АРХАНГЕЛ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Dec 2022 13:06:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png АРХАНГЕЛ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Архангелот над Скопје“ – рокенрол мјузикл со музиката на „Архангел“ https://arhiva.vistina.com.mk/arhangelot-nad-skopje-rokenrol-mjuzikl-so-muzikata-na-arhangel/ Thu, 01 Dec 2022 13:04:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278273

Музичарот и фронтмен на рок-групата „Архангел“ Ристо Вртев е автор на рокенрол мјузиклот „Архангелот над Скопје“ кој премиерно ќе биде прикажан на 24 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот. Наташа Поплавска е режисерка и дизајн на мјузиклот, а музиката, лириката и текстот се на Вртев. „Архангелот над Скопје“ е рокенрол мјузикл направен на музиката на нашиот најголем рок бенд „Архангел“, создадена од музичарот и лиричар Вртев. Приказната зборува за животот на градот Скопје во периодот на неговото созревање од деведесетите години на минатиот век па се до денес. Урбаниот скопски живот ќе се прикаже преку животот на транзиционите деца кои сакаат да направат промена во културно општествениот живот наспроти баналната стварност која ги фрла на маргините на општеството. Претставата е подржана од Министерството за култура, а е направена во соработка со Македонскиот Народен Театар и Театар Комедија.]]>

На 26-ти јули: Концерт на „Архангел“ и Македонска филхармонија во Градски парк – Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/na-26-ti-juli-koncert-na-arhangel-i-makedonska-filharmonija-vo-gradski-park-skopje/ Sat, 24 Jul 2021 08:30:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211640

На 26-ти јули (понеделник) се најавува новото издание на „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк. Во рамки на овој уникатен проект ќе биде изведена музиката на култниот македонски бенд „Архангел“ во автентична оркестрација на Џијан Емин, кој воедно е и диригентот на концертот. Ова е ретка можност да се чујат безвременските песни на еден од најзначајните македонски бендови во изведба на Филхармонија и фронтменот на „Архангел“ – Ристо Вртев. Влезот е слободен, а почетокот е најавен во 21:00 часот. Концертотсе реализира во соработка со Град Скопје.]]>

Вевчанскиот карневал со „Баклава“, „Архангел“, Неша – „Галија“… https://arhiva.vistina.com.mk/vevchanskiot-karneval-so-baklava-arhangel-nesha-galija/ Fri, 04 Jan 2019 10:50:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66190

од 12 до 14 јануари, славното и автентично Вевчани е голема отворена сцена за најголемиот европски фестивал на сатирата и една од најголемите културни знаменитости во Македонија- ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Благодарение на вевчанските василичари, нивната специфична порака и надалеку познатата вевчанска гостопримливост, живее вековната традиција на карневалот познат ширум светот по неговата архаичност и уникатност! И оваа година со манифестацијата збогатена и со музичка програма, Вевчани е подготвено да ги пречека сите посетители во единствениот спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава, за заедно да ја испратиме изминатата година и да ја пречекаме новата со желба да биде посреќна и побериќетна, соопштија организаторите. Меѓу првите најавени изведувачи за тридневната манифестација е легендарната македонска рок-група „Архангел“, етно-составот „Баклава“ и Ненад Неша Милосављевиќ, фронтменот на легендарната група „Галија“, кој ќе ги донесе најголемите хитови од нивната 40-годишна дискографска кариера, a сите детали ќе бидат познати на денешната прес-конференција.]]>

„Пинокио“ – нов сингл и видео спот на Архангел! https://arhiva.vistina.com.mk/pinokio-nov-singl-i-video-spot-na-arhangel/ Wed, 27 Jun 2018 13:41:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34895

Македонскиот музички великан АРХАНГЕЛ денеска премиерно го објавува својот нов сингл насловен „ПИНОКИО“, а чие претставување во јавноста е проследено и со видео спот! Песната „Пинокио“ на АРХАНГЕЛ за прв пат беше најавена во живо пред две години со изведба на нивниот настап на Таксират Фестивал. Тогаш групата се врати на сцената по повеќе години пауза објавувајќи ја и песната „Поучна“ со Камарад, а денеска македонскиот музички етер е збогатен и со официјалната премиера на новото остварување на АРХАНГЕЛ – „ПИНОКИО“. Во изведба на групата АРХАНГЕЛ, зад музиката, лириката и аранжманот на „Пинокио“ се потпишува Ристо Вртев. Песната пред јавноста е претставена и со видео запис по сценарио и режија на Иван Вртев, во кој како актери се појавуваат: Петар Стевановиќ, Славен Арсовски и Иван Вртев, а во продукција на „Аурелио“ и „Томато“. https://www.youtube.com/watch?v=R9IS9SiX4dE Легендарната рок група АРХАНГЕЛ чиј врвен музички квалитет е константа низ повеќе од три децении, е едно од најголемите музички имиња од нашата сцена на сите времиња. Со завидна колекција на антологиски хитови и албуми кои ја одбележуваат македонската сцена уште од деведесеттите години, АРХАНГЕЛ константно ја потврдува својата музичка величина и ненадминливоста на музичките граници кои ги поставува! АРХАНГЕЛ, како никој друг, постигна култен статус не само кај нас, туку ширум цела поранешна Југославија. Групата оформена во 1988 година од страна на Ристо Вртев, во својата кариера има издадено четири албуми: „Архангел 1“ (1991), „Архангел 2“ (1993), „Heart Core“ (1998) и „Небесна машина“ (2003). Станува збор за едно од малкуте музички имиња кои со своето творештво оставија најзначаен белег на современата музичка сцена на Македонија и одбележаа генерации чија младост одекнува преку нивната музика. Покрај објавувањето на синглот „Пинокио“, АРХАНГЕЛ годинава се актуелни и со веќе потврдениот настап како предводници на програмата на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран. Посетителите на Д ФЕСТИВАЛ сигурно ќе имаат прилика да го чујат и новиот сингл во живо, но и да бидат почестени со поинаква програма и концерт кој групата цени дека го должи поради временските услови од минатата година во Дојран, а што уште е подготвено од музичката работилницата на култниот АРХАНГЕЛ е изненадување резервирано за саботната вечер, 7-ми јули на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ! Текст:

ПИНОКИО

Што ли тајфа држи в рака под фирма „Европа“ кормило 'ил стапот свој демократски прашувам, Кју Клукс Клан за старт на векот, наци програм - ЛУДИЛО! и чизма и пизма врз човек, врз народ, ашколсун Обединета. А над Водно сонце, високо кренато, спушта раце да нѐ прегрне, денов е посебен, денов е добитен, сонце зар ме лажеш? Глава горе, глава горе... О да, о не, ние знаеме за подобро... „better“, бетер... А над Водно сонце, високо кренато, спушта раце да нѐ прегрне. Денов е посебен, денов е добитен, сонце зар ме лажеш? Глава горе, глава горе... Другарки и другари, дами и господа, по долго размислување и со вистина разминување, си велам: светот не e наш но ние сме негови, слепо го следам, и длабоко го сфаќам, глава горе! Франкфурт, Париз, Лондон Њујорк, додади и Токио, Хонг Конг, Кина, Кинг Конг Кина, Шангај, Лондон, Пинокио е Пинокио, Пинокио, Пинокио, Пинокио...]]>