ансамбл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jun 2020 12:03:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ансамбл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Стефанија Гаштарска е првата македонска балерина која се вработи во ансамблот на „Бољшој театар“ во Москва https://arhiva.vistina.com.mk/stefanija-gashtarska-e-prvata-makedonska-balerina-koja-se-vraboti-vo-ansamblot-na-boljshoj-teatar-vo-moskva/ Mon, 01 Jun 2020 11:58:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152245

Македонската балерина Стефанија Гаштарска стана дел од ансамблот на многу посакуваниот руски театар „Бољшој“ во Москва. 18-годишната балерина од Скопје е прва Македонка на која ѝ успеа тоа. Таа настапи на сцената на овој театар уште пред две години како солистка. Гаштарска е бренд-амбасадор на компанијата „Гришко“, која ги прави светски познатите балетанки. Гаштарска заврши основно музичко училиште во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје и од мала бележи големи меѓународни успеси. Средното музичко го заврши во Русија, една година во градот Перм, а потоа три години била дел од академијата „Бољшој“, ни објасни мајка ѝ Марија Крстевска, која исто така е балерина во Македонската опера и балет. - Ми се оствари сон од детството - вели Стефанија, која информацијата ја доби додека е во Скопје со своето семејство. Академијата „Бољшој“ работи под капата на театарот „Бољшој“ и сите годишни испити ги следи директорот на театарот. Годинава немале годишен испит, но по испитниот час директорот на „Бољшој“ одбрал седум девојчиња и едно момче. Меѓу нив е и Стефанија, објаснува Крстевска. Извор: Факултети.мк Фото: Стефанија Гаштарска /Каталог на „Гришко“]]>