антониа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Dec 2022 10:07:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png антониа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Вечниот Бог“ со Антониа, Ламбе и Златно Славејче https://arhiva.vistina.com.mk/vechniot-bog-so-antonia-lambe-i-zlatno-slavejche/ Mon, 26 Dec 2022 10:07:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281544

Третата верзија на „Вечниот Бог" со Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно Славејче - е снимена! Инструменти, вокали, хорче - мелодијата на најпопуларната божикна песна кај нас, со освежен аранжман, е комплетирана! За доживувањата во студио ќе Ви раскажеме деновиве низ видео, а сега вредно продолжуваме со работа во Охрид, каде што започнува снимањето на спотот. Каква божикна приказна скрои генијалниот ум на нашиот режисер Дејан Пројковски и неговите соработници, ќе видите за само неколку дена. 
 
Наближуваат Бадник и Божик, нашите обврски, но и радоста се множат! Низ цела наша држава, во 50 градови и населени места во тек се подготовките за Бадниковите поворки на радоста што на 6-ти Јануари ќе чекорат низ улиците на Скопје, Охрид, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, Велгошти, Дебрца, Враништа, Ростуше, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево и Бардовци. Во тек се редовни проби, но и работилници за изработка на ѕвездички, за ниедно дете да не остане без божикна ѕвезда.
 
Да потсетиме! Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот. Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божикната пештера во која е претставен целиот настан на Божик.
Во текот на овој подготвителен период, се поставуваат и божикните пештери и подготвуваат малите божикни концерти што ќе се одржат на плоштадите во поголемите градови во Републиката, како и хуманитарните акции што најдоцна до 5-ти Јануари треба да снабдат што повеќе семејства со храна за празниците.
]]>