апчиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Jan 2024 13:21:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png апчиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската пејачка наместо со екстра заработка со празнична главоболка: Место бакшиш – апчиња, па за да ја поправи работата, Марија му ја „кидна“ за Германија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-pejachka-namesto-so-ekstra-zarabotka-so-praznichna-glavobolka-mesto-bakshish-apchina-pa-za-da-ja-popravi-rabota-marija-mu-ja-kidna-za-germanija-foto/ Sat, 13 Jan 2024 09:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333636

На „кралицата на бакшишот“,  Марија Луиса Тодоровска, по се изгледа не и испадна математиката за Нова Година!? Или барем така тоа изгледа од она што пејачката на една од своите последни Инстаграм стории го споделила, каде беше многу загрижена. На фотката сајзерот наместо накитен со девизи и денари, полн со таблети и лекови... Оние што се разбираат во фармација велат: Ништо страшно, „битолската фолк грација“ изгледа малку ја стегнале крајниците, зашто меѓу апчињата повеќето се „бонбончиња за лижење“ кога ќе те загребе грлото, па во нив пејачката го побарала спасот кога и подзарипнал гласот. Покрај нив уште некоја парацетамол таблета  и уште по нешто за препотување... ама бакшишот го нема никаде? Можеби токму затоа, за да ја надополни заработката и излечи главоболката,  Марија му ја „кидна“ за Германија. И тоа правец - Минхен, кај што има мноштво нашинци кои празнично расположени, би требало да и ја поправат работата со заработката на фолкерката. А кога ќе дојдеш со „ситниш“ на Запад, не ти останува ништо друго освен и кафето да го пиеш на улица, по сокаци... До душа, Мариен Плац не е Широк Сокак, ама ако... Во добро друштво кафето и вака е слатко! Но, штом дојде време за вечерниот настап, расположението веднаш се менува и тоа правопропорционално со заработката... Зашто сега сајзерот среде свирка на секоја дирка наместо со лекови, апчиња, таблети, е богато накитен со двоцифрени и троцифрени европски банкноти! Па затоа другиот ден кафето веќе не се пие на улица, туку во голем шопинг мол, каде се чека редица пред ексклузивна продавница, за да се потроши нешто од бакшишот, на некое луксузно парче или скап акцесоар, купен сама себеси на дар! Единствено остана дилемата со таблетите на пејачката оставени среде свирка на сајзерот од почетокот на приказната... Дали сите беа за грло, главоболка, настинка...? Антибиотик како замена за инјекција или сепак меѓу таблетите имаше скриено по некоја и за... контрацепција? Фото: Инстаграм/luisa.todorovska]]>

Апчињата за контрацепција никако не треба да ги чувате на ова место во куќата – го губат дејството! https://arhiva.vistina.com.mk/apchinata-za-kontratseptsija-nikako-ne-treba-da-gi-chuvate-na-ova-mesto-vo-kukata-go-gubat-dejstvoto/ Mon, 20 Nov 2023 13:00:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327729

Апчињата за контрацепција се супер оружје за жените кои не сакаат да останат бремени, како и за оние кои имаат проблеми со хормоналната нерамнотежа и промените на расположението. Сепак, експертите предупредуваат дека е опасно да ги чувате во ормарите или други места во бањата. Некои луѓе го чуваат својот лек во кујната, но повеќето го чуваат во кабинетот над мијалникот во бањата, што може да биде крајно опасно кога станува збор за овој вид таблети, а одговорот лежи во ефектот на влагата врз ефектот на лекот. Влажноста и влагата од бањата може да ги променат компонентите во пилулата, што ја прави помалку ефективна, па затоа треба да се чува на ладно и темно место, пишува Mirror. Извор: Попара.мк]]>

Кога таблетите за контрацепција може да не делуваат? https://arhiva.vistina.com.mk/koga-tabletite-za-kontracepcija-moze-da-ne-deluvaat/ Fri, 18 May 2018 11:55:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27669

Апчињата за контрацепција се едни од најчестите методи за контрацепција. Ако се земаат правилно, овие апчиња делуваат во 99,7% од случаите. Но постојат ситуации и кога тие воопшто не делуваат. Во продолжение погледнете шест такви ситуации. 1. Сте заборавиле да го испиете апчето или прекасно сте почнале со новото пакување Најголемата причина за неефикасноста на овие апчиња е тоа што жените не ги земаат редовно. Односно, заборавањето да ја испиете дозата можеби е најголемата грешка бидејќи постои можност да останете бремени. Кај повеќето контрацепциски апчиња нема ништо да се случи ако го заборавите апчето во средината или при крајот на пакувањето. Но, ако почнете нов циклус и заборавите да испиете некои од првите 7 апчиња, може да настане проблем. Вашиот циклус на овулација може да се помести и потоа апчињата нема да можат да го сопрат. Првата недела од земањето апчиња е најважна за спречување на развојот на јајце клетката. Значи постои поголема можност за зачнување ако направите поголема пауза во овој период. Ако заборавите да ја испиете која било пилула, испијте ја штом ќе се сетите. Но, испијте ја и онаа која редовно ви следува. Ако сте направиле грешка имајте предвид дека дејството на апчињата може да биде намалено, па најдобро е да користите и друго средство за заштита додека не го истрошите пакувањето. 2. Имате воспаление на цревата или друга болест на дигестивниот систем Болестите на дигестивниот систем можат да го спречат апсорбирањето на кои било орални лекови, вклучувајќи ги и апчињата за контрацепција. Со ова се намалува дејството на апчињата. Ако имате дијареја или повраќате 2 или повеќе дена, однесувајте се како да сте заборавиле да го испиете апчето. На жените со хронични проблеми на дигестивниот систем им се препорачува да користат и некој друг метод за заштита од бременост. 3. Земате одредени лекови против мигрена или епилепсија Некои видови лекови кои се земаат за епилепсија ги размножуваат ензимите во црниот дроб. Ова значи дека се забрзува процесот на разградување хормони во црниот дроб. Ова важи за секој облик хормонална контрацепција, без разлика на начинот на примање. Важно е да му кажете на вашиот лекар каква контрацепција користите за да ви каже што да правите. 4. Не ги земате апчињата со прогестерон точно и секој ден во исто време Временската разлика од 3-4 часа нема да биде проблем кај комбинираната хормонска контрацепција – апчиња со естроген и гестаген. Но сепак се препорачува редовно земање. Ако пиете апчиња кои содржат само гестаген, важно е да внимавате на распоредот. Овие апчиња обично ги пијат жени кои дојат или кои не можат да примаат естероген. Тие создаваат слуз која е непробојна за сперматозоидите. Па и најмалата неправилност може да го намали нивното дејство. Ако ги заборавите или задоцните со пиењето на апчињата, следните неколку денови користете и друго средство за контрацепција. 5. Пиете некои антибиотици Повеќето антибиотици, како оние за инфекции на дишните патишта, уринарни инфекции или оние кои ги препишуваат по вадење заб немаат влијание на контрацепцијата. Но антибиотиците за болести како туберкулоза и менингитис може да влијаат. Во секој случај, ако ви е дијагностицирана болест за која е потребна подолга терапија, кажете му на вашиот лекар дека користите хормонална контрацепција за да може да ве советува. 6. Користите кантарион Кантарионот се користи за некои психички состојби како што е депресијата. Оваа билка може да го зголеми разградувањето на естерогенот, па со ова да го намали дејството на пилулите за контрацепција.]]>

Излечете ја главоболката без апчиња https://arhiva.vistina.com.mk/izlechete-ja-glavobolkata-bez-apchinja/ Mon, 16 Apr 2018 07:30:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20843

Дали поради стрес и замор или поради настинка, главоболката се појавува многу често и нè измачува. Следниот пат, пред да започнете да барате апче, пробајте да ја отстраните на некој од следните начини: Турско кафе со лимон може да ви помогне да ја отстраните главоболката.
  1. Напијте се едно силно кафе (турско или еспресо), во кое што ќе исцедите еден лимон.
  2. Ставете една супена лажица кантарион во 250ml вода. Откако ќе поминат 15 минути, прецедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.
  3. Во 500ml врела вода ставете една лажица сушени лисја од нане. По 30 минути исцедете ја течноста и пијте ја три пати на ден.
  4. Исцедете сок од три кисели јаболка и во него додајте една лажица мед. Испијте го нагладно.
  5. Лисјата од гинко билоба се популарен лек за главоболка. Тие го подобруваат крвотокот и со тоа помагаат повеќе кислород да достигне до мозокот.
]]>