ансатсија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Aug 2021 12:34:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ансатсија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Анастасија и Цеца се нови членки на жирито на големото регионално музичко талент шоу? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-i-ceca-se-novi-chlenki-na-zirito-na-golemoto-regionalno-muzichko-talent-shou-foto/ Tue, 24 Aug 2021 11:27:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216545

Шестата сезона на популарниот регионален музички натпревар на таленти ќе започне да се снима наесен, а челниците на „Пинк телевизија“ бараат ново жири. Првото црвено столче го пополни Анастасија Ражнатовиќ, а преговорите се во тек со нејзината мајка Цеца. „Продуцентите имаат интересна идеја за мајка и ќерка за првпат да бидат во жирито на едно музичко шоу. Тие веруваат дека публиката би била заинтересирана да види како тие двете ќе гласаат за кандидатите и дали ќе се расправаат пред камерите“ - вели добро информиран извор. Продукцијата наводно, во моментов ја убедува фолк sвездата да се придружи на нејзината ќерка. „Цеца веќе беше во жирито на „Пинковите ѕвезди“ и добро знае како  тоа функционира. Си го стокми  животот, нејзините деца се отселија од дома, таа е во среќна врска со менаџерот Богдан Срејовиќ, закажа настапи, па се двоуми дали да го наруши сето тоа? Работата во жири воопшто не е лесна, бидејќи снимањата траат со часови, па приватниот живот страда во тој период. Продуцентите и ветија дека таа ќе ги снима повеќето емисии во текот на работната недела, но не и за време на викендите, кога настапува. Се' уште го чекаат нејзиниот конечен одговор“ - вели соговорникот. Во жирито најверојатно ќе се врати поп - sвездата Наташа Беквалац, како и пејачката Леонтина Вукомановиќ, која е тука од првата сезона на ова популарно музичко талент шоу. Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic/raznatovicanastasija
 ]]>