една од ретките новосоиздадени фолк теми, која има и атрибути на популарност, но во себе содржи квалитет и издржаност, па затоа има и од самиот старт имаше тенденции ем да биде хит кој ќе се свири и пее насекаде, ем предиспозиции да остане една од оние, вечните, кои никогаш не стареат… Македонски фолк евергрин, по теркот на незаборавните фестивалски евергрини од Фолк фест Валандово, Цветници, Филиграни…
„Навистина ми е премногу драго што успеавме да го завршиме и промовираме спотот за оваа тема, која според реакциите на нашите Македонци, навистина од ден во ден станува сè повеќе и повеќе популарна како песна. Сакам да им се заблагодарам на сите во тимот, односно на екипата која стои зад целиот овој проект, како и на статистите кои дадоа свој печат во сето ова. Спотот ќе придонесе само уште повеќе да живее и да се негува оваа песна, а тоа е главен двигател за нас пејачите и понатаму да создаваме квалитетна македонската народна песна“, вели Јордан.
Наскоро Митев ќе ја изненади публиката со уште едно видео, а овој пат снимањето ќе биде надвор од границите на нашата земја. Дотогаш погледнете го видеото за „Наздарави за љубов, наздрави за среќа“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=vK-1K01ha0o]]>

Сузана Гавазова, конечно… „Опасна за око“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzna-gavazova-konechno-opasna-za-oko-video/ Tue, 27 Feb 2018 13:11:25 +0000 http://vistina.mk/?p=14172

Фолк пејачката Сузана Гавазова конечно го објави снимениот спот за песната “Опасна за око”, отпеана на последниот фолк фестивал „Роса Фест“ за едно со блех оркестарот на „Џамбо Агушев“ кој исто така учествува во видеото.
Автор на музиката  за „Опасна за око“ е Борче Димитров, стиховите ги напиша Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги направил Дејан Момировски. Наскоро фолкерката  најави и промоција на спотот. Погледнете го најновото видео на Гавазова и уживајте во секој негов кадар. https://www.youtube.com/watch?time_continue=35&v=3hMbHbiOHQ0]]>