арапска торта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 20 Feb 2020 13:32:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png арапска торта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Торта „Арапска бајка“: Совршен кремаст десерт https://arhiva.vistina.com.mk/torta-arapska-bajka-sovrshen-kremast-desert/ Thu, 20 Feb 2020 13:30:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135275

Оваа торта е совршено задоволство кое може да се украси на два начина. Може да ја декорирате со чоколадна глазура и сецкани ореви или со шлаг-крем и мелени ореви… Изборот е само ваш! Потребни состојки: За кора: 2 јајца 150 г шеќер 150 г маргарин 4 лажици какао 250 г брашно кесичка прашок за пециво За фил: 1 лимон 200 мл млеко 5 лажици пченичен гриз 150 г маргарин 200 г шеќер За декорација: 100 г чоколадо 100 г сецкани ореви 40 г маргарин 2 лажици какао 1 лажица масло 6 лажици млеко Начин на подготовка: За да ја направите кората, изматете ги јајцата и шеќерот во длабок сад , додадете го какаото и повторно промешајте. Во друг сад, измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па додадете го маргаринот кој претходно сте го изрендале и месете со рацете. Додајте го во смесата со јајцата и соединете. Тестото поделете го на 3 делови, направете 3 кори во форма на круг и испечете ги на 180° околу 15 минути. За да го направите филот, млекото и шеќерот варете ги на тивок оган со постепено мешање. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата на готвење и додајте го гризот и постојано мешајте додека смесата не се згусне. Изматете го маргаринот со сокот од лимон, па соединете со гризот. Смесата матете ја со миксер. Премачкајте ги корите со фил и наредете ги една врз друга. На крај декорирајте ја тортата. Чоколадото и какаото стопете ги со маргаринот, млекото и маслото и кога смесата ќе се излади прелијте ја преку тортата. Тортата можете да ја декорирате и со тенок слој шлаг-крем и да ја посипете со мелени ореви. извор:кафепзауза.мк]]>