антонија гиговска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Feb 2022 13:23:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png антонија гиговска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Никола Трпковски од „Жешко столче“ на музичката сцена како Ninne со – „Сада знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nikola-trpkovski-od-zeshko-stolche-na-muzichkata-scena-kako-ninne-so-sada-znam-video/ Wed, 09 Feb 2022 13:18:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238358

По три успешни сезони на забавната емисија „Жешко столче“ снимени во Скопје и во Белград, водителот на емисијата Никола Трпковски отвора ново поглавје, зачекорувајќи и на музичката сцена, овој пат како Ninne. Неговото прво музичко остварување со наслов „Сада знам“, имаше своја промоција и премиера во Intermezzo Music Bar на 08 февруари, вторник,  како и на каналот на „Жешко столче“ на You Tube. Интересна нумера испена истовремено и на српски и на македонски јазик, лесно прифатлив звук, модерен бит и ултрамодерен видео запис. Музиката е на фронтменот на „Либеро бенд“, Иван Јованов  и Деки, исто така член на групата, додека ‭стиховите ги напишала младата раперка, ‬Дијана‭ ‬ОГ. Иван Јованов и неговата девојка, Антонија Гиговска дадоа свој придонес и во целиот процес на пеење и се јавуваат како придружни вокали чии гласови ги слушате во позадина на снимката. Видеозаписот е потпишан од режисерот Владимир Митревски – Ѓуле и од матичната продукција МАГ која стои и зад проектот „Жешко столче“, а во спотот се појавува и моделот Сара. Како изгледа и звучи сето ова спакувано, проследете во видеото подолу: ]]>

Македонски ѕвезди за крај на насилството врз жени и девојчиња со своја верзија на – „Очи црни“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonski-dzvezdi-za-kraj-na-nasilstvoto-vrz-zeni-i-devojchinja-so-svoja-verzija-na-ochi-crni-video/ Fri, 10 Dec 2021 06:38:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230746

„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ е годинешното мото со кое  Македонија се приклучува на глобалната кампања „Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега!“ Секоја втора жена во земјава се има соочено со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување додека 14 отсто од жените се соочиле со физичко или сексуално насилство, покажува последното истражување за насилство врз жени, предводено од ОБСЕ. Последица на пандемијата е и порастот на случаите на домашно насилство каде најголем број од жртвите се жени. Во рамки на кампањата, одекнуваат моќно гласовите на македонските поп ѕвезди Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрин, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) во песната „Очи црни“. Аранжманот е на Џијан Емин, а препевот на песната го направиле Диме Поповски и Васиа Поповска, песна со која македонските музички ѕвезди сакаат да ги поканат сите мажи и жени да излезат и да пеат, да бараат, да кажат јасно, да кажат гласно – не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ! ]]>

Јелена Розга го остави срцето во новата балада „Мојата пролет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-rozga-go-ostavi-srceto-vo-novata-balada-mojata-prolet-video/ Tue, 29 Jan 2019 13:54:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70009

Регионалната поп дива, хрватскат пејачка Јелена Розга денес, вторник, 29-ти јануари 2019,  премиерно ја претстави песната и видеото за нејзината најнова балада насловена „Мојата пролет“ (Moje proljece), со која ќе се претстави и на вечерашното прво доделување на регионалните музички МАЦ награди во Белград.
Розга за прв пат соработува со сосема нова екипа, во која покрај Популарната Емина јаховиќ, која ги потпишува музиката и стиховите на песната, се појавуваат и нашиот Дарко Димитров кој го работеше аранжманот и мастерингот на песната, додека придружните вокали во неа ги пее нашата Антонија Гиговска.
„Овој пат не ви донесов песна... ви го носам моето срце, емоции, живот. Годините низ кои сетпо тоа она што го чувствував, спакувани во неколку минути. Ова не е моја песна, јас сум нејзина. И тоа за прв пат. пуштете ја утре силно, гласно. дали ќе почувствувате исто што и јас?“ - со овие зборови хрватската поп дива им се обрати на своите обожаватели, очигледно видно возбудена пред премиерата на оваа ретко трогателна балада.
Дека емоциите навистина ја погодиле, кинејќи и ја душата, Розга покажува и во самото видео, каде отворено ги покажува сите свои чувства, споделувајќи ги со своите фанови. За едноставниот, но мошне ефектен видеоспот и овој пат се погрижил нејзиниот стар соработник со својата екипа, режисерот Дарио Радушин.
Како звучи „Нејзината пролет“ и како изгледа Розга во снежнобелата визуелизација, премиерно проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=e3AHm4K3XwU      ]]>

„Ти веќе си ѕвезда“ – жирито со скандирање и отворени овации за Антонија Гиговска при нејзиниот последен настап во „Пинковите ѕвездички“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ti-vekje-si-dzvezda-zirito-so-skandiranje-i-otvoreni-ovacii-za-antonija-gigovska-pri-nejziniot-posleden-nastap-vo-pinkovite-dzvezdichki-video/ Sat, 19 Jan 2019 08:55:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68222

Во оваа фантастична ноќ во која „Сите ѕвезди од Пинковите ѕвездички“ одговараа со своите изведби на тема: „Рок музиката во седумдесеттите и осумдесеттите години“, ја затвори нашата Антонија Гиговска, која ја изведе песната "Black Velvet" во изведба на Allanah Myles. А ја изведе за чиста петка.
Жирито беше воодушевеноо д интерпретацијата на Антонија, кое без да размислува и ги додели сите пет гласови. „Магистаер, доктор, специјалист, хирург... сето тоа е точно. Ни милиметар, ни секунда не би одземал или додал, ти си се совршена. Ова беше од А до Ш погодено, секој тон, секое движење, темата, изгледот, се'... Освен тоа, ти можеш да шеташ по различни жанрови, а во секој од нив  маестрално да брилјираш. Јас навистина мислам дека си тука една од најдобрите, ако не и најдобриот пејач“ - рече со полна уста пофалби Милан Станковиќ.
„Истото го мислам и јас... Но, сметам дека ти овде малку си заталкала, бидејќи следната година очекувам од тебе сингл и да застанеш во рангот на изведувачи кои со години се на сцената. Јас тебе не те доживувам како дете, зашто ти си толку изграден интерпретатор кој го има сето она што е потребно за да не биде само пејач,  туку ѕвезда. Ти веќе си ѕвезда“ - и рече Наташа Беквалац.
Ако сте пропуштиле да ја погледнете оваа фантастична изведба на Антонија Гиговска, тоа можете да го направите во видеото што следува. https://www.youtube.com/watch?v=od9OF4L1p0w#action=share]]>

Макфестовска победничка Антонија Гиговска со видео за првонаградената „Никогаш не вели никогаш“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makfestovska-pobednichka-antonija-gigovska-so-video-za-prvonagradenata-nikogash-ne-veli-nikogash-video/ Thu, 11 Oct 2018 10:13:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52490

Победничката на 33. издание на фестивалот  на забавни мелодии „Макфест 2018“,младата Антонија Гиговска го претстави видеото за првонаградената композиција „Никогаш не вели никогаш“.
Ова авторско дело на нејзините веќе редовни соработници – хитмејкерскиот братско-сестрински тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, собра најмногу гласови и од жирито и публиката, а сето тоа сега е дополнето и со одлична визуализација, за која се погрижил режисерот Даниел Јовески.
Во урбаната и романтична екранизација, каква и што доликува за една млада пејачка ѕвезда како Антонија, се појавува и машкиот модел Павле Николов. 
Како звучи победничката тема на „Макфест 2018“  слушнавте, а сега дознајте и дознајте како изгледа нејзината визуелизација во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=yrJJhynSy3k&feature=youtu.be]]>

Јана Бурческа откри што сега мисли за Евровизија и кој според неа треба да ја претставува Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/jana-burcheska-otkri-shto-sega-misli-za-evrovizija-i-koj-spored-nea-treba-da-ja-pretstavuva-makedonija/ Wed, 05 Sep 2018 07:16:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46272

Минатата 2017 година во Киев со песната „Dance alone“, поп-пејачката Јана Бурческа ја претставуваше Македонија на изборот за песна на Евровизија. Откако се реализираше во улогата на сопруга и стана мајка, Јана како да се повлече од музиката, но веројатно и треба уште време за максимално да и биде посветена на својата наследничка Дона.
Деновиве и таа реши да ја започне играта со поставување прашања од следбенците на Инстаграм, кои ја прашаа дали повторно би настапила на евровизиската сцена? Таа одговори потврдно дека секоја година повторно и повторно би учествувала на Евровизија.
Додека пак на прашањето кого би сакала да види на овој голем музички натпревар кој би ја претставувал нашата земја, таа откри дека тоа би била Антониа Гиговска.
]]>

Антонија Гиговска – вицешемпион на фестивалот „Златен елен“ во Романија https://arhiva.vistina.com.mk/antonija-gigovska-viceshempion-na-festivalot-zlaten-elen-vo-romanija/ Tue, 04 Sep 2018 10:31:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46143

Антонија Гиговска  се врати од  Романија каде  на јубилејното 50. издание на популарниот романски фестивал  „Златен елен“ (Cerbul de aur), кој се одржува во градот Брешов, беше една од 18-те странски изведувачи.
Таа  на фестивалот го освои 2-рото место и симпатиите како на публиката, така и на жирито.
Талентираната македонска пејачка на сцената во Брешов се претстави со две песни – една романска и познатата „And I Am Telling You“ од култниот бродвејски мјузикл „Девојки од соништата“ (Dreamgirls), чија најпозната изведба е онаа од американската пејачка и актерка Џенифер Хадсон, а дел од изведбата токму на оваа моќна балада можете да видите во видеото подолу.
Она што најмногу го привлече вниманието на македонската јавност од овој настан е заедничката фотографија со светски познатата ѕвезда Никол Шерцингер. Имено, некогашната членка на „Пусикет долс“ беше една од главните ѕвезди во ревијалниот дел на фестивалот, па изгледа дека токму нашата Антонија ѝ  била фаворит.
„Ти благодарам за поддршката и прекрасните зборови“, напиша Гиговска споделувајќи ја заедничката фотографија со славната колешка која многу добро знае да препознае што е квалитет меѓудругото и заради нејзиното повеќегодишно искуство како ментор и судија во британскиот „Х фактор“, каде што до победа го доведе и фантастичниот Џејмс Артур. Се надеваме дека Никол неколку корисни совети ѝдала и на нашата Антонија.

Антониа Гиговска и Панчо имаат летен хит со мирис на – „Ванила“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonija-gigovska-i-pancho-imaat-leten-hit-so-miris-na-vanila-video/ Thu, 12 Jul 2018 11:26:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37798

Ова лето меѓудругото ќе носи и мирис на „Ванила“, зачинет со бранови љубов, како најава за нов, музички летен хит. Антониа Гиговска има нова песна токму со тој наслов - „Ванила“, за која е снимен и видеозапис кој на песната само и додава нота на шаренокликост и разиграност, доволни за да го збогатат и засилат впечатокот.
„Ванила“ е музичка ар ен би, поп-денс тема која звучи свежо, модерно и светски, а неа одново  ја потпишува братско-сестринската авторска двојка Лазар ( музика, аранжман, продукција) и Магдалена Ена Цветковски (стихови), чиј коавтор на текстот е Панчо (ДНК), кој е и специјален гостин во песната и видеото за „Ванила“.
Зад видеото пак, стои потписот на режисерот Даниел Јовески, што е дополнителна гаранција за успех на проектот, во кој уште покрај Антониа и Панчо се појавуваат и девојките од танчарската група Beatrix Crew.
Се' на се', „Ванила“ претендира да го обележи ова лето, кое дали по истата песна ќе се памти, не зависи само од песната и видеото, туку во многу нешта и од самата пејачка, а и од тоа како ќе биде изменаџиран целиот проект.
И медиумски и на терен - по клубовите, дискотеките, летните базени, плоштадите, летните фестивали... Секаде онаму, каде што се бара добра музика, за добра забава на младите.
Вака изгледа и звучи летната „Ванила“ на Антониа и Панчо: https://www.youtube.com/watch?v=NjaNLcXPu2s    ]]>

Антонија Гиговска се качи на… покрив! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonija-gigovska-se-kachi-na-pokriv-foto/ Thu, 19 Apr 2018 07:23:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21852

Младата македонска пејачка Антонија Гиговска  на јавноста и стана  позната по учеството во „Пинковите ѕвездички“ и улогата и настапите во македонсакиот мјузикл за Тоше Проески насловен „Тајно моја“. По прикажувањето на мјузиклот, Антонија ја продолжи својата кариера... По некој фестивалски обид, а младата  тинејџерка последно нешто што и го понуди на публиката беше нејзината песна и видеото за неа насловени „Слаба страна“!
Ама,  Антонија изгледа има и друга „слаба страна“ - да го погледне светот од високо. И како и секоја пејачка и таа би сакала еднаш конечно да биде на врвот. Затоа Антонија реши сама да си ја исполни желбата, па се качи на... покрив! И таму се фотографираше, па сликата ја постираше... на Инстаграм!
Дали младата пејачка навистина беше љубопитна да почуствува како изгледа да си осамен на врвот или само сакаше да биде поблиску до ѕвездите - само таа знае!?
А можеби само тргна да провери какво ќе биде времето за пикник... за 1-ви Мај?  Како и да е, сега конечно дознавме дека нејзината „слаба страна“ е да биде на високо... Макар и да треба да седи на покрив!  ]]>

Антонија Гиговска има – „Слаба страна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonija-gigovska-ima-slaba-strana-video/ Wed, 28 Feb 2018 10:07:05 +0000 http://vistina.mk/?p=14267

Младата поп пејачка Антонија Гиговска  го претстави својот нов, трет по ред сингл насловен „Слаба страна“, кој пристигна заедно со модерно и разиграно видео, како што и доликува за младата пејачка.
Како и за претходните две теми, така и овој пат авторските потписи се на Лазар и Магдалена Цветкоски, кои ги создадоа музиката и стиховите, а екранизацијата е дело на продукцијата „Томато“.
Заедно со Антонија танцуваат и членовите на танцовото студио „Битрикс кру“: Леонардо Хусеини, Стефани Пецалевска, Ана Марија Темелковска и Мартин Иванов, а за одличниот изглед се погрижија стилистот Даниел Николовски и „Фешн груп Македонија“.
Претставувајќи го новиот проект, младата ѕвезда им се заблагодари на сите што учествуваа во неговата реализација, како и на нетрпеливите обожаватели и на своите родители и братот, без чија поддршка не би успеала. Каква е нејзината „Слаба страна“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=9mhOpfeoGU8  ]]>