антена5 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 Jun 2020 12:37:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png антена5 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатиот македонски ди-џеј почина од коронавирус: Не напушти ДЈ Ицко од „Антена 5“ https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-makedonski-di-dzej-pochina-od-koronavirus-ne-napushti-dj-icko-od-antena-5/ Wed, 17 Jun 2020 11:06:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154182

Уште еден медиумски работник почина како последица на компликации од коронавирусот во нашата земја. Станува збор Ристо Меловски попознат под уметничкиот прекар ДЈ Ицко, кој  долги години работеше во „Антена 5“ радио. Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.
„Скршени од болка, во најдлабока тага и жалост Ве известуваме дека почина нашиот најдраг колега, другар и пријател Ристо Меловски - ДЈ ИЦКО. Ице секогаш ке остане дел од нашата екипа во неизбришливи спомени. Најдлабоко сочувство до неговата фамилија и сите негови роднини, другари, пријатели и неговата верна публика“ - пишува во соопштението од колегите и негови пријатели од „Антена 5“ радио.
Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот. Тој ќе остане запаметен како еден од луѓето кој допринесе за развој на македонската електронска сцена. Редакцијата на Вистина.ком.мк длабоко жали за прераното заминување на ДЈ Ицко и изразува искрено сочувство на семејството.
]]>