апсат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Sep 2019 12:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png апсат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новинарски протест: „На новинарскиот збор одговорете со збор, а не со притисок, апсења и прогон!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/novinarski-protest-na-novinarskiot-zbor-odgovorete-so-zbor-a-ne-so-pritisok-apsenja-i-progon-video/ Thu, 26 Sep 2019 12:04:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109226

Македонската асоцијација на новинари – МАН и редакцијата на порталот Инфомакс, заедно со колеги од други редакции денес протестира пред Јавното обвинителство (ЈО) и кривичниот суд по одлуката на ЈО да отвори кривична постапка против Александар Митевски, главниот уредник на порталот Инфомакс, бидејќи објавиле извадоци од содржината на исказот на бизнисменот Орце Камчев кој во ЈО во мај годинава пријаил кривично дело рекет во која пријава се спомнуваат осомничените за тоа дело Бојан Јовановски, Катица Јанева, Зоран Милевски Кичеец како и имиња на политичари од актуелната власт. Според ЈО новинарот со објавувањето на делови од исказот на бизнисменот Орце Камчев сторил кривично дело оддавање службена тајна. Објавувањето на содржината од исказот пред ЈО уследи откако ЈО во неколку наврати даваше лажни информации дека во исказите на пријавителот и сведоците не се спомнуваат политичари и дека новинарите шпекулираат и лажно ја известуваат јавноста со информации дека повеќе лица од политичкиот врв на власта се вмешани директно и индиректно во рекетирањето бизнисмени од скандалот Рекет, односно откако републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски децидно тврдеше дека се шират лажни вести за тој случај. Како одговор на оваа прозивка и клеветење од страна на обвинителот Јовевски кон новинарите порталот Инфомакс изнесе детали и документи со кои јасно се виде дека државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски лажел, дека свесно ги штити политичарите од врвот на власта со прикривање информации кои ги теретат и подразбираат и кривична и политичка одговорност од учесниците. Дури по објавувањето на докумнетите од сведочења на пријавителот и сведоците, соочени со јавно пласирање на фактите, ЈО повика на распит неколку лица од актуелната власт поврзани со скандалот Рекет. Наместо да побара одговорност во своите редови поради прикривање факти пред јавноста и обид да се заштити од одговорност актуелната власт, како и да спроведе детална истрага за лицата од власта кои се спомнуваат од сведоците, Јавното обвинителство реши да ги гони новинарите кои ги објавиле фактите, и со тоа да изврши притисок и заплашување врз новинарите и медиумите во иднина да се воздржуваат од објавување факти кои се на штета на лица од актуелната власт. Наместо да ја гони корупцијата и учесниците во неа Јавното обвинителство ги гони новинарите кои објавуваат факти и документи за корупција. Актуелната власт на Заев и сама преку закани, тужби и притисоци преку државни институции како Управа за јавни приходи и полиција постојано врши ваков притисок врз медиумите кои не се под контрола на власта. Дека е тоа така потврдата стаса и на денот кога се протестираше за овој настан пред ЈО. Имено, полицијата упадна во редакцијата на порталот Нетпрес и вршеше распит на новинарите и уредникот Дејан Николовски за тоа од каде му се податоците и аудио снимката од кабинетот на секретарот на владата Рашковски од која снимка јасно се гледа како се договара местење тендер вреден 7 милиони евра за потреби на јавното, државно претпријатие за контрола на летање М-Нав. Овој коруптивен скандал на владата, персонифицирана во нејзиниот генерален секретар Рашковски, Јавното обвинителство не го обработува ниту благовремено ниту темелно и практично го амнестира Рашковски со притисок врз сведоци и новинари кои објавиле факти и документи како и со заташкување на случајот и пристап кон корупцијата кој однапред е осуден на замижување во однос на обвинение за висока корупција на Рашковски. Соработката ја Јавното обвинителство со актуелната извршна власт и интересите на премиерот Зоран Заев е повеќе од очигледна и извесно е дека еден ден, кога ќе се создадат услови за слободно делување на законот, ќе мора да се бара кривична одговорност од државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски и шефот на одделот за организиран криминал при ЈО Вилма Рускоска. Денес новинарите протестираа пред Јавното обвинителство и кривичниот суд, на бело перниче свечено пред Јавното обвинителство оставија лисици за притвореници кои Јавното обвинителство ги употребува за новинари кои објавуваат факти и документи на штета на актуелната власт која корупциите ги врши веќе на дневна основа. Пред кривичниот суд, на свечено бело перниче, оставен е микрофон кој судот го одзема заедно со одземање на правото на новинарите тие микрофни да ги употребуваат за својата работа и за слобода на новинарскиот говор. Од доаѓањето на власт на СДСМ и воспоставување целосна владина контрола врз судот, Јавното обвинителство и СЈО, под притисок на владата на Зоран Заев и неговите експоненти во судовите и обвинителставата оставки дадоа неколку уредници на медиуми: Драган Павловиќ Латас во ТВ Сител, Саше Стојановски во порталот Курир, Бранко Геровски во Слободен печат, Ивона Талевска во весникот Вечер… Против постапките на Јавното обвинителство и ваквите притисоци од извршната власт на Зоран Заев а, преку него, од Јавното обвинителство и кривичниот суд освен Македонската асоцијација на новинари МАН се спротиставија и Здружението на новинари ЗНМ, како и Агенцијата за медиуми. Објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот Инфомакс. https://www.youtube.com/watch?time_continue=11&v=RJGG1H7s0f4]]>