антонио парапулов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Nov 2018 09:41:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png антонио парапулов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пејачката Мартина неутешна по загубата на сопругот: „Тој што ни ја нанесе болката му посакувам истово да го доживее“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-martina-neuteshna-po-zagubata-na-soprugot-toj-shto-ni-ja-nanese-bolkata-mu-posakuvam-istovo-da-go-dozivee-foto/ Wed, 07 Nov 2018 09:37:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56648

Некогашната македонска поп пејачка Мартина Димовска во 2015 година, како што објавија тогаш медиумите, се омажи за „бизнисменот“ Антонио Парапулов, кој беше повозрасен од неа, на што се противеше нејзиното семејство. Сепак, Мартина во медиумите и на социјалните мрежи изјавуваше дека е пресреќна, особено откако остана бремена, а подоцна и ја роди ќеркичката Антонија.
Без оглед на тоа што во почетокот не им беше право. сепак нејзините најблиски ја прифатија одлуката на нивната ќерка и внука, по што изгледаше дека среќата и нема крај. За жал, се' до таа кобна ноќ во последните денови на септември кога нејзиниот сопруг Антонио Парапулов беше еден од починатите во возилото Сеат алтеа, кое беше изрешетамно со истрели од автоматско оружје, од до ден-денес за јавноста „непознати сторители“ од друго возило во движење.
Јавноста тогаш, а и се' уште шпекулира дека е во прашање физичка ликвидација  како последица на пресметки во скопското криминално подземје, што ги отвори сомнежите и за „другото лице“ на сопругот на пејачката. Но, како и да е тој беше нејзината љубов, животен сопатник и татко на нејзината ќеркичка која го доби истото име - Антонија.
По трагичната загуба, Мартина очигледно не може се' уште да излезе од шокот, а својата болка, тага и очај таа се обидува одвреме-навреме да ги ублажи споделувајќи ги на социјалните мрежи со јавноста.
„Душо моја... Господ нека ти ги отвори рајските порти....Господ ни даде 6 години љубов и едно мало ќеркиче.... ветувам дека ќе живеам за нејзе, а јас и ти ќе се сретнеме некогаш и негде.... ТЕ САКАМ“ - напиша таа ден по смртта на својот сопруг.
Таков е и нејзиниот последен статус, еден месец по убиството на сопругот, во кој таа покрај болката го искажала и сиот свој гнев и клетва кон душманите на нејзината среќа: „Токи мој....месец дена помина откако проклетите душмани те земаа.....Ми фалиш душичке ми фалиш Муцееее... Антониа те бара, срцево те бара!!! Знам дека не гледаш и не чуваш од горе ми даваш сила да се борам како лавица!!! Тој што ни ја нанесе болката му посакувам истово да го доживее.... Те сакаме“ - напишала Мартина.
]]>