Антолог – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Apr 2021 13:12:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Антолог – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нова книга на Антолог: „Конци на судбината“ од Марија Дуењас https://arhiva.vistina.com.mk/nova-kniga-na-antolog-konci-na-sudbinata-od-marija-duenjas/ Fri, 09 Apr 2021 08:09:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198474

Издавачката куќа Антолог од Скопје во рамките на проектот Храбри нови зборови, прекрасни нови светови/Europe is BRAVE NEW WOR(L)DS ја објави книгата „Конци на судбината“ од шпанската авторка Марија Дуењас. Книгата „Конци на судбината“ е дело што ја издигна Марија Дуењас на врвот на најчитаните автори во Шпанија и целиот хиспанојазичен свет. Читателот има пред себе возбудлив историско-шпионски роман во кој се испреплетуваат високата мода, политичките заговори и тајните служби. Младата шивачка Сира Кирога во 1936 година го напушта Мадрид спроти граѓанската војна за да замине со Рамиро, човек кого го познава кратко и во кого е лудо вљубена, оставајќи ги зад себе свршеникот и самохраната мајка. Се сместуваат во Тангер, светски и егзотичен град, во кој на почетокот водат живот од приказните. Таму Сира доживува тешко предавство и останува сама и со многу долгови, принудена да се пресели во Тетуан, каде што со помош на пријатели со сомнителен углед отвора модно ателје за отмени клиентки. Пред крајот на граѓанската војна и во текот на подготовките за Втората светска војна во Европа, судбината ја поврзува со важни историски личности, меѓу кои Хуан Луис Бајгбедер, загадочниот министер за надворешни работи на Франко, Росалинда Фокс, неговата љубовница, и поморскиот аташе Алан Хилгарт, шефот на британското разузнавање во Шпанија. Тие ќе ја втурнат во тајна мисија чиј параван ќе биде нејзиниот занает. Марија Дуењас (1964) е шпанска писателка. Била професорка по англиски јазик и литература на Универзитетот во Мурсија и на неколку универзитети во Северна Америка. Нејзиниот прв роман, „Конци на судбината“, објавен во 2009 година, веднаш постигна голем меѓународен успех. Преведен е на повеќе од 25 јазици, а снимена е и телевизиска серија. За него ја доби наградата на градот Картагена во категоријата историски роман во 2010 и наградата на градот Мадрид за култура во категоријата литература во 2011 година. Во изданието на „Конци на судбината“ на македонски јазик преводот од шпански е дело на Виолета Јагев, а графичкото уредување е на Марко Трпески. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија и на Министерството за култура на Македонија.]]>