аранжер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Jan 2022 11:45:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png аранжер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина маестро Александар Џамбазов https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-maestro-aleksandar-dzambazov/ Tue, 25 Jan 2022 11:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236140

Почина македонскиот композитор, диригент и аранжер, маестро Александар Џамбазов. Веста за смрта на Александар Џамбазов преку социјалните мрежи ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години… од денес, конечно со својата Анче… Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој, пишува Џамбазов на социјалните мрежи.
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори. Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии. Александар Џамбазов беше зет за ќерка на легендата и еден од основоположниците на македонското глумиште, славниот Петре Прличко, чија ќерка Анче Џамбазова, односно сопруга на Александар и мајка на Игор Џамбазов беше исто така позната македонска глумица. Покрај Игор со неа маестро Џамбазов ја има и ќерката Татјана, која долги години живее надвор од Македонија. Ангелите нека ти го осветлат патот кон вечноста... Почивај во мир маестро!]]>

Почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш Тодор Трајчевски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-makedonski-kompozitor-aranzer-i-harmonikash-todor-trajchevski/ Wed, 12 May 2021 09:00:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202200

Денес, среда 12 мај 2021 година  од компликации како последици на Ковид - 19 вирусот почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски. Тодор Трајчевски е роден 1954 година во Штип. Беше познат композитор, аранжер и врвен хармоникаш. Студирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, се вработил  во 1983 во Народниот оркестар на МРТ, а потоа станал и негов раководител  во 1988. Автор е на  повеќе од 200 песни од различни жанрови, над 400 аранжмани, како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија. Соработувал со најголемите македонски фолк ѕвезди, естрадни уметници и музичари, а за многу од големите пејачки имиња напишал хитови или аранжмани за нивните познати песни. Пишувал и класични композиции, главно за тромбон и клавир, во соработка со Дуото Рибарски. Трајчевски беше постојан учесник на речиси сите фестивали во Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=hePw8Cnmdvc]]>