антибактериски гел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Mar 2020 12:48:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png антибактериски гел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Која е разликата помеѓу сапунот и антибактерискиот гел? https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-razlikata-pomegju-sapunot-i-antibakteriskiot-gel/ Fri, 13 Mar 2020 12:45:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139363

Миењето на рацете не ги убива бактериите, но го намалува нивниот број на рацете. Сапунот и водата се поефикасни од геловите за дезинфекција, особено кога рацете ви се видливо валкани. Сапунот и антибактерискиот гел се наменети за различни околности. Иако е добро да имате гел за дезинфекција на рацете додека патувате, ништо не е толку ефикасно како темелното миење на рацете со обичен сапун и вода. Разликата помеѓу сапунот и антибактерискиот гел ја објасни Алекс Березов, микробиолог и потпретседател на американскиот совет за наука и здравје. Ефикасност на сапунот Можеби ќе се изненадите кога ќе прочитате дека сапунот не ги убива бактериите. „Сапунот е детергент и затоа прави толку многу пена. Детергентите ги отстрануваат нечистотиите од вашите раце исто како што се отстранува мрснотијата од садовите“, вели Березов. Миењето на рацете не ги убива бактериите, но го намалува нивното присуство на вашите раце. Сапунот и водата се поефикасни од геловите за дезинфекција, особено кога рацете ви се видливо валкани. По јадење, по спортување или ако рацете ви се извалкани и мрсни, гелот за дезинфекција не е толку ефикасен. Навлажнете ги рацете со вода, а потоа мијте ги со сапун најмалку 20 секунди, а најдобро е една минута. Задолжително исчистете ги под ноктите, на горниот дел од дланките и просторот меѓу прстите. По нанесувањето сапун, измијте ги рацете и потоа веднаш избришете ги со чиста крпа. Бидејќи микробите полесно се пренесуваат на влажни раце, важно е да ги исушите рацете веднаш штом ќе завршите со миењето. Сапунот и водата ефикасно ќе го спречат ширењето на вирусите и на бактериите. Ефикасност на средствата за дезинфекција Антибактерискиот гел е добра резерва ако немате пристап до сапун и вода. Но, потребна е соодветна техника за тој да има ефект. Луѓето најчесто не користат доволно гел или не го нанесуваат правилно. Нанесете гел на едната дланка и темелно нанесете го по целата површина на двете дланки додека не се исуши. Користете ја препорачаната количина наведена на производот. Средствата за дезинфекција на рацете ги убиваат бактериите, но не сите. Еве од што не можат да ве заштитат: Криптоспоридиум – паразитна инфекција која може да предизвика гастроинтестинални и респираторни проблеми. Норовирус – вирусна инфекција која може да предизвика повраќање и дијареја. Clostridium difficile – бактериска инфекција која може да предизвика нарушување на функцијата на цревата и воспаление. Средството за дезинфекција треба да содржи најмалку 60 проценти алкохол. Најдобрата концентрација е помеѓу 60 и 95 проценти. Сè што е помалку од тоа нема да биде корисно бидејќи не ги убива бактериите, само го намалува нивниот раст. Преголемата употреба на антибактериски гелови има свои недостатоци. Честото користење гел може да предизвика сушење на кожата на рацете и тие може да испукаат и да почнат да крварат. Заклучок Сапунот е детергент кој ги отстранува микробите, додека алкохолот во антибактериските гелови ги убива бактериите. Сапунот и водата се најефикасни во отстранувањето на бактериите. Микробите што не можат да бидат убиени од средствата за дезинфекција, ќе ги отстраните од вашите раце со сапун и вода. Се препорачува користење антибактериски гелови на база на алкохол со концентрација од 60 проценти или повеќе само ако не ви се достапни сапун и вода. Ако рацете ви се валкани, најдете пристап до проточна вода и сапун бидејќи гелот можеби нема да ви користи многу кога имате видливи нечистотии на рацете. Чистиот сапун и вода се сè уште најдобрата одбрана против бактериите. Мијте ги рацете постојано и особено внимавајте ако се грижите за некој што е болен за да спречите ширење на болеста. извор:кафепауза.мк]]>

Како да направите домашен антибактериски гел? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-napravite-domashen-antibakteriski-gel/ Wed, 11 Mar 2020 13:30:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138846

Антибактерискиот гел е ефикасен начин да се ослободите од повеќето микроби, а особено е корисен сега кога постои зголемен ризик од заболување од грип или од други болести. За што се користи антибактерискиот гел? Антибактерискиот гел и другите средства за дезинфекција ги убиваат речиси сите микроби што се наоѓаат на вашите раце и на површината што ве опкружува. Од бактериите до болестите има прилично краток пат, па вреди да си набавите еден ваков гел. Исклучително е корисен во ситуации кога имате ограничен пристап до сапун и вода или кога сте на места каде што ризикот од инфекција е поголем, на пример во козметички салон или на училиште. Антибактерискиот гел може да ја исуши кожата на рацете, па затоа не треба да се користи на иритирана или оштетена кожа. Ако гелот дојде во контакт со очите, исплакнете ги со млака вода.
  • Што ви е потребно за да направите домашен антибактериски гел?
  • Сад за дозирање (100 милилитри)
  • 1-2 лажици салицилен алкохол
  • 60 милилитри гел од алое вера
  • 30 капки масло со антибактериско дејство (чајно дрво, еукалиптус, лаванда, каранфилче, цимет)
Можете да додадете малку масло со витамин Е за да ја заштитите кожата од сушење. извор:кафепауза.мк]]>