Ареа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 15 Dec 2022 13:27:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Ареа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 16 годишната кантавторка Михаела Антеска дебитира на рок сцената со темата – „Insecurities“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/16-godishnata-kantavtorka-mihaela-anteska-debitira-na-rok-scenata-so-temata-insecurities-audio/ Thu, 15 Dec 2022 13:27:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280297

Шеснаесетгодишната Михаела Антеска од Гостивар дебитира на музичката сцена со панк-рок песната „Insecurities“, на која се потпишува и како автор на музиката и текстот. Се работи за енергична песна со модерен звук и богата инструментална линија во која доминираат гитара и виолина. По неколку месеци снимање, обработка и подготовки песната е објавена на Soundcloud и Youtube. „Музиката отсекогаш ми била најдобар пријател и омилен начин за да се изразам кога не сум знаела како поинаку, за да кажам што мислам пред другите и да си помогнам самата на себе, кога ми било најтешко. Затоа велам дека во оваа песна оставив голем дел од моето срце и сигурна сум дека тоа се чувствува при самото слушање. Ова ми е прва песна, но со тоа и прв чекор кон мојот сон и иднината што сум ја замислила и ќе ја градам – светски успех на полето на панк-рок музиката и име што ќе остави белег на таа сцена“ , вели младата кант-авторка. Песната е снимена во студио „Клиника“ на Ивица Брчиоски од „Ареа“, кој го направи и аранжманот. Промо фотографиите се продукција на Gostivarpress.mk. Михаела е ученичка во втора година во гостиварската гимназија. Гитара свири од седумгодишна возраст. Голем љубител е на рок, метал, панк и гранџ музика. Настапувала на клупски свирки, манифестации, како и на фестивалот „Од ребро до рокенрол“ во 2019-та година. Слушнете како звучи „Insecurities“ на Михаела Антеска (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Голем музичко-спортски настан од 7-ми до 9-ти октомври на градскиот плоштад во Македонска Каменица https://arhiva.vistina.com.mk/golem-muzichko-sportski-nastan-od-7-mi-do-9-ti-oktomvri-na-gradskiot-ploshtad-vo-makedonska-kamenica/ Wed, 05 Oct 2022 11:37:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270199

Македонска Каменица најавува голем спортско-музички настан. На градскиот плоштад, на 7-ми и 8-ми октомври настапуваат: Петар Грашо, Игор Џамбазов и Гуру Харе, „Ареа“, „Љубојна“, „Нокаут“, КУД „Вера Јоциќ“ и група „Ајдара“. На 9-ти октомври ќе се одржат велосипедската тура Tour the Kalimanci Lake и првата градска ноќна трка на 5 и 10 километри Kamenica Night Run.
Настаните се во организација на КИЦ Романса, со огромна поддршка од Рудник „Саса“ и Општина Македонска Каменица.
]]>

„Ареа“ во свој стил и фазон ве водат во нивното – „Јаве или сон“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/area-vo-svoj-stil-i-fazon-ve-vodat-vo-nivnoto-jave-ili-son-video/ Wed, 06 Jul 2022 12:37:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257422

Македонскиот рок состав „Ареа“ во годината кога го слави јубилејот 30 години од своето постоење и прсуство на сцената, деновиве на публиката  и го претстави својот најнов албум „Љубов е“. Тие како пилот сингл кој го најавува ЦД-то ја пуштија во етерот „Јаве или сон“,  една од вкупно 11-те нумери кои се најдоа на нивниот седми по ред албум.  „Јаве или сон“ е всушност третата песна од овој албум која излегува како сингл. Претходно веќе беа промовирани „Ангелу мој“ и „Отсекогаш“. Песната е визуелизирана и со видеоспот кој е сниман кон крајот на мај, а режијата му беше доверена на Александар Ристовски-Принц. Гостиварскиот бенд новите песни од албумот ќе ги презентира и со концертна промоција на настапите во различни градови низ Македонија. Во продолжение уживајте во „Јаве или сон“ како и во преостанатите нумери од албумот „Љубов е“. ]]>

Славенички концерт на „Ареа“ засилени со „Ван Гог“ на 10 јуни во Битола https://arhiva.vistina.com.mk/slavenichki-koncert-na-area-zasileni-so-van-gog-na-10-juni-vo-bitola/ Wed, 18 May 2022 12:42:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251110

Продукцијата „Сцена“ го најави големиот славенички концерт на познатиот македонски рок бенд „Ареа“ кој ќе се одржи на 10 јуни на Ракометното игралиште во Битола. Но, тоа не е се! Продукцијата „Сцена“ подготвува двојна рокенрол забава. Истата вечер на истата сцена ќе гостува еден од најдобрите рок бендови во регионот - „Ван Гог“ од Србија. Практично, овој концепт, кој обединува два култни рок бендови, во една вечер на иста сцена е ретка можност што не се пропушта! „Набавете ги вашите билети навреме, бидејќи интересот е огромен“ - порачуваат организторите.]]>

„Ареа“ со концертна турнеја ќе го одбележат 30-годишниот јубилеј https://arhiva.vistina.com.mk/area-so-koncertna-turneja-kje-go-odbelezat-30-godishniot-jubilej/ Sat, 09 Apr 2022 05:22:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245841

30 години Ареа. 30 години успешна рокенрол приказна. 30 години создавање на македонска музика. 30 години коцерти и дружење со публиката.Настапите кои оваа година ќе ги одржиме ќе бидат составен дел од турнејата 30 Години Ареа, а дел од нив ќе бидат во акустична верзија, сѐ со цел да бидеме поблиску до публиката, песните да звучат поинтимно и поблиску до моментот кога настанале. „Ве покануваме да бидете дел од овој јубилеј, заедно да ги отпееме: Сите мои слики, Одведи ме, Нешто недостасува, Пријател, Фрекфенција на љубовта и многу други, да ја славиме љубовта заедно и да ни бидете поттик за наша натамошна работа“ - порачуваат членовите на бендот. Групата Ареа својот прв настап го имаше на Поп Рок Фестивалот 1992 година, каде што освои прва награда од жири и го сними својот прв албум "Случајно тука", албум кој беше прогласен за деби албум за 1992 година. Оттогаш, па до денеска групата реди голем број на успеси како ретко кој во Македонија: двапати го полнат Скопскиот саем, неколку пати Универзалната Сала, Амфитеатрите во Охрид и Битола, настапуваат на рок фестивали низ Македонија и Балканот, одржуваат концерти секаде низ Македонија сѐ до ден денес. Настапувале на иста бина со Лени Кравиц, Групата Тексас, Стерео МЦ и имале заеднички концери со Психомодопоп, Прљаво Казалиште, Бајага и многу други. До сега имаат издадено 6 албуми, а новиот албум, 7-ми по ред, ќе биде промовиран во оваа година. Успешната музичка приказна 30 години АРЕА започнува во сабота на 16 Април во Елемент - Кавадарци! Влез 21:00ч.]]>

„Ареа“ одбележуваат 30 години постоење со нов албум и пилот сингл – „Ангелу мој“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/area-odbelezuvaat-30-godini-postoenje-so-nov-album-i-pilot-singl-angelu-moj-audio/ Mon, 24 Jan 2022 13:39:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236037

Култниот македонски рок бенд „Ареа“ по долга пауза во јуни минатата 2021 година ја промовираше својата нова песна, насловена  „Отсекогаш“ со која тогаш го најавуваа  шестиот студиски албум на бендот, кој беше во завршна фаза на подготовки и требаше да очекуваме да се појави до крајот на годината, но до тоа не дојде. Во меѓувреме, на почетокот на новата 2022 „Ареа“ се појавија со уште една нова песна, нов сингл кој носи наслов „Ангелу мој“. Песната е блуз рок балада, и како што соопштија од групата, ќе биде дел од нивниот нов албум чије излегубвање беше пролонгирано за годинава, а членовите на бендот одново најавуваат дека ќе се појави наскоро. „Ви ја претставуваме нашата нова песна со наслов „Ангелу мој“, овој пат тоа е блуз рок балада, која ќе биде дел од нашиот нов албум кој наскоро треба да го издадеме и со нова музика да одбележиме 30 години на македонската музичка сцена“, велат од „Ареа“. ]]>

„Ареа“ одново звучат врвно, впрочем како и… – „Отсекогаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/area-odnovo-zvuchat-vrvno-vprochem-kako-i-otsekogash-video/ Mon, 07 Jun 2021 12:10:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205926

Култниот македонски рок бенд „Ареа“ по долга пауза ја промовираше својата нова песна, насловена  „Отсекогаш“. Музиката, аранжманот и продукцијата за песната се на гитаристот на гостиварскиот бенд, Ивица Брчиоски, а текстот е на неговата сопруга и вокал, Ружица.   Песната е проследена и со видео, кое го снимал, режирал и монтирал Даниел Јовески. Снимањето се одвивало на неколку локации, а најголемиот дел од кадрите се снимени во Маврово во црквата Св. Никола - Летен. Како актери во видеото се појавуваат Мариа Стојаноска и Илија Трале Левески.   „Отсекогаш“ е најава за шестиот студиски албум на бендот, кој е во завршна фаза на подготовки и треба да очекуваме да се појави до крајот на годинава. Во меѓувреме, проследете колку добро звучи и изгледа новиот проект на „Ареа“... Впрочем, како и... „Отсекогаш“: https://www.youtube.com/watch?v=N50lz29BDFU&t=2s]]>

Време беше да ги спомнеме, па „Ареа“ се појавија со нова песна – „Те спомнувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vreme-beshe-da-gi-spomneme-pa-area-se-pojavija-so-nova-pesna-te-spomnuvam-video/ Wed, 11 Dec 2019 13:44:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123357

Групата „Ареа“ по пауза од речиси една година повторно имаа нова песна и видеозапис, насловена  „Те спомнувам“.  Музиката е заедничко дело на членовите на групата предводени од брачната двојка Ружица (вокал) и Ивица (гитара) Брчиоски, а бендот музички и понатаму го задржува својот препознатлив стил на музицирање, не отстапувајќи многу од поставените постулати уште при своето основање. Во видеото покрај членовите на „Ареа“, се појавуваат и Елена, ќерката на брачната двојка Брчиоски, во улога на придружен вокал  како и дузина млади статисти. Спотот инаку е сниман на неколку локации во Гостивар, во Градскиот парк, во еден познат рок бар, како и на сцената во Домот на културата. Режисер на видеото е Кристијан Шемко, а вака звучи и изгледа кога ќе се спомене новото остварување на „Ареа“ - „Те спомнувам“! ]]>

„Ареа“ се врати со својот „Зрак“… што светлост дава (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/area-se-vrati-so-svojot-zrak-shto-svetlost-dava-video/ Wed, 14 Nov 2018 13:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57947

Култната македонска  рок група „Ареа“, деновиве во етерот ја пушти својата нова песна и видеото за неа насловена „Зрак”, со што пријатно ги изненади своите обожаватели, по паузата од цели пет години.
Видеоспотот е изработен  под режисерската палка на Кристијан Шемко од „Pyramid Production“ и во него покрај членовите на бендот, се појавува и Ања Поповиќ, млада актерка и професионална танчарка од Скопје. „Зрак” е само најава во вид на пилот сингл како дел од материјалот за нивниот нов албум, кој  се ' уште е во подготовка.
Музиката и аранжманот ги потпишува гитаристот Ивица Брчиоски, додека текстот е дело на неговата сопруга и главниот вокал на бендот, Ружица. Песната е снимена и миксана во нивносто семејно студио „Клиника”. За потсетување, „Ареа“  започна да егзистира во 1991 година, со создавањето на првите три авторски песни и пријавувањето на „Поп-Рок фест ’92“ каде што победија и истата таа 1992 година во студијата МРТВ го сними дебитантскиот албум ,,Случајно тука“, која  на носач на звук во вид на касета го издаде Музичката и касетна продукција на МРТВ.
Дури 8 години подоцна, во 2000  година групата го издаде и вториот албум „Врати на имагинација“, од која како голем  хит се издвои песната „Сите мои слики” која стана евергрин кој и ден - денес се врти на радио станиците ширум Македонија
Инаку „Ареа“ зад себе имаат издадено вкупно  5 студиски и еден албум во живо. Као звучи и изгледа нивниот нов „Зрак“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=C3QqCcLCFmo]]>

Нема да верувате што денес работи Ружица од „Ареа“! https://arhiva.vistina.com.mk/nema-da-veruvate-shto-denes-raboti-ruzica-od-area/ Mon, 26 Mar 2018 09:12:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17607

Кога ќе се каже „Ареа“, првата асоцијација ви е големиот хит „Сите мои слики“ кој десес е евергрин. Музичкиот состав кој постои повеќе од 25 години на македонската музичка естрада, можеби не е толку присуден како во тоа поубаво време, но сепак никогаш не се откажа од сцената и музиката. Групата „Ареа“ минатата 2017 година одбележа две ипол децении постоење, а нивните фанови се уште имаат можност да ги слушаат на настапи по локали и музички случувања низ земјата.
Доколку не сте знаеле, вокалот на групата, Ружица Милошеска Брчиоска,  работи како електроинженер во ЕЛЕМ, но музиката и пеењето се нејзина голема љубов од кои не се откажува покрај примарната и секојдневна работа, пишува „Курир“. Инаку, Ружица и нејзиниот сопруг Ивица Брчиоски ja имаат ќерката Елена. фото:area/facebook  ]]>