архитект – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Aug 2023 13:30:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png архитект – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара и Билбилов го славеа Илинден во кафеана со „Бисер балкански“, со блиските пријатели ама и со нивните нови љубови? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-bilbilov-go-slavea-ilinden-vo-kafeana-so-biser-balkanski-so-bliskite-prijateli-ama-i-so-nivnite-novi-lubovi-foto-video/ Thu, 03 Aug 2023 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312408

Најголемиот македонски празник „Илинден“  македонската естрада различно го празнуваше. Многумина од нив работно, со свои настапи на разни манифистации на кои се славеше и чествуваше Денот на Републиката, дел од нив со свои редовни настапи по различни кафеани, кафулиња и клубови, останатите кој каде и како. Некои се на одмор на море или езеро, некои останаа дома. Македонските поп ѕвезди, пејачката Тамара Тодевска, пејачот, композитор и продуцент Роберт Билбилов заедно со нивниот колега, композиторот  Лазар Цветковски, Илинден го прославија заедно, во кафеана! Старите пријатели и соработници на иста маса во весела атмосфера и расположение, со полна трпеза и пијалак в рака наздравија за најголемиот македонски празник и тоа со звуците не на било која песна. Оркестарот со жива музика крај масата, на увце не случајно им ја свиреше македонската патриотска  фолк химна - „Бисер балкански“, напишана од никој друг, туку токму од покојниот татко на Роберт Билбилов, музичарот и композитор Хилми Билбил. За 120 години од Републиката, за честит Илинден и само една вистина - вечна и вековита Македонија! А можеби и за уште нешто друго? Зашто она што може да се забележи на масата кај патриотски расположената, весела, естрадна дружина на видеата, кои на социјалните мрежи самите  ги споделиле, се уште некои лица, кои не припаѓаат баш на естрадната фела! А истите и се означени или поточно тагнати во описот на видеата и фотографиите. Имено, по разводот со сега веќе бившиот сопруг Мачка, за Тамара наголемо се шушка дека не е сама. За пејачката се шпекулира дека има „нов пријател“ со кого често се гледа, па дури и не го крие од јавноста, како што беше и овој пат, иако јавно се' уште не споделила дел од својата „близина“ со него. Сепак, евидентно е дека човекот е се' поприсутен во нејзиниот живот. Една од заедничките фотографиии објавена неодамна на нејзината Инстаграм страница на која „образ до образ“ Тамара со насмевка од „седмица до седмица“ просто ужива во неговата прегратка, веројатно  беше повеќе од доволна за да ги подгрее шпекулациите и нагаѓањата: Дали овој човек е новата љубов на пејачката? Особено по цитатот што го остави Тамара на нејзините Инстаграм приказни веднаш по објавата на фотографијата, во кој пишува: „Шест часа поминуваат за 30 минути кога си со вистинската личност“! А човекот се вика Лука Радовиќ и во неговото портфолио пишува дека по професија е архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување. Неговиот Инстаграм профил  „случајно го следат“  Тамара и сестра и Тијана? Но, затоа пак истата личност  не случајно се најде на иста маса со Тамара и нејзиното естрадно друштво при кафеанската прослава на Илинден. Од друга страна пак,  видеото на кое се тој, Тамара, Лазар и Билбилов, го сподели уште една позната личност. Која според прикажаното, најверојатно и самата го снимала седејќи со нив на истата маса, а потоа и таа и Тамара и Роберт, истото го споделиле на своите Инстаграм приказни. Во прашање е Лејла Рамковска, ќерка на некогашниот сопственик на А1 телевизија - Велија Рамковски, која по несреќното гаснење на телевизијата сега се занимава и работи како јога инструктор и советник за  здрав живот и здрави навики. Лејла и Билбилов се познаваат оддамна, обајцата се разведени и слободни иако зад себе имаат брак и дечиња, но прашање е дали сега „старото пријателство“ не прераснало во нешто друго, многу поинтимно? Дали сега Лејла и Роберт не се „многу поблиски“ од некогаш или сепак останале само „пријатели засекогаш“? Едни велат она второто, додека оние што ги познаваат одблизу тврдат дека само прашање на ден е кога нивната „интимна близина“ ќе биде обелоденета во естрадниот свет, како и онаа на Тамара со младиот архитект? Впрочем, стиховите на последната песна на Билбилов насловена „Тебе“ која неодамна ја објави, во многу што одат во прилог на оваа претпоставка. „Тебе, те сакам тебе,Те сакам тебе само за себе, кога ти си си во мене јас дишам со тебе, и за се' друго немам ни простор ни време, се што сакам е да бидам со тебе...“ - се пее меѓудругото во песната. Дали е и автобиографска и посветена токму на неа, на убавата Лејла, засега ќе остане тајна скриена и јавна дилема?! Како и релацијата на Тамара со оној, со кого и расположена и насмеана, а и кога само ќути, 6 часа и минуваат како да се 30 минути?! Фото: Инстаграм/lejlaramkovska/tamaratodevska/justrbproduction  ]]>

Сопругот на фолкерката Стоја ретко кој го видел, а тој е архитект и вистински фраер: Нема да верувате на каков бизарен начин пејачката го „ќарила“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/soprugot-na-folkerkata-stoja-retko-koj-go-videl-a-toj-e-arhitekt-i-vistinski-fraer-nema-da-veruvate-na-kakov-bizaren-nachin-pejachkata-go-kjarila-foto/ Mon, 14 Dec 2020 10:30:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180677

Пејачката Стојанка Новаковиќ - Стоја се омажила за прв пат кога имала само 16 години, а на 17-годишна возраст го родила своето прво дете. Стоја својата кариера ја градеше исклучиво со песни и не даваше многу детали за нејзиниот приватен живот, па јавноста немаше можност да го запознае нејзиниот сопруг Игор Јовановиќ, со кого е во брак цели 10 години. Игор по професија е архитект, а на социјалната мрежа Инстаграм се појавија фотографии од сопругот на Стоја, на кои е позабележително дека тој е во добра форма, па не е ни чудо што пејачката долго го криеше. „Опстојуваме како сопружници долго време затоа што сме полни со разбирање еден за друг. Јас би рекла дека разбирањето, љубовта и почитта се она што не одржува сите овие години. Тоа е рецепт за младите луѓе кои сакаат да влезат во брачни води доколку сакаат да имаат квалитетен брак, нормален, да ја имаат целата слобода на овој свет и навистина да уживаат во хармоничен однос со својот партнер“ - изјави Стоја пред неколку години. Дека љубовта не познава граници и дека правиме секакви луди работи поради тоа, покажа и пејачкатаа, која заради „докажување љубов“, намерно удрила во ѕид со автомобилот. „Го удрив мојот автомобил директно во ѕидот, зашто знаев дека кога ќе дознае, нема да остане рамнодушен. Секако, тоа функционираше и така се смиривме. Не се повредив,  зашто темпирав како ќе го направам тоа. Го оштетив автомобилот, но не ми е жал. Знаев дека сигурно ќе дојде да ми помогне, а потоа го чекаше стапица: да остане кај мене“ - раскажа Стоја пред неколку години, за тоа како успеала „со измама“ да го „ќари“ сегашниот сопруг.]]>