арена Борис Трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Dec 2023 11:31:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png арена Борис Трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ацо Пејовиќ: „Тоше Проески е еден и единствен, после него сите се плашат да направат нешто“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/atso-pejovik-toshe-proeski-e-eden-i-edinstven-posle-nego-site-se-plashat-da-napravat-neshto-video/ Sun, 17 Dec 2023 11:28:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331459

Неговото име и презиме се поим за успех, пример за остварување на својот сон, но и доказ дека оние 5 минути во животот не чекаат сите нас, доказ дека среќата трае исто толку, а ако успееме да ја препознаеме и задржиме, доаѓаме до она кон што сите копнееме – задоволство и мир. Ацо Пејовиќ тоа на време го сфати. Неговиот живот е далеку од совршен, но тој успева работите да ги прифати на вистински начин. Не е еден од оние кои себе си во медиумите ќе се претставува како голема ѕвезда чиј што живот е идеален. Напротив... Тој со себе носи порази и тага, разделби и болка, но и огромни успеси за кои отворено зборува. Години подоцна и понатаму со насмевка на лицето, но со големо искуство, драгоцени вредности и приоритети во животот, повторно накратко прелета преку некои спомени со желба повторно да ја собере публиката и да ја потсети на некои времиња, емоции и песни. А тоа ќе го направи на 23-ти декември во „Арена Борис Трајковски” со голем предновогодишен концерт. Во интервју за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ тој зборуваше за концертот и додаде дека многу се радува на истиот. Дел од разговорот, освен на концертот, беше посветен и на Тоше Проески, каде што Ацо кажа дека тој е еден и единствен и дека многумина се плашат од неговиот успех, кој е недостижен. ]]>

Елегантни, женствени, сексапилни: Македонските водителки беа риби и пол на „Златна Бубамара“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elegantni-zhenstveni-seksapilni-makedonskite-voditelki-bea-ribi-i-pol-na-zlatna-bubamara-foto/ Fri, 17 Mar 2023 10:17:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293827

Ако за светот Оскарите се најважниот настан во годината и таму ги гледаме најголемите фаци на Холивуд во нивните најдбри изданија, за нас во Македонија тоа е  „Златна Бубамара“. Вчеравечер, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа 26-то  издание на „Златна Бубамара на популарноста“ на која присувствуваа голем број на јавни личности од светот на музиката, глумата, политиката, спортот... Се разбира, очекувањето на публиката беше забава, а јавните личности имаа повеќе работа, односно подготовки околу нивниот изглед и претставување пред многубројната публика иако некои можеби не се качија на сцена. Тука беа и нашите убавици, водителките од ТВ екраните кои на нивните Инстаграм профили го објавија сталингот, шминката, фризурата и гардеробата која ја избрале. Новинарката и ТВ водителка Анастасија Богданоска на социјалната мрежа објави видео од нејзиниот избор кој остави голем впечаток бидејќи, направи идеален спој и баланс меѓу јин и јанг, а во описот на англиски јазик напиша: „Сите зборуваат за наоѓање на енергетскиот биланс женско-машко“ - навитсина тоа и го покажа, а совршено и прилегаше бидејќи, водителката знае добро да го носи.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

Згодната водителка Милена Антовска- Станковска објави неколку кратки видеа од подготовките за изгледот од атмосферата на настанот, но и од  нејзините колешки, а објави и фотографии од нејзиниот избор на гардероба, за кој доби и доста позитивни коментари.
Вера Мештеровиќ некогашната мисица и модел, а сега актуелна ТВ водителка беше елегантна како и секогаш, а  блескаше во креацијата која го истакнува нејзиното деколте, а ги покриваше нејзините долги и атрактивни нозе. Таа најпрво објави заедничка фотографија со нејзините колешки. А, потоа покажа и дел од атмосферата и фотографирањето пред позирањето почетокот на манифестацијата. И шармантната водителка Александра Пановска  често ја гледаме во елегантни комбинаци, па така беше и овој пат. Александра објави фотографија каде  напиша дека сѐ поминало одлично! Ова беше нивниот избор за овогодинешното издание на „Златна Бубамара“ а која или чиј моден избор најмногу ви се доапаѓа, останува ваше. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејсбук]]>

ДНК направија концерт за историја: Битот вткаен во македонскиот музички код (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-napravija-koncert-za-istorija-bitot-vtkaen-vo-makedonskiot-muzichki-kod-foto/ Mon, 05 Dec 2022 08:32:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278543

Она што го ветија Панчо и Андреј од македонското ар ен би дуо ДНК и го остварија... Направија концерт за историја. Во саботата вечер, на 3-ти декември 2022 година А1 арената „Борис Трајковски“ беше претесна да ги прими сите нивни фанови и останатите посетители кои ја исполнија до ниво да нема „игла каде да фрлиш“. Нешто што ретко им се случува дури и на регионалните и светските музички ѕвезди кога доаѓаат во Македонија, а од домашните можеме едвај уште една-две на прсти да изброиме што тоа го направиле, како „Меморија“, на пример. Амбиент како што секој музичар посакува, а за ДНК дефинитивно ова беше настап на кариерата. Токму затоа можеби Панчо, Андреј и нивниот бенд  кој функционираше беспрекорно моќно и прецизно  како германска машинерија,  дадоа се од себе, да возвратат онака како што нивната публика од нив очекува... Со сето свое срце и душа,  вткајувајќи го сопствениот бит во македонскиот музички код! Како печат со кој за заверија својата дваесетгодишна кариера застанувајќи на пиедисталот на најдобрите и најголемите домашни музички артисти, кои слободно можат да им парираат и да се носат со  оние од регионот. Почнувајќи го настапот со најновата „Романи“, преку нивните постари и добро познати хитови кои публиката, особено онаа помладата, која расте со нивната музика во еден глас ги пееше од првиот стих заедно со препознатливите рефрени, па се до моментите кога на бината заедно со ар ен би дуото се појавуваа нивните специјални гости. Од бит бокс, преку македонски фолклор, до трап и поп... Така, Наум Петрески уште еднаш потврди дека полека станува жива македонска фолк легенда... Таско и Јанг Дади се иднината на новите жанрови, Ена  е македонска поп принцеза, а Тамара неприкосновена господорка на сцената... Џамбо и неговиот блех оркестар Агушеви се светски бренд... Впрочем како и поголемиот дел  сите споменати, доколку би немале „географски хендикеп“ да живеат во Македонија. Да бевме некаде посеверно во Европа, ќе беа европски музички ѕвезди, што и вака секако не им ја намалува вредноста. Напротив, гордоста е поголема што имаме наше, не помалку добро и квалитетно од она туѓото! ДНК и нивните гости секој на свој начин атмосферата ја доведуваа до еуфорија, со секоја нова песна, со секој нов перфоранс кој публиката ја фрлаше во транс. Посебни моменти во целиот 120 и кусур минутен концерт имаше неколку. Секако покрај специјалните гости, моментот на илјадници запалени блицови и светла од мобилните телефони направија ѕвездено небо, невидено и незапаметено уште од времето на концертите на Тоше. Токму една негова песна ДНК, односно Панчо изведоа, „замолкнувајќи“ ги злобниците дека е само „добар рецитатор“! Кога сме кај Тоше и останатите познати или нам и ним блиски луѓе кои „повеќе ги нема“, ДНК направија оваа вечер да бидат најприсутни, како да се тука меѓу нас, иако никогаш и не излегле од нашите срца. Имено, уште во самите најави на концертот како и на прес конференцијата одржана неколку дена пред истиот, ДНК обзнанија дека  голем дел од средствата собрани од продажбата на билетите ЦД-ата ќе бидат донирани во хуманитарни цели, односно доделени на фондацијата „Марко Божиновски“ во која членуваат Панчо и Андреј и се големи поддржувачи на истата, формирана по ненадејната смрт на младиот македонски ракометар. Тоа неколкупати го повторија на самиот концерт , а кулминацијата следуваше кога на сцената се појавија Џамбо Агушев и неговата блех дружина и заедно со Андреј, Панчо и бендот и секако публиката во еден глас ја изведоа „Ако утре ме нема“! Во тој момент на големите екрани одеа фотографии на познатите македонски музички ѕвезди кои прерано заминаа и не се повеќе со нас... Од Есма, Драган Вучиќ, Вања Лазарова, Бојс, Ацо Конга, Дуле Љубисављевиќ, Зафир Хаџиманов, Зоран Џорлев, Дј Ицко и Дј Бабура... Па се' до Тоше и секако ликовите на некои од починатите родители на членовите на ДНК. Момент на силна порака дека не само хуманоста, туку и љубовта треба да ја шириме и практикуваме, да се сакаме и почитуваме, да се дружиме и помагаме... најмногу додека сме живи! За утре кога ќе не нема, некои други деца со гордост на нас да се сеќаваат и со пиетет да не споменуваат! Завршницата со песните од почетоците како „Полна месечина“ или „Илјада ѓаволи“ до крај „ја запалија“ ионака веќе доволно „разгорената“ атмосфера, која беше величествена. „Се вели, среќата е единствената работа што се множи кога се дели, а ние сме среќни што имаме пријатели како вас, среќни сме што имавме со кого да ја споделиме нашата љубов, емоции и музика и среќни сме што бевте и сте до и со нас“ - порачаа по концертот ДНК. По сето прикажано, ние можеме само да им возвратиме: ДНК -  долу капата!    ]]>