антибиотици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Sep 2020 11:08:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png антибиотици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали антибиотиците можат да ја намалат ефикасноста на таблетите за контрацепција? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-antibioticite-mozat-da-ja-namalat-efikasnosta-na-tabletite-za-kontracepcija/ Fri, 25 Sep 2020 13:20:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168708

Лекарите долго време се сомневаа дека антибиотиците ја намалуваат ефикасноста на таблетите за контрацепција, а новото обемно истражување на британските научници обезбеди дополнителни докази за таквата претпоставка. Истражувањата откриле дека постои интеракција помеѓу антибиотиците и хормоналната контрацепција, што потенцијално може да ја намали ефикасноста на таблетите за контрацепција. Тоа значи дека жените кои истовремено ги користат двата вида лекови, мора да преземат дополнителни мерки на претпазливост за да избегнат несакана бременост, покажува истражувањето на британските научници од Институтот за клинички науки на Универзитетот во Бирмингем. Нивните откритија сугерираат дека земањето антибиотици, во споредба со земањето други видови лекови, е поврзано со зголемените шанси за непланирана бременост, дури до седум пати. Наодите се резултат на обемна анализа спроведена на повеќе од 75.000 испитаници кои употребувале антибиотици. Се смета дека жените кои истовремено користат таблети за контрацепција и антибиотици, треба да користат дополнителна контрацепција како мерка на претпазливост. Истражувачите истакнаа дека ризикот од несакана бременост варира од жена до жена, во зависност од нејзините физиолошки карактеристики и од голем број дополнителни фактори. извор:кафепауза.мк]]>

Дали пастата за заби ја зголемува отпорноста на антибиотици кај бактериите? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-pastata-za-zabi-ja-zgolemuva-otpornosta-na-antibiotici-kaj-bakteriite/ Wed, 27 Feb 2019 13:00:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75051

Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис спровеле истражување кое покажало дека вообичаениот антибактериски состав на пастите за заби и течностите за плакнење на устата, можеби предизвикува отпорност на бактериите на антибиотици. Според истражувањето, хемикалијата триклосан ги прави бактериите отпорни до тој степен, што тие можат да преживеат и многу силен третман со антибиотици. Триклосанот може да се најде во разни козметички продукти, во играчките за деца, па дури и во кредитните картички. Производителите ја додаваат оваа хемикалија со цел да го намалат размножувањето на бактерии. На почетокот хемикалијата се користела само во болници, но денес е распространета насекаде.
Тестирањето на лабораториски глувци покажало дека изложеноста на триклосан ја ограничува способноста на организмот да реагира на лекувањето со антибиотици, особено оние кои се користат за уринарни инфекции.
„Во нашето истражување, триклосанот значително го зголеми бројот на преживеани бактерии“, изјавила професорката по биологија Петра Левин.
Таа изјавила дека триклосанот едноставно им помага на бактериите да ја избегнат смртта од антибиотици. Бактериите изложени на триклосан можат да станат отпорни на група антибиотици познати како кинолони. Научниците истакнале дека бактериите можат да се развијат на таков начин што ги напаѓаат кинолоните. Имено, бактериите мутираат и не им дозволуваат на антибиотиците да ја распаднат нивната ДНК, а исто така стануваат отпорни и на триклосанот. Сепак, според научниците, потребни се дополнителни истражувања кои ќе ја потврдат претпоставката дека триклосанот има лошо влијание врз терапиите со антибиотици кај луѓето. Во 2017-та година, Федерацијата за храна и лекови истакна дека отпорноста на бактериите на антибиотици е една од најголемите закани за човечкото здравје. извор:кафепауза.мк]]>

Што смеете, а што не смеете да јадете додека пиете антибиотици https://arhiva.vistina.com.mk/shto-smeete-a-shto-ne-smeete-da-jadete-dodeka-piete-antibiotici/ Mon, 26 Mar 2018 14:48:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=17750

Антибиотиците се лекови кои лекуваат само бактериски инфекции, болести предизвикани од одредена бактерија. Исто така, антибиотиците може да ги елиминираат "добрите" бактерии кои се потребни на човечкото тело, и така да доведе до многу несакани ефекти за време на третманот на бактериската инфекција. Кога вашиот лекар ви препишува терапија со антибиотици, задолжително прашајте го дали има некоја храна со која антибиотикот не треба да се меша. Одредени видови на храна може апсолутно да ја блокираат апсорцијата на лекот, да ја намалат апсорбцијата на лекот, да предизвикаат непожелна реакција на организмот од лекот. Која храна треба да ја избегнувате додека користите антибиотици? Кисела храна Многу киселата храна, како што се цитрусните овошни сокови, газираните безалкохолни пијалаци, какаото и производи кои содржат домати, може да ја намали апсорпцијата на лекот. Најлошата антибиотска реакција е со грејпфрут и неговите производи.
  Млеко и млечни производи (освен јогурт) Големата количина на калциум, кој се наоѓа во млекото и млечните производи, за време на третманот со антибиотици може да ја блокира апсорпцијата на лекот. Калциумот ја намалува способноста на организмот да го апсорбира хинолинот (тип на антибиотик). Затоа, терапијата со антибиотици треба да се зема два часа по суплементите или храната што содржи калциум. Јогуртот содржи пробиотици кои помагаат при терапија со антибиотици.
Храна која содржи многу диетални влакна Леќата, гравот, малините и целите зрна, поради високата содржина на диетални влакна го забавуваат празнењето на дигестивниот тракт. Ова е одлична работа кога сакате да ја јадете помалку, но не е добро да се јаде додека се пијат антибиотиците бидејќи ја намалува апсорпцијата на лекот.
Алкохол За време на терапијата со антибиотици, треба да се избегнува консумирањето на алкохол. Иако алкохолот не влијае негативно на антибиотиците, во комбинација со нив може да доведе до несакани ефекти како што се болки во стомакот, гадење и поспаност.
Храната што поттикнува развивање на габите  Терапијата со антибиотици може да го забрза ширењето на габите кои се природно мали во нашето тело. Симптомите на зголемен број на габи се бели траги на јазикот, дијареа, повраќање, печење, чешање или секрет на урогениталниот тракт. Затоа, неопходно е да се намали или целосно да се елиминира храната богата со шеќер и храната која содржи габичен квасец. Ова се однесува на следнава храна: торти, колачи, леб, тестенини, бисквити, компири, ориз, индустриски овошен сок, оцет, кисел зеленчук, пушена храна, алкохол, ферментирана храна, зрна, сушено месо и овошје, печурки.
Каква храна треба да користите за време на антибиотска терапија? Пробиотици Еден од несаканите ефекти на антибиотската терапија е дијареата. За да се ублажи дијареа за време на антибиотска терапија, се препорачува земање на пробиотици. Тие се корисни бидејќи можат да ја вратат нормалната бактериска флора во цревата. Исто така, овие "добри" бактерии можат да го подобрат ефектот на антибиотиците. Јогурт, кисело млеко и кефир се добар извор на пробиотици. Вашиот доктор може да Ви препорача пробиотици како додаток. Пробиотиците се земаат два часа пред или по антибиотиците.
Храна богата со витамини К Во случај на долготрајна употреба на антибиотици, пожелно е снабдување на организмот со витамин К. Антибиотиците може да ги елиминираат "добрите" бактерии во цревата, и така да се спречи производството на витамин Ц (има значајна улога во коагулацијата на крвта). Зелениот зеленчук е богат со витамин К.
Храна со антигабични својства Понекогаш антибиотиците можат да го стимулираат растот на габите. Белиот и црниот кромид имаат антигабични ефекти и се идеални во борбата против габите.
Исхрана по антибиотска терапија Како што веќе рековме, речиси сите антибиотици може да предизвикаат дијареа предизвикана од нарушувањето на рамнотежата на добрите и лошите бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Луѓето со дијареа треба да земат во предвид соодветна хидратација на телото и тоа го сочинуваат изгубените електролити. Најдобро е да пиете вода на која може да се додадат електролити (купени во аптеките) и 100% природни сокови. Исхраната треба да биде богата со мека и лесно сварлива храна, како што се банани, варени јаболка, круши без кора, овес, тестенини, тост-двопек, крекери, млечни производи со обезмастено млеко, пудинг, јајца и супи. Треба да додадете храна која содржи пробиотици: јогурт, кефир, кисело млеко сирење со додадена пробиотски култури, некои производи од соја и комбуха.]]>

Како да препознаете месо полно со антибиотици и хормони https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-prepoznaete-meso-polno-so-antibiotici-i-hormoni/ Thu, 19 Oct 2017 12:04:37 +0000 http://vistina.mk/?p=565

Бело воденикаво пилешко или бледо парче свинска кременадла, која не е прошарана со бела маснотија се сигурен знак дека таквото месо, во најмала рака е полно со антибиотици, хормони или адетиви. Од најголемо значење е декларацијата. Најдобрата причина да не купите колбаси, виршли или салами е ако на декларацијата стои ознака MSM. Тоа значи дека месото е машински сепарирано, сомелено заедно со коските, кои пак се главната состојка во која се депонирани сите антибиотици, хормони, тешки метали и останати отрови кои животното ги изело во текот на животот. Истото важи и кога на декларацијата ќе пронајдете емулгатори нитрити, обележани со E249, E250, E251 i E252. Штетни се затоа што со аминокиселините од месото создаваат канцерогено соединение – нитрозамин. Уште една причина да го избегнете производот е ако на декларацијата воочите полифосфати, обележани со E451, E452 i E453 – според експертите, тие се генотоксични т.е. ги оштетуваат гените. Особено е важно да ги избегнувате производите што содржат Е407 т.е. карагенан. Е407 се лепи за ѕидовите на цревата и создава ранички кои имаат ризик да се претворат во рак на дебелото црево. Дополнително, проверете дали производот содржи одредени подобрувачи на вкусот, како глутаминат. Неговото присуство обично е доказ дека во содржината нема месо. Сеедно, избегнувајте децата да ги храните со преработени месни производи, особено не паштети и виршли. Во краен случај, со малку труд, паштета можете да направите и сами. Свежо месо Кога купувате месо, на пример, свински шницли, внимавајте дали месото е прошарано со масни жилички. Ако е, тие животни и не биле така лошо хранети. Но, ако нема ни грам бела маснотија, а од месото истекува водичка, доказ е дека на животните им биле давани хормони за раст и антибиотици. При спремањето на месото, треба да внимавате да не загори. Во загорената маса се појавува соединение диоксин, кое исто така е канцерогено. Најдобро е да го варите, да го печете завиено во фолија во рерна или тефлон, во масло, а може и на скара. При последниов случај, водете сметка да го ставите месото на решетката откако јагленот ќе престане да чади и кога ќе се создаде јак жар. Извор: Прес24.мк]]>