арапски палачинки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Nov 2023 11:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png арапски палачинки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Арапски палачинки со многу дупчиња и многу повкусни од обичните https://arhiva.vistina.com.mk/arapski-palachinki-so-mnogu-dupchina-i-mnogu-povkusni-od-obichnite/ Mon, 13 Nov 2023 14:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326666

Рецептот за арапски палачинки задолжително мора да го имате затоа што таквите палачинки се совршени. Популарните арапски палачинки се посебен специјалитет во Алжир, Мароко и Тунис. Мали се, сунѓерести и се прават од гриз или брашно. Кога правилно ќе се подготват, имаат многу дупчиња кои го впиваат било кој сос или прелив при сервирање. Најчесто се јадат со мед и путер, но исто така може да се исечат и на коцкички и да се послужат со џем. Состојки: - 2 шолји гриз; - 1 шолја брашно; - 1 ќесичка сув квасец; - ¼ лажичка прашок за печиво; - ½ лажичка сол; - ½ лажичка шеќер; - 2 јајца; - 1 шолја топло млеко; - 2 шолји топла вода. Подготовка: Сите сотојки измешајте ги со миксер додека не добиете мазна смеса. Оставете го тестото да отстои половина час. Кога на површината од тестото ќе настанат меурчиња, тестото е спремно за печење. Загрејте ја тавата со средна величина, па со полна црпалка разлејте го тестото и оставете самoстојно да се направи обликот на палачинка. Печете една минута до две, без вртење. Сервирајте по желба, на здравје! извор:точка.ком.мк]]>

Рецепт за арапски палачинки со крем сирење https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-arapski-palachinki-so-krem-sirenje/ Wed, 28 Oct 2020 13:45:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173508

На списокот со 50-те најдобри десерти во светот има десерти како што се турската баклава, австриската штрудла од јаболка, како и арапските палачинки полнети со крем сирење, суво овошје и ореви, а често им додаваат и розова вода и цимет. Слатка и миризлива розова вода е дестилат на ливчиња од роза, но исто така можете да го замените со некој сладок сируп или мед. Постојат многу варијации на темата арапски палачинки – тие се разликуваат по големина, како и по начинот на подготовка. По полнењето може да се сервираат веднаш или да се пржат во масло или да се печат.

Потребни сосотојки:

За палачинките:
  • 120 г брашно
  • 120 г гриз
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сув квасец
  • 1/4 лажичка сол
  • 580 милилитри топла вода
  • 35 г мелени ф’стаци
  • мед по желба
За полнежот:
  • 1 лажица гриз
  • 1 и половина лажици брашно од скров
  • 250 милилитри млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици маскарпоне
  • 60 г леб насечкан на коцки

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сувите состојки во сад, а потоа додадете вода и промешајте. Покријте го садот и оставете го да отстои 30 минути. Тестото треба да биде потенко од она за нашите палачинки.
  2. Подгответе го полнежот. Измешајте гриз, брашно од скроб и 60 милилитри млеко и ванила. Загрејте го ова на шпоретот додавајќи го остатокот од млекото и мешајќи додека не стане густо и пенливо. Потоа, додадете го маскарпонето и убаво измешајте додека не се соедини, па додадете ги коцките леб и оставете да се олади.
  3.  Загрејте ја тавата и истурете 2 лажици од смесата за палачинки. Печете додека не се појават меурчиња. Палачинките не треба да се вртат, доволно е да ги печете само од едната страна.
  4. Ставете околу една лажица мешавина од смесата со сирење во секоја палачинка, спојте ги рабовите и врз нив ставете мелени ф’стаци. Посипете со мед по желба.
извор: кафепауза]]>