антитела – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 Nov 2021 12:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png антитела – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Колку антитела се потребни за заштита од сите соеви на коронавирус? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-antitela-se-potrebni-za-zashtita-od-site-soevi-na-koronavirus/ Tue, 09 Nov 2021 13:45:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226591

Потребни се 150 единици антитела за да се спречи зaболување со првичниот сој на Ковид-19 кај човекот. Односно, за да може имунолошкиот систем да ги надмине мутациите на вирусот – на пример Делта-сојот, бројот на антитела треба да биде најмалку еден и пол пати повеќе, смета рускиот доктор за заразни болести, Евгениј Тимаков. Според тоа, нивоата од 500 и повеќе единици антитела обезбедуваат совршена заштита од сите видови и мутации на вирусот. Најагресивниот сој е Делта, но со над 300 единици антитела, едно лице може да се заштити од него. За претходните соеви на вирусот, како што е првичниот сој од Вухан, доволни се 150 антитела, посочуваат испитувањата. Истажувањето е спроведено во Москва меѓу повеќе од 4.000 тестирани пациенти. извор: Курир.мк/миа]]>

Конечно е познато колку антитела остануваат во организмот по ковид-инфекција https://arhiva.vistina.com.mk/konechno-e-poznato-kolku-antitela-ostanuvaat-vo-organizmot-po-kovid-infekcija/ Tue, 02 Nov 2021 13:00:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225605

Нова студија го даде одговорот на едно од најклучните прашања поврзани со коронавирусот, колку долго антителата остануваат во организмот по ковид-инфекција. Студија објавена во Nature Microbiology, базирана на испитување на антитела на 38 пациенти и здравствени работници во болницата Сент Томас, заразени во првиот бран на пандемијата, пред да бидат вакцинирани. Покрај почетниот пад на нивото на антитела непосредно по инфекција, резултатите покажале дека кај повеќето луѓе (18/19 пациенти) антитела се детектирани и 10 месеци по заразувањето. Истражувачкиот тим предводен од д-р Кејти Дорс од Институот за имунологија и микробиолошки науки, исто така тестираше како антителата создадени за борба против специфични варијанта сарс ќе реагираат на други варијанти. Се откри дека антителата генерираат силен одговор на повторна инфекција со истиот сој, иако биле помалку ефикасни во борбата со другите соеви, соопшти Кралскиот колеџ во Лондон. Антителата се врзуваат за шилестиот протеин на вирусот SARS-CoV-2, а вакцините го имитираат овој протеин за да создадат имун одговор. Но, мутациите во новите соеви (алфа, бета, делта) создадоа загриженост околу тоа дали вакцините кои се развиени за оригиналната варијанта ќе бидат ефикасни против новите варијанти и дали новите вакцини треба да бидат пресоздадени. Овие резултатите сугерираат дека вакцините специјализирани за еден сој биле помалку ефикасни против другите соеви, а вакцините дизајнирани за оригиналната варијанта, кои моментално се даваат, овозможуваат најдобра заштитеа од сите соеви и треба да се користат. извор: Кајгана ]]>

Луѓето кои вежбаат имаат повеќе антитела после вакцинирањето https://arhiva.vistina.com.mk/lugjeto-koi-vezbaat-imaat-povekje-antitela-posle-vakciniranjeto/ Wed, 05 May 2021 12:45:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201400

Резултатите од новото истражување на Универзитетот Глазгов Каледониан покажуваат дека редовната телесна активност го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од болести и смртни исходи, а исто така и значително ја зголемува ефикасноста на вакцинирањето. Според истражувањето, доколку вежбате редовно, шансите дека ќе имате повеќе антитела од некој кој е физички помалку активен изнесуваат дури 50%, тврдат британските научници. Од претходно е познато дека телесната активност е еден од најефикасните начини за превенција на хронични болести, заедно со здравата исхрана и одвикнување од пушењето цигари. „Нашите сознанија се многу важно откритие за потенцијално делување и реакција на пандемиите во иднина“, изјави професорот Себастиен Частин кој го водеше истражувањето и додаде дека достапноста на вакцините влева надеж дека наскоро ќе заврши пандемијата. Врз темел на шест одвоени истражувања во кои учествувале повеќе од половина милион лица, 30 минути вежбање, пет дена во една седмица, го намалува ризикот од заболување и смрт од заразните болести за 37%. „Откривме сигурни докази според кои редовната телесна активност го зајакнува имунолошкиот систем. Преку 35 независни контролни испитувања, златниот стандард за научните докази, се покажа дека редовната телесна активност резултира со зголемени нивоа на имуноглобин (антитела) IgA“, изјави Частин. извoр: точка.ком.мк ]]>

„Повторно би го направила истото“: Јована Јоксимовиќ открива дека по втората доза од вакцината се чувствувала болно https://arhiva.vistina.com.mk/povtorno-bi-go-napravila-istoto-jovana-joksimovikj-otkriva-deka-po-vtorata-doza-od-vakcinata-se-chuvstvuvala-bolno/ Fri, 12 Mar 2021 08:48:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193884

Уредникот и водител на утринската програма на телевизијата „К1“, Јована Јоксимовиќ, ја доби првата доза на вакцината „Фајзер“ во јануари. По добивањето на втората доза, нивото на нејзините антитела на IgG е 39,56 индекс. Во интервју за „Блиц“, Јована објаснува зошто одлучила да ја прими вакцината, како и зошто ја одбрала вакцината на американската мултинационална фармацевтска компанија. - Сакав да се вакцинирам. Јас инсистирав на тоа. Сакав да го сторам тоа во моментот кога вакцината беше достапна во нашата земја. Да ви кажам право, нестрплива бев кога ќе биде можно за нас новинарите да ја добиеме. За среќа, бевме меѓу првите, затоа што новинарите се меѓу приоритетните групи. Имав привилегија да ја примам првата доза во јануари - објаснува убавата водителка и додава: - Добив „Фајзер“. Бидејќи сум во разговори со експерти и луѓе кои знаат многу повеќе од мене, заклучив дека ова е вакцина која е произведена со употреба на некои нови технологии. Многу е достапно за јавноста да го разгледа целото истражување на темата за оваа вакцина и е кажано многу, што е секако добро. Сфатив дека приказната за таа вакцина е транспарентна и дека алергиските реакции што се јавуваат во некои случаи се многу мали. Тие скоро и да не постојат. И тоа ми беше важно - вели Јована, која објаснува дека чувствувала одредени симптоми само по повторната вакцинација:
- После првата доза на вакцината, немав никаква реакција, освен што малку ме болеше левата рака, во која добив боцкање. Сепак, по втората доза, имав треска, носот течеше, кашлав. Тоа траеше седум дена, ми беше лошо. После тоа, сè беше лесно. Она што е важно, седум дена по ревакцинацијата, отидов да проверам антитела и имав 35. И овој резултат што ви го испратив беше три и пол недели по вакцината, што значи дека нивото на антителата многу се зголеми. Драго ми е што испитувањето покажа дека првата доза на вакцина „Фајзер“ доволно штити и го зголемува бројот на антитела. Ако требаше повторно да се вакцинирам, повторно би избрала „Фајзер“ - искрена е Јована.]]>

Цеца Ражнатовиќ во емисија проговори за својата здравствена состојба откако прележа коронавирус (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-raznatovikj-vo-emisija-progovori-za-svojata-zdravstvena-sostojba-otkako-preleza-koronavirus-foto/ Mon, 30 Nov 2020 09:50:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178611

Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ се зарази со коронавирусот во јуни годинава, исто како и нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ, и како што сега истакна, после тоа направила тест за антитела. - Сè е тесно поврзано, сè што е поврзано со собирање луѓе престана. Прво, тоа го загрозува нашето здравје, познавам луѓе од моето опкружување кои имаат Ковид и не треба да се шегуваме на тоа, треба да продолжиме да бидеме внимателни. Направив тест за антитела, ги имам, затоа сум заштитена. Секаде е исто, целиот свет запре. Сè е поврзано, сè што ги зближува луѓето на глобално ниво запре - рече Цеца во „Хит твит“. Пејачката неодамна беше на Кипар, каде што има куќа и раскажа каква е атмосферата таму. - Бев во Кипар, друга земја, ние сме туристи таму, не гледаме медиуми, но моите пријатели го прават истото, тие зборуваат само за корона. Здравствениот систем не е толку силен, кај нас целиот медицински персонал се бори како лавови, но имаше многу поригорозни мерки. Не можам да коментирам дали тука треба да има поригорозни мерки - рече пејачката.]]>