аптека – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Feb 2024 12:22:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png аптека – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Chymoral S“ на Галеника – новиот домашен сојузник за општо здравје https://arhiva.vistina.com.mk/chymoral-s-na-galenika-noviot-domashen-sojuznik-za-opshto-zdravje/ Wed, 21 Feb 2024 09:45:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339519

Препознатлива, а сепак нова и помоќна комбинација од три ензими подготви фармацевтската компанија Галеника во новиот „Chymoral S“. Состојките во препаратот се докажани во повеќе намени: воспаление на синусите, ринитис, инфекции за слузницата, горнореспираторни инфекции, артритиси, отоци или хематом по повреда, скршеница или по операција, како и по вадење заби. Производителот Галеника на македонскиот пазар го препознаваме по богатата палета на производи кои се докажале со повеќедецениска ефикасна примена и задоволни корисници, но и по посветеноста да ја унапреди понудата согласно современите потреби на потрошувачите. „Chymoral S“ е унапреден наследник на веќе препознатливиот Chymoral кој повеќе од пет децении успешно го издржа тестот на времето како сојузник на домашната аптека со широка примена и ефикасност. Новиот производ е применлив во повеќе области оториноларингологија, стоматологија, физијатрија, ортопедија и ревматологија како и во општата пракса при различни воспалителни состојби. Ова се должи на единствената комбинација на моќните три протеолитички ензими трипсин, хемотрипсин и серапептаза, кои имаат клучна улога во повеќе процеси во телото -  разградувањето на протеините, олеснување на поправката на ткивото и намалување на воспаленијата. Трите ензими во „Chymoral®S“ имаат научно докажано дејство за подобрување нарушен проток на крв и лимфни течности, и како ефективен третман при отоци и крвни подливи и други отоци на мускулите, дава забележителни резултати и при отоци околу устата, вилицата или јазикот, при заздравување а скршеници или постоперативни терапии, третирање на артритис,  како и во случај на горнореспираторни инфекции, ринити и синуситиси. Широкиот спектар на употреба се должи на антиинфламаторно, антиоксидативно, антиинфективно и муколитичко дејство „Chymoral S“, што го прави и исклучително важен при третман на инфекции на респираторен систем, воспалителни процеси на дишни патишта, густ бронхијален секрет, отежнато искашлување. Комбинацијата од трите ензими во Chymoral S овозможува брзо дејство и го намалува времетраењето на лекувањето. Односно, во случај на лечење на воспалителен процес, најдобри и најбрзи резултати се постигнуваат со комбиниран терапевтски третман со лекови за лечење на воспалението, кортикостероиди и протеолитички ензими, со што се овозможува синергистичко дејство. Впрочем ензимите трипсин и хемотрипсин ефикасно го намалуваат воспалението и го забрзуваат просецот на заздравување на ткивото кај пациенти после хируршки интервенции, други повреди или изгореници. Ензимите помагаат да се намалат и болките. Третиот ензим, серапептазата го дополнува дејството на трипсин и химотрипсин со своите антиинфламаторни карактеристики. „Chymoral S“ директно ги намалува отокот и густината на секретот при горнореспираторни заболувања. Односно, значително ги олеснува симптомите и справувањето со самата настинка или инфекција и го олеснува искашлувањето. Со тоа значително го намалува времетраењето на болеста. Производот се комбинира со антибиотска терапија и ја подобрува пенетрацијата на антибиотикот до заболеното или воспалено ткиво. Како додаток во исхраната, „Chymoral S“ не се издава на рецепт и достапен е во аптеките, каде совет за користење може да побарате од фармацевтот или да се посоветувате со матичниот доктор. Таблетката се пие исклучиво на празен желудник, 1 час пред оброк и не е наменет за деца помлади од 12 години. Овој препарат е само уште една нишка во посветеноста на Галеника кон корисникот и здравјето. Трајниот врвен квалитет на фармацевтските производи, надополнет со иновативни технологии се потврдува како сигурна и цврста основа за меѓународниот раст на Галеника како фармацевтски лидер во регионот и на европските пазари. Компанијата речиси осум децении е присутна на нашиот пазар и ужива оправдана доверба кај повеќе генерации корисници. Насочена да одговори на современите потреби на пазарот и потребите на пациентите и потрошувачите, компанијата инвестира во збогатување на производното портфолио со производи и од новата генерација лекови.]]>

Дино Мерлин со хуман гест: Пејачот во аптека и ја плати сметката на својата сограѓанка (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/dino-merlin-so-human-gest-pejachot-vo-apteka-i-ja-plati-smetkata-na-svojata-sograganka-foto/ Mon, 30 Oct 2023 12:26:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324527

Дино Мерлин воодушеви сограѓанка која во исто време со него случајно се нашла во аптека во Сараево. Познатиот пејач дошол да купи што му треба, а во тој момент и една жена купувала одредени лекови. Во моментот кога сакала да плати, Дино рекол дека ќе плати за се. - Не и наплатувајте, јас ќе платам - рекол Мерлин, пренесува 072инфо кој случајно се нашол на лице место. Сарајевката останала изненадена и нагласила дека не се работи за толку евтини лекови, но Дино инсистирал. - Се е во ред, ќе платам - и рекол тој.  Инаку, Дино Мерлин е идол на многу пејачи, па Сергеј Керковиќ неодамна истакна дека на него гледал како на Бог. - Кога бев дете на познатите музички маратони на Правниот факултет, тогаш како најмлада група бевме таму да го отвориме самиот музички маратон. Имавме можност да седнеме со најголемите имиња, Дино Мерлин, Црвена јаболка и не знам кој друг, до кремот што велат. Како деца, бевме таму и гледавме на Дино Мерлин како на Бог. Седеше таму околу еден час и цело време кога им пишуваше на колегите да му донесат чаша вода или да го сменат репертоарот, главно не кажуваше ни збор. Ни беше чудно, овој човек не зборува - кажал Сергеј со насмевка на лицето и додал: - Сватив дека се штеди за своите настапи. Фото: Принтскрин/Желко Видиновиќ/Portal 072info]]>

Репортерот на ТВ „Алфа“, Матеја Петровски ја запроси својата девојка на шалтер во аптека: Моментот овековечен со камери, а еве зошто го избрал токму тоа место? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/reporterot-na-tv-alfa-mateja-petrovski-ja-zaprosi-svojata-devojka-na-shalter-vo-apteka-momentot-ovekovechen-so-kameri-a-eve-zoshto-go-izbral-tokmu-toa-mesto-video/ Fri, 31 Mar 2023 08:34:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295967

Новинарот -репортер  Матеја Петровски од ТВ Алфа ја запроси својата девојка Моника.       Тоа го направи на себесвојствен начин, за многумина на месртот на кое никој жив не би очекувал, но за него многу важна локација. Имено, Матеја  ја побара раката на својата сакана во една скопска аптека, а запросувањето беше проследено со повеќе камери. Што од камерите од самата аптека, што од колегите од ТВ Алфа, што од мобилните телефони... За овој уникатен начин на запросување, ТВ репортерот имал повеќе од добра причина. Како што откри Матеја, тој и неговата сега веќе свршеница токму во таа  аптека се запознале,  за времето додека таа таму работела, па затоа решил ова прекрасно изненадување да и го приреди на истото место на кое за првпат се виделе. Се разбира сето тоа изрежирано во строга тајност и договор со нејзините бивши колешки, кои ја повикале наводно да се видат, а таа дошла кај нив и... Останатото е сторија за медиуми, за која се надеваме дека ќе прерасне во среќна семејна приказна... Долговечна и многудетна. Погледнете како изгледаше запросувањето на Матеја кое во вид на изненадување тој и го приреди на својата сакана: Фото и видео: Фејсбук/Mateja Petrovski]]>

Промоција на збирката поезија „Аптека“ од Ивана Харикли https://arhiva.vistina.com.mk/promocija-na-zbirkata-poezija-apteka-od-ivana-harikli/ Thu, 15 Oct 2020 12:27:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171649

Во сабота, 17 октомври во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе се одржи мултимедијална промоција на новата збирка поезија на Ивана Харикли насловена „Аптека“. Книгата е во издание на книгоиздателството Темплум и е најновата во едицијата современа македонска поезија „300 ветрила“. Како и со првата поетска збирка, Ивана повторно, во свој изворен стил, настапува мултимедијално. Самата збирка е дел од поширок, комплексен проект кој вклучува поезија, музика, видео и перформанс. На настанот, публиката првпат ќе има прилика да биде дел и од перформативниот мултимедијален проект.
#мојмузеј е трансмедијална приказна која почна од потребата за свесно реобмислување и вкоренување на сопствениот глас како Жена од Балкан. Со таа цел, пред речиси три години почнав фокусирано да отпакувам интернализирани вредности, инертни состојби и стереотипни наративи кои ги доживував околу и низ себе. На овој процес му претходеше #mymuseum, а она што следува е првата јавна презентација во физички простор на интерактивната перформативна новела ”Вредностите што си ги носиме” како дел од следствениот #мојmuseum“, вели Харикли.
„Аптека“ е трета публикувана книга и втора поетска збирка на Ивана (Скопје, Sci-fi Македонија, Балкан). Со својата прва поетска збирка „Минден Вернакулар“ настапи како Јујо. Дополнително, нејзината поезија е забележана во неколку антологии, дигитални публикации, книжевни списанија, локални и меѓународни фестивали. Настанот ќе биде организиран со целосно почитување на протоколите за организирање настани во затворен простор: намален број на посетители, задолжително носење заштитна опрема за време на целиот настан, задолжителна дезинфекција на рацете, строга контрола на просторот и раздалеченоста помеѓу посетителите.]]>