апликации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Mar 2024 13:25:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png апликации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Една фотографија никогаш не треба да објавувате на апликациите за запознавање https://arhiva.vistina.com.mk/edna-fotografija-nikogash-ne-treba-da-objavuvate-na-aplikatsiite-za-zapoznavane/ Fri, 01 Mar 2024 13:45:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340857

Луѓето што користат апликации за запознавање треба да избираат фотографии кои најдобро ги покажуваат, бидејќи на тој начин оставаат прв впечаток кај потенцијалните партнери. Но, со објавување на една фотографија многу често можат да бидат „означени“ како непожелен партнер. Како што пишува Metro, ​​новото истражување покажало дека постои една работа што ќе ги обесхрабри потенцијалните партнери да започнат комуникација на апликациите за запознавање. Станува збор за објавување фотографии од теретана. Истражувањето покажа дека повеќе од 59% признале дека фотографиите од теретана на профилот на апликацијата за запознавање се т.н. „црвено знаме“, или предупредувачки знак. Сепак, тоа не значи дека самата теретана е недостапна за романса.
Истото истражување покажа дека повеќе од 50% од луѓето мислат дека флертувањето во теретана е пожелно и добро. Еден од 20 луѓе се преправа дека сака да вежба за да ги импресионира другите во теретана. Но, иако многу луѓе не сакаат да гледаат селфија од теретана на апликациите за запознавање, тоа не значи дека не ги сакаат луѓето што вежбаат. Исто така, студијата спроведена од апликацијата за личен тренер Zing Coach, напојувана со вештачка интелигенција, покажа дека 84% од луѓето рекле дека вежбањето со романтичен партнер е „жешко“, додека 73% од луѓето мислат дека паровите кои вежбаат заедно имаат посилна врска. Меѓутоа, ако барате начини да го подобрите вашиот профил на овие апликации, професорката на Универзитетот во Калифорнија, Џулиана Шредер, неодамна спроведе студија барајќи од учесниците да ги оценат профилите за запознавање од две различни страници. Таа откри дека претпочитаните профили се оние што нагласуваат дека сака да знае нешто за другата личност наместо да ги нагласува сопствените атрибути. Значи, ако кажете нешто како „она што би сакал да го знам за вас е...“ на вашиот профил за запознавање, има добри шанси да бидете поуспешни во потрагата по љубов. Извор: Кајгана]]>

Снеже Велков и кога е по дома е… „девојката со точакот“: Само што понекогаш велосипедот место да го јавне го обува, ама затоа автомобилот и е паркиран… секогаш на вистинското место! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/snezhe-velkov-i-koga-e-po-doma-e-devojkata-so-tochakot-samo-shto-ponekogash-velosipedot-mesto-da-go-javne-go-obuva-ama-zatoa-avtomobilot-i-e-parkiran-sekogash-na-vistinskoto-mesto-foto/ Wed, 13 Sep 2023 07:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317694

Македонската ТВ водителка Снеже Велков колку и да вежба, нејзина здрава навика и секојдневна рутина која никако не ја запоставува е нејзиниот велосипед кој и е при рака во секое време, особено за добро утро. Неколку километри на патеката по кејот на Вардар низ Скопје рано наутро, за опуштање на мускулите, раздвижување, подобра циркулација, кондиција, топ форма... Арно ама, секое непишано правило има и свој непишан исклучок, па така на „девојката со точакот“ овој пат  и се случи да остане без утринска тура со точакот... Затоа пак русокосата екс пилатес инструкторка, а сега одново ТВ водителка вежбањето по дома никако не го пропушти. Гумената подлога распослана на подот, шишето со вода покрај неа, соодветно музиче од телефонот и шпага за почетно разгибување... Арно ама, само што ги испружи долгите нозе од крај до крај, почнаа да пристигаат и пораките на мобилниот. „Снеже кај ти е точакот, па кај ти е точакот“? Сиротата, не ја оставија на раат да повежба! За да им удоволи на љубопитните, а и веројатно да ги симне од глава да не и додеваат додека ужива во утринската рутина, водителката во еден кадар со два збора реши да им одговори. „Еве го точакот, на чорапите“ - споделила синооката убавица, покажувајќи ги апликациите со велосипед со кои се украсени нејзините летни, тегет спортски чорапчиња за вежбање. Арно ама, оние најљубопитните, решиле да одат до крај, за да разоткријат уште една дилема за добро утро. Имено,  многумина ги интересираше уште една работа, која некако им се видела многу логична. Ако Снеже Велков носи чорапчиња со апликации со точачиња, зашто омилено превозно средство и е велосипедот, тогаш што е со автомобилот? Дали можеби апликациите со автомобилчиња по логика на нештата се „паркирани“ на облеката под хеланките на водителката? На таа дилема околу „автомобилот и паркирањето“, за да не ги шокира со изненадувањето, водителката возврати со друг тип фотографија, оставајќи им го одговорот на љубопитните... на нивната бујна фантазија! Фото: Инстаграм/velkovsneze    ]]>

Ги нарекуваат кралици на фотошопот, а вака изгледаат во реалноста: Погледнете ги ријалити ѕвездите Маја и Алекс во природно издание (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/gi-narekuvaat-kralitsi-na-fotoshopot-a-vaka-izgledaat-vo-realnosta-poglednete-gi-rijaliti-zvezdite-maja-i-aleks-vo-prirodno-izdanie-foto/ Wed, 28 Jun 2023 07:38:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307965

Често можевме да читаме коментари под објавите на познатите старлети дека и покрај толку естетски корекции, тие се уште не се задоволни од својот изглед и се фотошопирани и го менуваат личниот опис.Истото го прават и некои пејачки, па често се осудувани поради тоа. Маја Маринковиќ и Александра Николиќ користат апликации за средување фотографии, а понекогаш се занесуваат и го менуваат личниот опис и ретко кој би ги препознал. Овој пат погледнете ги на  фотографии без фотошоп, каде и двете реалити ѕвезди се во природна состојба. Маја на својот Инстаграм објави фотографија која ја уредила:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARIJA MARINKOVIC (@majaamarinkovic)

А ова е фотографија направена од фотографите пред зградата на Пинк истата вечер: Александра често користи апликации за средување, а се сеќаваме и на ситуацијата кога за тоа ја критикуваа и во Задруга.
Поранешната ријалити учесничка го сменила личниот опис, се коментира, и иако претходно беше отворена за процедурите кои ги имала на себе, сега многумина шпекулираат дали повторно имала интервенции или се работи за фотошоп. Ја промени и бојата на косата и повеќе не е најсветлата русокоса. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес/М.П]]>

Дури 80 % лажат на апликациите за запознавање: Еве за што мамат мажите, а за што жените https://arhiva.vistina.com.mk/duri-80-lazhat-na-aplikatsiite-za-zapoznavane-eve-za-shto-mamat-mazhite-a-za-shto-zhenite/ Tue, 11 Apr 2023 12:20:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297772

Кога станува збор за физичкиот изглед, мажите најчесто лажат за својата висина, додека жените за својата тежина. И двата пола се подеднакво „виновни“ за изборот на најдобрата профилна фотографија, на која можеби се помлади и изгледаат подобро… Речиси 80 проценти од луѓето го украсуваат својот профил за запознавање со лаги, но тие лаги се различни во зависност од тоа дали се мажи или жени. Имено, мажите на почетокот најмногу ги привлекува изгледот на жената, додека жените ги привлекува она што го прави мажот и колку е способен. Иако ова се вообичаени параметри, луѓето често лажат за да се обидат да ги подобрат своите шанси со групите што ги привлекуваат. Кога станува збор за физичкиот изглед, мажите најчесто лажат за својата висина, додека жените за својата тежина. И двата пола се подеднакво „виновни“ за изборот на најдобрите профилни фотографии, на кои можеби се помлади и изгледаат подобро отколку што всушност се. Закони на привлечност Лагите се различни, но едно истражување откри на кои лаги е најчувствителен спротивниот пол, пишува Big Think. Имено, во истражувањето спроведено на 388 испитаници на возраст од 18 до 40 години, откриено е дека на мажите им е најлошо кога жените лажат за својот изглед, а на жените им е најтешко да лажат што прават мажите. И на мажите и на жените подеднакво им пречеше лагата за нивото на несебичност кај друга личност и помагањето на другите. И покрај тоа, физичката привлечност е подеднакво важна и за двата пола, иако различно се манифестира. Мажите најчесто ги привлекува физичкиот изглед, висината, телото и очите на жената, додека кај жените најважно за привлечноста не е изгледот, туку шармот, интелигенцијата и хуморот. Иако вака може да се генерализираат законите за привлекување меѓу луѓето, привлечноста сепак е многу различна за секого. извор:попара.мк]]>

„Здружението на естрадни уметници на Македонија“ ги реобјави критериумите за добивање финансиска помош на неговите членови https://arhiva.vistina.com.mk/zdruzenieto-na-estradni-umetnici-na-makedonija-gi-reobjavi-kriteriumite-za-dobivanje-finansiska-pomosh-na-negovite-chlenovi/ Mon, 15 Jun 2020 12:04:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153786

Почитувани колеги, Еве најнови информации за сите оние што се заинтересирани за финансиска помош поради кризата. Во службен весник е објавена уредбата на владата каде што се наведени повеќе детали. Според овој текст здружението на естрадни уметници (ЗЕУМ) ќе треба да издава уверенија за апликантите. Наведените критериуми се одредени од владата. Еве го делот од уредбата во кој се објаснети критериумите:   УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЕСТРАДНИТЕ УМЕТНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Член 1 Со оваа уредба со законска сила се уредуваат усло- вите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коро- навирусот , за месеците април и мај 2020 го- дина. „Естраден уметник“ е лице кое учествува во создавање и интерпретација на изворна или современа и новокомпонирана музика и е член на Здружението на естрадни уметници на Македонија. Член 2 Постапката за финансиската поддршка на естрадни- те уметници ќе се спроведува преку Генералниот сек- ретаријат на Владата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Генералниот секретаријат), а исплатата на средствата за финансиската поддршка се врши од средствата собрани во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот формиран во рамки на Генералниот секретаријат. Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 го- дина, во месечен нето износ од 14.500 ден. Корисник на финансиска поддршка согласно одредбите од оваа уредба со законска сила може да биде естраден уметник-барател на финансиска поддршка, ако: - е државјанин на Република Северна Македонија; - не е вработен или ангажиран со договор на дело во друг правен субјект, според евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија; - не остварува други приходи по било кој основ за месеците април и мај 2020 година; - активностите во кои требало да учествува се откажани поради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот што го потврдува Здружението на естрадни уметници на Македонија и -во последните пет години остварил значајна музичка кариера, учествувал во интерпретација или создавање на изворна или современа и новокомпонирана музика, учествувал на врвните фестивали од областа во земјата, што го потврдува Здружението на естрадни уметници на Македонија. Генералниот секретар на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, ја формира Комисијата која се состои од пет члена, и тоа националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на Република Северна Македонија, посебниот советник за култура на претседателот на Владата на Ре- публика Северна Македонија и еден член на предлог на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, од редот на вработените админис- тративни службеници во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и двајца членови на предлог на Здружението на естрадни уметници на Македонија, од редот на истакнати естрадни уметници. Барателот на финансиската поддршка во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик треба да го достави барањето во Генералниот секретаријат.
]]>

Важно: Проверете дали вашето дете ги има овие апликации на мобилниот! https://arhiva.vistina.com.mk/vazno-proverete-dali-vasheto-dete-gi-ima-ovie-aplikacii-na-mobilniot/ Wed, 28 Nov 2018 13:00:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60072

Апликациите на мобилниот телефон служат за да ни го олеснат животот. Но ако сте родител треба да обрнете внимание, бидејќи некои од нив колку наивно и да изгледаат, а истите можат да бидат опасни за детето. Tinder Оваа апликација се користи за запознавање. Корисниците си ги оценуваат профилите едни на други и ги гледаат локациите на другите корисници. Секој ден се отвораат 450 милиони нови профили. Проблемот е во тоа што, возрасните лесно можат да ги најдат малолетните и оваа апликација често се користи за злоставување преку Интернет. Snapchat Со помош на оваа апликација, корисниците еден на друг си испраќаат фотографии и снимки на сите кои се на листата на пријатели. Тој што ги испраќа податоците може да одреди колку долго ќе биде достапна на примателот, по што се самоуништува. Проблемот е во тоа што, апликацијата често се користи за сексуално допишување. Многумина се прелажуваат, бидејќи ја сметаат дека е најсигурен начин, но многу фотографии и снимки од овде завршуваат на порнографски сајтови. Blendr Оваа апликација служи за запознавање на нови луѓе и преку неа се испраќаат фотографии, пораки, снимки кои потоа други ги оценуваат. Сексуалните манијаци лесно можат да стапат во контакт со малолетните, а малолетните да ги запознаат возрасните. Kik Messenger Оваа апликација се користи за допишување и сега ја користат повеќе од 100 милиони луѓе. Тие можат да разменуваат снимки и фотографии. Децата оваа апликација ја користат за испраќање на селфи на кои се разголени, а не постои добрa контрола на содржината, па до децата лесно можат да стигнат и повозрасни. Whisper Оваа апликација е за исповед. Со помош на неа, корисниците споделуваат фотографии, приказни, мисли. Оваа апликација го открива и местото на корисникот, иако се пишува анонимно. Без разлика на анонимноста, децата ставаат фотографии од други деца, а корисниците можат да комуницираат едни со други, врз основа на оддалеченоста. А, никогаш не се знае кој е на другата страна. Ask.fm Ова е една од најпопуларните социјални мрежи меѓу децата. На неа се поставуваат прашања до другите корисници и се даваат одговори на прашањата кои другите ги поставиле. Проблем е во тоа што, на оваа апликација децата често се здружуваат против друго дете и го понижуваат. Оваа апликација е поврзана со девет случаи на самоубиство во Америка и Велика Британија.

Дали апликациите ни го „уништија“ животот? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-aplikaciite-ni-go-unishtija-zivotot/ Fri, 22 Jun 2018 12:57:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=32716

Најпрво, беше интересно кога преку апликација можеше да се работи, да се оди на состаноци, да се плаќа… Денеска, се чини дека токму апликациите на мобилните телефони ја презедоа контролата врз животот. Еден просечен корисник на паметен телефон користи најмалку 10 апликации, а кај некои овој број е поголем. Почнувајќи од социјалните мрежи, потоа игри, мејлови, мобилно банкарство, плаќање, уредување на фотографии, па сè до најобичните списоци за купување, мобилните телефони владеат со нашиот живот.
Многумина би рекле дека доколку го изгубат или оштетат мобилниот, ќе се чувствуваат како да го изгубиле целиот живот, што и не е далеку од вистината. Речиси целиот наш приватен и деловен живот се наоѓа во тоа парче технологија. Бројот на апликации во онлајн-продавниците на Гугл и Епл секојдневно расте, со цел да се олесни животот на корисникот. Но, како тоа ќе влијае на долгорочен план?
Психијатрите и невролозите веќе извесно време укажуваат на ова како на епидемија. Според нив, лесната достапност на информацијата во секое време придонесува за намалена мозочна активност. Наместо да се посветиме на реални проблеми и активности, слободното време го трошиме на разгледување на социјалните мрежи, играње игри и на виртуелни разговори. Влијанието е видливо и во способноста на учениците да совладуваат нови материи. Наместо да седнат и да научат, тие веќе имаат апликација која ќе ја реши задачата наместо нив. Ваквиот начин на функционирање отвора ново еволуциско поглавје во кое една карактеристика ги надвладува другите – стануваме сè повеќе и повеќе мрзливи. Сепак, ова не значи дека треба под итно да се ослободиме од саканиот паметен телефон и да се вратиме на старите модели. Најдобро е да се балансира, односно да се користи телефонот во ситуации кога тоа е потребно, а во слободното време, наместо бесконечно гледање видеа и играње игри, да се посветиме на блиските и најважно, на себе.