арамии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 02 Apr 2022 09:29:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png арамии – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов на Инстаграм „го поздрави“ со закана „Игор Џамбазов“ на ТикТок: „Имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас, тоа никогаш не можеш да бидеш…“ https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-na-instagram-go-pozdravi-so-zakana-igor-dzambazov-na-tiktok-imash-24-chasa-da-prestanesh-da-bidesh-jas-toa-nikogash-ne-mozesh-da-bidesh/ Sat, 02 Apr 2022 07:48:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245124

Дефинитивно живееме во време на арамии. Краде кој стигне, кај ќе стигне, колку може и се' што може! Крадат политичарите на ангро, тоа оддамна ни е јасно, крадат тие околу нив од трошките што останале, крадат по супермаркети, ама не крадат и трговците, крадат бензиски пумпи, ама не крадат и на гориво, крадат банки, ама и оние од банките со ненормална лихва и измислени провизии... За ситни арамаии по автобуси, куќи и станови и да не зборуваме... Едноставно се краде на секој чекор, се' и сешто, а ако мислиш дека нема што да ти украдат  - си згрешил! Има и кога нема! Така на најпознатиот македонски актер, ТВ водител, шоумен, блузер... Игор Џамбазов на пример му го украдоа идентитетот! И тоа на една од најпопуларните социјални мрежи во моментов - ТикТок! Едноставно оној Игор Џамбазов од ТикТок, не е овој Игор Џамбазов што го познаваме. Не е вистинскиот, туку само некој што му го „дрпнал“ идентитетот и на конто на неговиото име, слава, популарност, минат труд, прави циркузи... А можеби и парички, лажно претставувајќи се! Бидејќи на „лагата и се куси нозете“, а во меѓувреме може да и биде  и „длабок џебот“, вистинскиот, „риал“ Џамбазов реши да преземе акција, па на  Инстаграм „го поздрави“ со закана лажниот  „Игор Џамбазов“ од ТикТок, дека наскоро „ќе му го испразни џебот“, доколку не престане да биде ТОЈ, за што се претставува, а НЕ е! Џамбазов - вистинскиот преку својот Инстаграм на Џамбазов - лажниот, му порача: „Ти, што се претставуваш во мое име, објавуваш во мое име, комуницираш во мое име, тебе ти се обраќам. Ако си некое размазено детиште, набргу ќе ти ја земам играчката, а татко ти ќе плати казна. Ако си полнолетен глупак, пак ќе ти ја земам играчката, ама сам ќе си ја платиш казната. Кој и да си, имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас. Тоа никогаш не можеш да бидеш... П.С. Уше тик-ток ми фали...“ - му напишал Игор, па споделил јавно сите да знаат и видат со кого имаат работа на ТикТок! Дали оваа „закана“ кај оној Игор од „ТикТок“ предизвика шок или само слатко го изнасмеа и уште повеќе го мотивира за нови „мајмунлоци“ од неговото ТикТок „арамиско гнездо“, ќе каже наскоро билтенот на МВР!? Фото: Инстаграм принтскрин/pansionprespav/igordzambazov  ]]>

Српскиот фолкер Миланче Радосављевиќ има бизарна судбина: Починал по удар од гром, арамии го откопале за да го ограбат, а тој оживеал среде грабежот на гробот! https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-folker-milanche-radosavljevikj-ima-bizarna-sudbina-pochinal-po-udar-od-grom-aramii-go-otkopale-za-da-go-ograbat-a-toj-oziveal-srede-grabezot-na-grobot/ Sat, 09 Nov 2019 09:50:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117580

Во младоста, на српскиот хармоникаш и пејач од повозрасната генерација Миланче Радосављевиќ му се случило  нешто што е еднакво на најбизарните филмски приказни - клиничка смрт по удар од гром кога се засолнил под едно дрво додека грмело. Бидејќи мислеле дека тој починал, семејството го погребало, заедно со хармониката што едвај ја купил и што ги задолжило неговите родители. Тогаш таа чинела 25.000 динари, а платата на неговиот татко била само 6.000 југословенски динари. Според зборовите на неговите соселани, некои арамии веднаш по погребот отишле на гробиштата за да му го украдат инструментот, по што се соочиле со вистински хорор! Имено, кога го откопале гробот, Миланче оживеал и наводно засвирел во моментот кога се обиделе да му ја грабнат хармониката. Шокирани, во страв и паника арамиите се разбегале, а нивниот чин се смета за благослов - затоа што се установило дека се работи за клиничка смрт на музичарот, кој оживеал, и да не го откопале за да го ограбат, ќе се задушел во сандакот положен и закопан во гробот. Миланче, сфаќајќи што всушност се случило, си дошол дома весел свирејќи по пат на хармониката. На прагот од семејната куќа тој се појавил со својата скапоцена хармоника в раце! Откако родителите се опоравиле од шокот и неверувањето, неговиот татко потоа ги барал крадците да ги награди, но никој не одговорил на јавниот повик. Пејачот на народна музика, од друга страна, останал жив и добар, но со некои последици од ударот од гром. Чудно било тоа што наставникот по музичко го однел на часови по хармоника, бидејќи прстите по несреќата му останале згрчени на рацете, што било резултат на ударот од гром. Миланче наскоро почнал и да пее по кафеани, а набргу станал и многу баран, па во еден момент дури бил забележан и од Аца Степиќ, која предложил Миланче да сними плоча, по што тргнала неговата естрадна кариера. Денес е женет, има две деца и четири внуци. Неговиот син свири хармоника, а неговата ќерка дипломирала на одделот за пијано и работи како професор во музичкото училиште „Станковиќ“ во Белград. Тој себе си се смета за среќен и задоволен човек, кој се' уште се појавува на телевизија и настапува. https://www.youtube.com/watch?v=8yGiyYrs_b4]]>