антониа гиговска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 09:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png антониа гиговска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Задоцнета, ама уште послатка: Свадбата на Антониа и Роберт ја собра естрадата која за младите славеше во име на љубовта – еве ги најинтересните моменти (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zadotsneta-ama-ushte-poslatka-svadbata-na-antonia-i-robert-ja-sobra-estradata-koja-za-mladite-slaveshe-vo-ime-na-lubovta-eve-gi-najinteresnite-momenti-foto/ Mon, 11 Mar 2024 09:34:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341804

Од содржините на Вистина неодамна имавте прилика први да дознаете дека естрадната брачна двојка Антониа Гиговска и Роберт Спасенцоски ќе прават свадба, а информацијата од прва рака ја добивме од младоженецот. Па така, како најавија, така и направија. Првите објави на Инстаграм осамнаа кај зетот, кој уште во еден напладне заедно со својата машка дружина и семејството почна да слави. Тргнаа по старите обичаи, викнаа музика за по невеста и откако удри тапанот и чукна првата здравица, еуфоријата и возбудата започна уште повеќе. Иако свадбата не им се случува по ред, зашто склучија граѓански брак минатата година, а веќе имаат и плод на љубовта, малиот Киан, свадбата можеби е временски задоцнета, ама уште послатка. Редот тргна со одењето по невеста, која за портебата се врати кај мама и тато,  па откако завршија со сите планирани свадбени адети, младите тргнаа да си ветат љубов и пред Бога, а со тоа со тоа да завршат комплетно како со граѓански, така и со црковен брак. Откако бидна и тоа со светиот чин, следеше она највозбудливото – свадбата во еден познат скопски ресторан. Антониа и Роберт ништо не заобиколија, па сакаа се’ да изгледа како во бајка. Декорацијата од црвени природни ружи го красеше комплетниот амбиент уште од влезот на салата, па се' до главната маса на младите обиколена со стоптици црвени цветови. Првото поздравување со гостите на влезот беше уникатно и посебно емотивно затоа што во рацете на младоженецот беше нивното синче Киан. Дотерано во свечена бебешка облека што го правеше уште посладок за да им го украде шоуто на мама и тато. Секој во свој филм, невестата во тесна венчаница во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, а пак младоженецот лежерен во тренди кежуал парчиња  несвојствени за свеченост од ваков тип. Очигледно и очекувано дека невестата била таа што посветила повеќе внимание на себе, па во текот на вечерта облече уште една венчаница, овој пат куса и повторно од тантела, но со долги ракави, а на нозете носеше патики за да биде што поопуштена за полесно играње и стоење на нозе до крајот на ноќта. Како што претходно најави младоженецот, на сбадбата присутни беа околу 300 гости, а покрај роднините и пријателите на семејствата Гиговски и Спасенцоски, најголем дел од беа соработниците од естрадните кругови, како на невестата, така и на младоженецот. Па така, меѓу оние кои славеа за љубовта и бракот на Антониа и Робет беа: Композиторите Дарко Димитров, Лазар Цветковски, Роберт Билбилов и саканата Лејла Рамковска, колешките Лина Пејовска, дизајнерката Ива Спасовска, стилистот Даниел Николовски, Александар Дадар и многу други... Камерите од мобилните беа вклучени кај сите кога младите го заиграа првиот танц, а невстата на крајот заврши во рацете на саканиот. За се’ да биде на ниво, а атмосферата плафон, особено за музичкиот дел, беа задолжени група „Арија“ на кои младите им ја препуштија довербата. Социјалните мрежи вриеја од фотографии и видеа од големиот ден на Анониа и Роберт, а во продолжение погледнете ја галеријата од најинтересните моменти. Честитки до младите на кои им посакуваме цел живот да си бидат совршено надополнување еден на друг! фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa/ jokerdam93]]>

ВИСТИНА ексклузивно открива: Бракот на Антониа и Роберт нема да остане само на потпис во матично, викендов се спрема СВАДБА ГОЛЕМА – „Имаме позитивна трема и возбуда!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-ekskluzivno-otkriva-brakot-na-antonia-i-robert-nema-da-ostane-samo-na-potpis-vo-matichno-vikendov-se-sprema-svadba-golema-imame-pozitivna-trema-i-vozbuda-foto/ Fri, 08 Mar 2024 09:13:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341573

Помина речиси една година откако пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот сакан, сегашен сопруг и татко на нивното дете, музичарот Роберт Спасенцоски стапија во брак и ставија параф во матично. Токму кога помисливме дека ваквата формалност ќе биде доволна како круна на љубовта на познатата естрадна двојка, пристигнаа свадбени покани во естрадните кругови. Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10-ти март ќе прават голема свадбена веселба. Детали за свадбата, од прва рака добиеме од младоженецот кој за читателите на Вистина.ком.мк сподели како течат подготовките на неколку дена пред свечениот чин и зошто баш сега се решија за свадба. -Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се' како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена, открива младоженецот Роберт и додава дали свадбата ќе биде поинтимна или баш голема: - Хмм голема, мала... Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300, вели Роберт. Довербата за музичкиот дел ќе им ја препуштат на колегите од „Арија“ кои ги почитуваат, а Роберт безрезервно им верува дека ќе направат атмосфера за паметење. -Свадбата ќе биде во еден познат скопски ресторан, а околу музиката се одлучивме за група „Арија“, мои блиски пријатели и колеги, можеби едни од најдобрите, ако не и најдобри, завршува Роберт ласкајќи им на колегите задолжени за музичкиот дел и одличната атмосфера. А за тоа како ќе биде на забавата од големиот ден на Антониа и Роберт, останува наскоро да почекаме фотографии и видеа кои сигурно ќе ги преплават социјалните мрежи... фото:instagram printscreen/jokerdam93]]>

Гавазова и Гиговска со ист имиџ: И двете пејачки со стилизирани шишки и прамени „залепени“ на челото (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/gavazova-i-gigovska-so-ist-imidh-i-dvete-pejachki-so-stilizirani-shishki-i-prameni-zalepeni-na-cheloto-foto/ Thu, 07 Mar 2024 11:58:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341443

Познато е дека пејачките ги следат модните трендови и се грижат за својот изглед. Редовно вежбаат, се хранат здраво, посетуваат козметички салони, а најзадолжително без исклучок за целосно да бидат тип топ средени кога се појавуваат во јавноста, поминуваат низ рацете на својот фризер. Ниту повеќето од македонските пејачки не прават отстапка од ова правило, а да изгледаат  што по уникатно и посветски, комплетно се препуштаат во имагинацијата на оние кои се занимаваат со грижа за убавината. Па така двете пејачки Антониа Гиговска и Сузана Гавазова  веројатно го посетија истиот фризер во различно време или пак едната ја ископира другата, останува мистерија?! Но и двете дами завршија со стилизирани шишки залепени на челото. Можеби  на многумина оваа фризурата им се чини чудна, бидејќи не е секојдневие што може да се види, но кај јавните личности за да го привлечат вниманието нема ништо интересно во фризурите што повеќето други би ги сметале за нормални. Антониа Гиговска со тој  имиџ со прамени од шишки  на челото се појави на својата промоција на нејзиниот деби албум, во  трговскиот центар „ Скопје Сити мол“. Таа пред многубројната публика која дојде на нејзиниот важен настан за неа, беше многу возбудена и сакаше да изгледа уникатно. Но сега се појавија фотографии и на Инстаграм профилот на Гавазова  каде и таа на  „Роса фолк Фест“ ја има истата техника на стилизирање. Прамените коса стилизирани на челото и кај двете изгледаа впечаливо, а краткиот одговор е дека сепак имаа иста фризура. фото: printskrin/instagram/]]>

„Емотивно го доживеав тоа“ – Антониа Гиговска по промоцијата на нејзиниот деби-албум „2001“ им се обрати на обожавателите (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/emotivno-go-dozhiveav-toa-antonia-gigovska-po-promotsijata-na-nejziniot-debi-album-2001-im-se-obrati-na-obozhavatelite-foto/ Mon, 04 Mar 2024 09:30:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340980

На првиот кат на трговскиот центар „ Скопје Сити мол“, се одржа промоцијата на  младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска. Пред многубројната публика Гиговска вчеравечер на 3 -ти март, пееше со многу емоции и полно енергија, а на фановите бесплатно им беше поделен албумот на  усб со ликот на Антониа. Пред настапот таа преку Инстаграм  ги потсети сите да дојдат во 18 часот, а тон пораки пристигнаа на нејзината адреса со потврден одговор. Настанот имаше и хумана нота, а како што им откри  таа усб се делеше бесплатно, но имаше кутија за собирање пари за лекување на Леонид Индов кој се повреди во Грција. Исполнета со емоциите на нејзините обожаватели пејачката пееше и не криеше колку ужива на својата промоција и на нејзиниот прв албум, а им вети дека ќе има уште многу албуми. - Луѓе мои, не можам да ви опишам колку емотивно го доживеав ова денес и едвај чекам да ги видите видеата. Фала ви на сите што дојдовте на секој отпеан рефрен и на сите прегратки и насмевки! Вие сте ми најголемата поддршка и ветувам уште многу албуми, Ве сакам - напиша таа.   Фото: printskrin/instagram/antoniagigovskaa]]>

Во време на силиконски убавици, Антониа има поинаква перцепција: Кога ја прашаа дали сака поголеми гради, следеше неочекуван одговор (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-vreme-na-silikonski-ubavitsi-antonia-ima-poinakva-pertseptsija-koga-ja-prashaa-dali-saka-pogolemi-gradi-sledeshe-neochekuvan-odgovor-foto/ Sat, 02 Mar 2024 08:05:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339058

Откако им се врати на кариерата и настапите, Антониа Гиговска е турбо активна со набиена агенда низ клубови и дискотеки низ целата земја. А сцената бара работа, како за вокално претставување, така и сценско, визуелно. Тониа, како што милува да и биде уметиничкото име напорно работи за се’ да биде тип-топ и да грми на сцена. Во денешно време и според моменталните трендови кои траат прилично долго, природната убавина се занемарува, а особено естрадните дами преферираат речиси се што е можно да биде коригирано на нив во склад на она што е модерно. Па така, малку останаа без напумпани усни, гради, задници, па и она помалку забележливо и неподлежно на игла и нож. Тука спаѓаат вештачките веѓи, трепки, нокти, коса... Списокот е долг, а речиси ништо не е оставено на мајка природа. Да се биде поразличен и свој како да се фрли во заборав, а на пиедестал дојде она да се биде ист, но во тренд. Антониа веќе ги коригира усните кои станаа поволуменозни, па иако некои знаат да и забележат на таквата промена, нејзе и се допаѓа. Сепак, она на кое не би поглегнала за да биде во тренд или по естрадниот „правилник“, тоа се зголемените силиконски гради. Антониа е сигурна во тоа дека е задоволна од големината на нејзината предница и не би ја менувала за ништо. Во едно од прашањата кои и ги поставија на Инстаграм, а се однесуваше токму на силиконите таа кажа: -Ако некогаш почувствувам потреба да променам нешто кај себе, да, но во иста величина на моите (мразам гради) во принцип. Личната сатисфакција во случајот е на прво место, а Гиговска очигледно вака има најголема самодоверба. Големите гради не се за неа, но во никој случај тоа не подразбира и дека не треба да се разголи со што градникот и длабоките деколтеа се првите од нејзиниот избор за на сцена. фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa]]>

Се исполни големиот сон на Антониа Гиговска: На 3. март голема промоција на нејзиниот деби-албум „2001“ https://arhiva.vistina.com.mk/se-ispolni-golemiot-son-na-antonia-gigovska-na-3-mart-golema-promotsija-na-nejziniot-debi-album-2001/ Wed, 28 Feb 2024 12:26:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340469

И конечно дојде време, еден од најголемите сонови на младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска се исполни. На 3. март, Антониа и официјално ќе ви го претстави нејзиниот прв албум, на кој ќе се најдат сите нејзини 15 композиции. Албумот симболично носи наслов „2001“, по годината во која е родена таа. На овој носач на звук ќе се најдат 15 композиции, од кои повеќето се дело на продуцентот Лазар Цветковски, потоа Дарко Димитров, а има и песна на големиот Кире Костов... Промоцијата на албумот на 3. март ќе биде на првиот кат на трговскиот центар „ Скопје Сити мол“, каде ќе биде организирано и дружење со Антониа и сликање, а она што е најважно, верните фанови албумот ќе го добијат бесплатно и тоа на усб-картичка со ликот на Антониа и насловот на песните... „Би сакала да ве повикам сите оние кои што вистински ја сакате и слушате мојата музика, да дојдете на мојата промоција на мојот прв албум „2001" и да се дружиме во „Скопје Сити Мол“ на 3. март на главниот влез во 18:00 часот. Ќе пееме, ќе се сликаме и ќе си добиете по едно албумче! Се надевам дека ќе ве видам во што поголем број“ - порачува младата ѕвезда. Инаку на промоцијата ќе има и кутија за собирање паричини средства за младото момче Лео. „Албумот нема да се продава, но ако сте во можност, оставете онолку колку што вие сметате дека треба и собраните средства ќе одат за лекувањето на Лео. Да му помогнеме да застане на нозе и повторно да се радува на животот“ - вели Гиговска“. фото:приватна архива]]>

Антониа Гиговска покажа ретка глетка со синчето: Киан потпорасна, а мама се топи во неговата прегратка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-pokazha-retka-gletka-so-sincheto-kian-potporasna-a-mama-se-topi-vo-negovata-pregratka-foto/ Tue, 27 Feb 2024 08:11:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340174

Младата македонска поп пејачка Антониа Гиговска пред половина година за првпат стана мајка и си ја продолжи семејната лоза. Таа не само што реши млада да го продолжи поколението, туку и секојдневно покажува дека и тоа како ужива во благословот од Бога. Уште штом ќе ги отвори очите најтоплата прегратка ја добива токму од бебето Киан за кое има време преку ден, особено деновите пред викенд додека не тргне на  настап заедно со сопругот Роберт кој сири и е одговорен за бендот. – Конечно чувствувам само искрена, најискрена љубов на свет која некој ми ја дава. А тоа е ова мало мое мече. Инаку веќе сме на мам, мам – им откри таа. Антониа за разика од мајките кои почесто сакаат да објавуваат фотографии со своите малечки, за неа тоа не е случај, туку ретка глетка од социјалните мрежи. Сепак, понекогаш сака да зборува и да го покаже Киан кој сега има седум ипол месеци, но се уште не решила да го покаже неговото лиценце за кое откри дека личи на тато. Таа неодамна кажа и дека желбата по рожбата на машко е да добие и девојче. фото: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa]]>

По Карлеуша и Прија и наша Антониа: Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како моден тренд или комшиска имитација? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-karleusha-i-prija-i-nasha-antonia-od-grlo-do-gluzhdovi-vo-leopardov-print-kreatsija-kako-moden-trend-ili-komshiska-imitatsija-foto/ Thu, 22 Feb 2024 09:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339687

Покрај песните и пеењето, однесувањето, изгледот, имиџиот... заедно со доброто менаџирање се пресудни за кариерата на еден естраден уметник. Особено за пејачките, кои покрај „златното грло“ би требале да поседуваат уште грст „златни нешта“ за да успеат, меѓу кои она што прво паѓа в очи е физичкиот изглед и секако стајлингот! Од фризура до обувки и се разбира гардеробата која ја носат на себе, зашто како што вели старата поговорка: „Руба краси, руба гнаси“ е особено изразена на естрадата! Таму мора да си впечатлив, уникатен, оригинален... да не изгледаш „евтино и петпарачки“, туку стајлингот да ти биде како „од милион долари“! Се разбира, секој/а не може да си  ги дозволи скапите брендови, ама затоа мора и може да си ги задржи оригиналноста и прилагоди вкусот на сопствениот физикус и комплетен изглед воопшто. Впрочем понекогаш и со поевтини модни парчиња, ако се добро вкомпонирани, може да се изгледа „холивудски“ иако на себе не носите скапи светски марки!
Сепак, многу често на естрадата се случува сакајќи да ги следат модните трендови, поедини естрадни ѕвезди случајно или намерно да бидат исто облечени во различно време и прилики!  Онаа што прва на себе ќе го исфорсира трендот е најчесто оригиналната, останатите што по неа ќе се променат во иста или слична комбинација се „бледа копија“? Или барем така сакаат да ги прикажат медиумите и обожавателите, иако можеби и не е баш така, зашто трендот е тренд и модата не е наменета само за една личност, ама сепак... Која прва ќе ја примени откако трендовски ќе се промени, таа е „модната кралица“, а останатите се само... „една од многуте по неа“! Токму една иста модна комбинација со животински леопардов принт е пример за тоа која е која на регионалната естрада кога е во прашање последната мода! Јелена Карлеуша во тој поглед важи за неприкосновена, па уште во почетокот на ноември минатата 2023-та, и овој пат беше првата која изгледаше како „дива мачка на вжештениот естраден подиум“! Од бунда од вештачко крзно со црни дамки... ...Преку длабоко деколтиран корсет и чизми до препони со истата шара, „белградската мала од скандала“ покажа дека и овој пат е уникат! Деновиве новата регионална фолк мегаѕвезда Александра Пријовиќ имаше серија концерти низ регионот. На еден од своите настапи во преполните сали во Хрватска, од грстот модни комбинации на сцената се појави во иста комбинација од леопардов принт, само малку стилски поразлична. Место корсет, деколтирано мини фустанче над колена, чизмите слични како кај колешката, а сето тоа надополнето со високи ракавици до надлактици, секако со истиот леопардов дезен! По Хрватска и Србија, дојдовме и до Македонија...  каде по Карлеуша и Прија вака „диво“ променета ја видоме и наша Антониа! Од грло до глуждови во леопардов принт креација, како следбеник на модниот тренд или само комшиска имитација? Дилемата ви ја оставаме вам, кој како сака да го толкува овој стајлинг на Антониа, но едно е сигурно, дека и нејзе истиот ништо помалку добро не и прилега! Инаку, животинските дезени се нешто во што поретко ја гледаме Гиговска, но таа покажа дека одлично изгледа и во вакво издание. И покрај тоа што е закопчана до грло, Антониа изгледа мошне атрактивно и доволно провокативно за да ја разбранува фантазијата и дополнително поттикне возбудата на својот настап на кој вака се појавила. Патем,  креација е дело на македонската дизајнерка, кумановката Ива Спасовска и нејзиното модно ателје, а во која Гиговска исто така изгледа како „дива мачка“... Леопард, гепард или јагуар - проценете сами од шарата. Она што го пее меѓудругото на сцена, носи наслов - „Хиена“! Фото: Инстаграм/karleusastar/aleksandraprijovic/antoniagigovskaa
       ]]>

Провокација на постела од розов сатен: Антониа наиде на негативни реакции за новата фотосесија – „Мажена си, ова се глупости!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/provokatsija-na-postela-od-rozov-saten-antonia-naide-na-negativni-reaktsii-za-novata-fotosesija-mazhena-si-ova-se-gluposti-foto/ Thu, 15 Feb 2024 10:56:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338758

Пејачката Антониа Гиговска неколку часа пред Денот на вљубените на своите обожавателки им најави тематска фотосесија посветена на денот на љубовта и виното. Крајниот резултат осамна некаде во приквечереието кога најголем дел почнуваат да слават, наздравууваат и да си делат подароци, а Антониа имаше таков за своите обожаватели. Облечена во тесно кусо мини фустанче со ултра длабоко деколте, ултра провокативна, легната на постела од розов сатен, Антониа се даде себеси во позирашње најдобро што знае и умее. Тониа го „истури“ на постела сиот свој сексапил, а фотогррафот инспиуриран фокусираше на најдоброто. Откако ги селектираа најдобрите фотки кои и се допаѓаат на ѕвездата, таа како најави, така и направи, па го збогати својот Инстаграм профил со нова и свежа секси фотосесија за празвикот на љубовта.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

„Биди мојот Валентајн“ – напиша Антониа на англиски јазик, а на вака повикувачкиот коментар доби и забелешка дека не е вистинскиот затоа што таа веќе е мажена жена која би требало по правило да го има својот Валентајн односно партнер. Антониа ова веројатно го напиша бидејќи за повеќето е некоја стандардизирана форма од описот за празникот, но ете за некои ова не беше вистинскиот избор за опис. Сепак, преовладуваа оние кои пред се ја фалеа пејачката, па коментарот не го читаа или воопшто им беше неважен описот, па се фрлија на  гледање од богатата секси понуда. фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa]]>

Жари и пали во црвено: Кога е изгледот во прашање Антониа ништо не остава на случајност, особено не’ за празинк, а нејзината идеја ќе им се допадне на многу заљубени девојки (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zhari-i-pali-vo-tsrveno-koga-e-izgledot-vo-prashane-antonia-nishto-ne-ostava-na-sluchajnost-osobeno-ne-za-prazink-a-nejzinata-ideja-ke-im-se-dopadne-na-mnogu-zalubeni-devojki-foto/ Wed, 14 Feb 2024 11:26:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338643

Младата ултра актуелна музичка ѕвезда Антониа Гиговска никогаш не мирува. Кај нема пауза од ништо. Чува дете и прави се' околу мајчинството кое не смее да трпи, а за неа очигледно не трпи ниту кариерата, музиката и се’ останато. Повод и идеја за нешто ново скогаш има, особено кога е празник како што е Денот на вљубените. Антониа реши да реализира специјална и тематска фотосесија за Свети Валентин, избра стајлинг и фризура, а потоа тргна во акција и реализација на истото. Со себе го понесе и синчето Киан кој наскоро ќе полни 7 месеци, а е најубавата придружба на мама особено што секогаш има и сака некој да го придржи, а мама да брка работа. Мама Тониа се дотера во мини црвено фустанче, стилистот ја нашминка со впечатливи црвени усни, а косата беше посебен момент со украсите од црвени срциња кои изгледаа слатко и уникатно на нејзината фризура со опавче. Иако фтосесијата во целост ја најави за нешто подоцна, Антониа на своите обожавателки, особено помладите, им даде идеја за барем делумно да имаат вака впечатлив детаљ на косата за вечер со саканиот. Како ќе изгледа комплетнотото фото дело со повод, останува да видиме наскоро... фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa]]>