антонио димитриевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 18 Dec 2023 08:18:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png антонио димитриевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Уредникот на „Вистина“ Антонио Димитриевски на „Жешко столче“: „Ние сме таблоид, но името доволно кажува дали објавуваме лажни вести“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/urednikot-na-vistina-antonio-dimitrievski-na-zheshko-stolche-nie-sme-tabloid-no-imeto-dovolno-kazhuva-dali-objavuvame-lazhni-vesti-video/ Mon, 18 Dec 2023 08:18:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331390

Некогашен музичар кој свирел на тапани во неколку значајни македонски рок групи, меѓу кои најпозната е секако „Меморија“ со која го снима и првиот нивни албум „Оган под ѕвездите“. Речиси три и пол децении во новинарскиот еснаф. Новинар, уредник, ТВ и радио водител, која работел во сите можни медиуми. И електронските и печатените и овие кои се онлајн. Од Млад борец и Фокус, преку МРТВ и Радио Слободна Македонија, до Вистина... Од извршен продуцент и сопственик на „Премиер продукција“ до проект менаџер една цела деценија на „Универзална сала“. Од „Пулсирања“, „Шоуто мора да продолжи“, „Мислам дека имаме хит“, „Хит на месецот“, „Евтини приказни“, до „5 минути Вистина на РСМ“ и „Ништо лично“ на Слободен печат... Автор и организатор на две клучни манифестации кои ја вреднуваа, валоризираа и наградуваа македонската музика и нејзините автори и изведувачи на најрелевантен начин уште во почетокот на 90-те... „12 Величествени“ како и „Македонскиот радиски фестивал - МАкедонската Радио Селекција - МАРС“ кој ги наградуваше најслушаните песни во годината по избор на македонските радиостаници, официјален ПР на последниот „Макфест 2023“... Последните десет години основач новинар и уредник на порталот за култура, забава, естрада, мода, музика... Вистина.ком.мк - Антонио Димитриевски на гости кај младиот водител Никола  Трпковски, седнат на „Жешко столче“ во неговиот истоимен подкаст одговараше на скокотливите прашања за македонската естрада, нејзините ѕвезди и оние кои тоа би сакале да бидат, за оние кои тоа не се, а мислат дека се, за соработката и релациите со нив и нивните менаџери, за порталот во кого е новинар и уредник последнава деценија,  за новинарството и т.н. онлајн новинарство, за односот со колегите од другите медиуми, за паралелите помеѓу популарните од регионот и домашните изведувачи, за Министерството за култура, медиумите, прајм тајмот, забавата... За многу нешта за кои другите не можат, не смеат или не сакаат да зборуваат или немаат што да кажат... Сето ова во видеото кое можете да го погледнете во продолжение... ]]>

Пред 15 – тина или 22-три години ќе да беше…? Лила Филиповска објави хит фотографија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-15-tina-ili-22-tri-godini-ke-da-beshe-lila-filipovska-objavi-hit-fotografija-foto/ Sat, 18 Feb 2023 08:11:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287617

Многу жени стареат достоинствено, а токму таква е нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска на која времето како да не и може ништо. Македонската водителката имаме прилика секој ден да ја гледаме на ТВ екраните во квизот „Сė или нешто“, кој  го  води повеќе од 10 години  и е доста активна и на социјалните мрежи, a речиси секојдневно објавува фотографии  со некој повод, рекламирајќи одредени козметички производи, позирајќи во некоја модна комбинација, од некое патување или снимање но, често и со некои нејзини најдраги личности или колеги. Овој пат таа се присети и не потсети на едно минато време,  па ископа стара фотографија на која позира заедно со Каролина Гочева, Бојан Маровиќ и Дани Димитровска. На фотографијата лесно може да забележиме дека Лила го задржала нејзиниот шарм и е истата онаа ведра дама со позитивна насмевка која ја краси до ден денес. Каролина откако ја виде Инстаграм приказната,  ја репостираше на нејзиниот профил и напиша дека фотографијата е стара и се случила пред 15 - тина година но, сепак со  прашалник и црвено срце ... Како доказ за младешкиот изглед на Лила говори и уште една постара фотографија  која е  направена токму на преминот на новиот милениум 2000 - 2001 - та година за Избор за ТВ лице на годината на тогашниот дневен весник „Вечер“, а овој пат на фотографијата позира заедно со ТВ водителот и новинар Антонио Димитриевски и пејачката Ребека Јанковска Ристевски. Лила не сака многу  да зборува за нејзините  години, но секогаш со доза на духовитост знае да се пошегува на сметка на нејзината возраст. Но, секако бројот на годините воопшто не е важен кога станува збор за било која дама, осбено не за неа,  поради енергијата и младешкиот дух кој го има во себе. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лила Филиповска/Фејзбук/Антонио Димитриевски  ]]>

Антонио Димитриевски: Ова денес е далеку од вистинско новинарство, само еротиката и црните вести најмногу палат и најдобро поминуваат (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonio-dimitrievski-ova-denes-e-daleku-od-vistinsko-novinarstvo-samo-erotikata-i-crnite-vesti-najmnogu-palat-i-najdobro-pominuvaat-video/ Fri, 19 Aug 2022 09:53:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263396

Антонио Димитриевски цели 33 години е дел од македонските медиуми. Кариерата ја почна како новинар во весникот „Млад борец“, но стана популарен во 90-те кога ги водеше емисиите „Пулсирања“ и подоцна „Шоуто мора да продолжи“ на Македонската телевизија. Беше првите неколку години од основањето дел од екипата на магазинот „Фокус“, работеше и на радио, а речиси последните десет години е уредник на порталот Вистина.ком.мк... И по повеќе од три децении откако се занимава со новинарство, Димитриевски вели дека со истиот елан и денес оди на работа. „Луѓето имаат хоби, а јас своето го претворив во професија. Дарбата за пишување ми е наследена од мајка ми, која имала литературни амбиции, но не станала позната писателка. А кај мене цело време некако се прелеваа музиката и новинарството“ - ни раскажа Антонио, чии наслови напишани во рима и со доза на еротика привлекуваат внимание на прво читање. Антонио порано пишуваше песни и за албумот „Оган под ѕвездите“ на култниот скопски бенд „Меморија“. Тој беше еден од оснивачите и тапанар во првиот состав на бендот и со многу емоции се сеќава на времето кога беа меѓу најпопуларните групи во Македонија и надвор од неа. „Кога ги правевме песните пред триесетина години не знаевме дека тие ќе се слушаат и денес. Добрата песна го наоѓа патот до публиката. Јас одамна не свирам и иако тоа не се заборава, не излегов со нив на бината. Го работев комплетниот ПР за концертот, но и се радував како мало дете кога ги гледав од публика. И иако знаев што ќе свират следно и како ќе тече концертот, тоа чувство не се опишува“- раскажува Димитриевски. Ретко зборува за приватниот живот, но сепак за „Репортер“ сподели по нешто за сопругата и ќерката. „Со мојата сопруга сме излегувале на исти места и така почна нашата љубов, иако таа знаеше кој сум и пред да се запознаеме“. Има и ќерка тинејџерка која ја наследила неговата дарба за пишување. „Има осет за литература и Македонски јазик, тоа ѝ лежи. Искрено, не би сакал да биде во овој еснаф. Ако сепак реши да се занимава со јавна професија максимално ќе ѝ помогнам, ама ќе бидам и максимално несреќен заради нејзиниот избор“- искрен е тој. Муабетите со Антонио немаат крај. Од музичките манифестации „12 Величествени“ и „МАРС“ што ги организираше, преку годините што ги помина во МРТ, до тоа каде е и што работи денес и колку е успешен во својата работа. Кој е Антони Димитриевски и зошто еротиката и црните вести најмногу палат и најдобро поминуваат... Дознајте од видеоинтервјуто: ]]>

„Едноставно заволиво“: Совети за здравје, убавина, музика, плус специјален гостин! https://arhiva.vistina.com.mk/ednostavno-zavolivo-soveti-za-zdravje-ubavina-muzika-plus-specijalen-gostin/ Fri, 27 Oct 2017 10:25:07 +0000 http://vistina.mk/?p=1720

За сите вас кои го пропуштивте минатото заводливо издание, мало потсетување! За сите оние кои имаат проблем со опаѓање на косата ви понудивме решенија од дерматологот Вања Битољану. Петар Вељановски, сопственик на продавница за миленичиња од лично искуство говори за тоа колку сопствениците купуваат гардероба за своите миленичиња, но даде и мислење за тоа дали дизајнерите кои ја креираат таа облека претеруваат со деталите. Во улога на водител го поканивме долгогодишниот музички новинар од сајтот Вистина.мк, Антонио Димитриевски кој по подолга пауза од малите екрани го потсетивме како е да си водител и одчично се снајде.
Тој ви ја претстави дамата која вашиот дом може да го претвори во вистинска бајка преку своите четки, Биљана Цветанова. Антонио Димитриевски ви го претстави и познатиот метеоролог Глигор Митковски на кој сите му веруваме кога ке ја најави временската прогноза, но овој пат ни говореше за своето хоби. И на крајот од нашиот урбан магазин за гледачите го поканивме едниствениот Да Џака Накот да ве размрда со своите пет музички предлози. Потсетете се и уживајте со последното издание на Едноставно за оваа недела! https://www.youtube.com/watch?v=S_0ONDVvrGw]]>