ар ен би – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 18 Nov 2020 08:04:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ар ен би – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андреј и Наум се „ар ен би – фолк“ комбинација само за на ракија и пиво или и за студио и во живо: Се подготвува ли дует од соништата? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrej-i-naum-ar-en-bi-folk-kombinacija-samo-za-na-rakija-i-pivo-ili-i-za-studio-i-vo-zivo-se-podgotvuva-li-duet-od-sonishtata-foto/ Wed, 18 Nov 2020 08:00:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176611

За естрадата, па и за оваа нашава,  обично се вртат муабети дека пејачите и пејачките меѓу себе многу „не се мирисаат“. Слабо се дружат и кога тоа го прават, повеќе е од интерес или лицемерна формалност за пред камери и фотобјективи, а во суштина не се баш блиски, а поедници дури не сакаат ниту „очи да си видат“. Муабети и кулоарски приказни колку сакаш, а вистината е секогаш некаде на средина, помеѓу двете крајности. Поединци се „смртни непријател(к)и“, а поедници пак како „браќа“ или „сестри“... И многу малку од нив, малку повеќе „блиски“... Барем, одвреме-навреме! Како и да е, некои заеднички средби, некои случајни дружби прераснуваат во трајни пријателства, па и повеќе од тоа, а од нив излегуваат моменти кои  долго, па и цел живот се паметат. Во поубавите и посреќни времиња во кафуле или кафеана,  со поголемо друштво, денес во ова тажно време на пандемија, најчесто по дома, и тоа по протокол, најмногу до четворица! Најдобар пример дека е ова жива вистина е спојот на навидум неспоивото... Ар ен би артист и фолкер, „забавњак и народњак“, две грла од ист еснаф, ама од тотално различен жанр... Обајцата врвни изведувачи, елита во својата професија, естрадни ѕвезди - парекселанс: Андреј од „ДНК“ и Наум Петрески! Обајцата се знаат и отпорано, како што и отпорано се дружат... Кога се можеше колку сакаш и со кого сакаш и во кафуле и кафеана и во ресторан... Обајцата мераклии на добро друштво, понекоја чашка, убаво мезе и добра песна. Го правеле тоа секогаш кога можеле, го прават и денес и покрај целата ситуација со корона пандемијата и сите протоколи и препреки. Ако не може во кафеана, може по дома. На гости, во опуштена атмосфера, на дружба, чашка-муабет, релаксација, можеби малку едукација... „Со татко ми и брат ми учиме ритмика со покојниот чичко Пако Де Лусија“ - напишал шеговито Андреј покрај најново споделената фотографија. Андреј и Наум се „ар ен би - фолк комбинација“ само за на ракија и пиво или и за студио и во живо?  Покрај дружбата ќе им се вкрстат ли и професионално патиштата, се подготвува ли можеби дует од соништата? Ова прашање си го поставија и обожавателите и новинарите откако осамна најновата фотографија од нивното дружење на социјалните мрежи. На неа двете ѕвезди на домашна дружба, весели, расположени и насмеани, а подоцна можеби и заедно распеани, зошто да не? Замислете само каква би била тоа комбинација, кога Наум би рапувал, а Андреј запеал трилери? Но, да оставиме времето да покаже што ќе произлезе: Дали само „мерак на душата“ за опуштање или идејата за дует во нив ќе се вгнезди, па ќе се „изроди“ и заедничка мерак песна на двете ѕвезди? Ако сепак се случи, живо сме заинтересирани како ќе звучи тој „убиствен спој?“    ]]>

Валери се враќа соло со – „Дозволи ми“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/59790/ Mon, 26 Nov 2018 12:42:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59790

Валери Димовска и стана попозната на домашната јавност откако  во 2016 година ја испеа одличната балада „Не ти давам“, зад која стоеја и Елена Ристевска како текстописец, Дарко Димитров кој ја потпиша музиката, а ги направи и продукцијата и аранжманот и Раде Врчаковски - Врчак кој стоеше зад мастерингот.
Во почетокот на месец јуни годинава, Валери ја видовме во едно друго, сосема поинакво светло, како вокал на скопскиот алтернативен рок-бенд „Саунд еџ“ (Sound Edge), кој тие денови го претстави својот нов сингл и видеото за него насловено „Знај“, како пилот сингл за нивниот втор албум.
Неполни 6 месеци подоцна, валери одново се враќа на естрадната сцена, овој пат со нешто сосема трето. Таа деновиве ја објави својата нова песна „Дозволи ми“. Музиката е нејзино авторско дело, а текстот е напишан во соработка со Темелко Андреев кој ги потпишува и аранажманот , а стои и зад миксот и мастерингот на темата, како и голем дел од продукцијата на видеозаписот на истата.
Имено, тој го уредил и продуцирал спотот, заедно со Валери го напишале сценариото за приказната во која покрај пејачката се појавува Мирослав Христовски, а се потпишува и како режисер на истото зад чије снимање и продукција стои Sidechain Production.
Инаку „Дозволи ми“ музички е  уште една балада, овој пат во ар-ен-би стил низ која се испреплетуваат и џез елементи со модерен призвук и современа продукција.
Дали Валери во својата петта песна во кариерата конечно ќе се најде себе си во талкањето низ музичките правци и стилови останува да видиме во иднина.
Дотогаш проследете ја песната и видеото за неа: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=kqW4i9sxYc0     .  ]]>

Тамара Тодевска откри: Како се журка Хана, а како мама!? (ФОТО + ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-otkri-kako-se-zurka-hana-a-kako-mama-foto-video/ Thu, 07 Dec 2017 11:41:05 +0000 http://vistina.mk/?p=6031

Не попусто се вели дека „крушката под крушка паѓа“, или во случајов, малата Хана е „плукната“ мама... Тамара! За физичкиот изглед нема да говориме, зашто ако ја прашате и едната и другата страна ќе ви речет: „ Зар не се гледа, дека е плукната на нас...“ ! Ама затоа она што не може баш секој да си го присвои е фактот, каде фатил генот, кога е дарбата во прашање. За спорт или музика... Зашто, машката е спортска, а женската страна, музичка!
Од она што засега се гледа од приложеното... талентот Хана ќе да го наследила од женската страна! Баба, дедо, тета, мама... сите се по музиката, песната и класиката. Па на нив е и малата наследничка!
Само што, барем сега за сега, мама и Хана различно се журкаат! На различна музика, на поинаков, подруг жанр...
И додека мама Тамара, иако не е осамена, во кафеана се забавува пеејќи ја макфестовската „Осамен“ на Трајче Манев,  на нејзината Хана, се’ уште и рано за во кафеана...
Ама затоа не и за „ѓускање и денсање“, со малку повозрасните другарки на рап и ар ен би!

Hana so drugarkite na žurka???

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Впрочем, секој со своето друштво и својата музика... Онаа барем, што се затекнала... на ТВ или во кафеана!]]>

Тотална трансформација: Од шлагери до Ар Ен Би – Александра Јанева сега пее „Бам бам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-shlageri-do-ar-en-bi-aleksandra-janeva-sega-pee-bam-bam-video/ Sat, 18 Nov 2017 10:58:40 +0000 http://vistina.mk/?p=4050

Поп-пејачката Александра Јанева, препознатлива по својот моќен вокал и фестивалските шлагерски рефрени, направи целосна трансформација за новата песна Бам бам“, снимена во соработка со авторското дуо Марко Маринковиќ-Слаткаристика (музика и текст) и Иван Јованов (аранжман). Направивме фраерски проект“, искоментира пејачката на својот профил на Фејсбук за првата соработка со докажаните автори. Image94 Ова е трет сингл за струмичанката во 2017, по пауза од шест месеци од преработката на „Зошто баш ти“ на Ноне. Очигледно добро ја искористила паузата за на публиката да ѝ покаже уште еден свој талент – танцувањето. Во урбаното видео таа е разиграна во друштво на Деа Антевска, Панче Димов и Бане Тодоровски од танцовите студија „Уан уеј“ (One Way) и „Брејк а лег“ (Break a leg). Видеото за нејзиниот нов сингл „Бам бам“ имаше онлајн промоција на бугарско-германскиот канал „Фејсинг д сан“ (Facing the sun) на Јутјуб, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=5v0VDAZE7I0]]>