ансамбл за фолклор „Гоце Делчев” – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 19 Nov 2021 13:56:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ансамбл за фолклор „Гоце Делчев” – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јордан Митев со песна и оро посака – „Да се живи здрави младоженците” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-so-pesna-i-oro-posaka-da-se-zivi-zdravi-mladozencite-video/ Fri, 19 Nov 2021 07:00:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228134

Фолк пејачот Јордан Митев го промовира спотот за песната „Да се живи здрави младоженеците”, песна која ја сними и промовораше во 2019 година. „Планот да снимам и промовирам видеозапис за оваа песна беше пролонгиран поради турнеи, гостувања, потоа почна пандемија. Поради овие, но и други причини морав да паузирам со работата. Сега некако дојде вистинското време, се наместија коцките за конечно да го снимам видео и за оваа песна на која што сум и овој пат комплетен автор“ - вели Јордан Митев. Во спотот учествуваат играорци од ансамблот за фолклор „Гоце Делчев” од Битола со нивниот кореограф Бранко Жежовски-Жежо кој е еден од најнаградуваните кореографи во Македонија и надвор од Македонија со неговиот ансамбл. „Исто така во проектот се вклучени и дел од музичарите кои што ме придружуваат на моите настапи. Ние македонците сме народ со сопствена традиција, култура, фолклор, и сметам дека обврска, но и чест на секој македонски артист е тоа да го негува, претставува и надградува на најдобар можен начин“ -  додава Митев. И овој пат видеото го работеше долгогодишниот соработник на Митев, Зати од Охрид со кој има снимено доста проекти.

Повеќе на vistina.mk]]>

Фолк пејачот Јордан Митев го промовира спотот за песната „Да се живи здрави младоженеците”, песна која ја сними и промовораше во 2019 година. „Планот да снимам и промовирам видеозапис за оваа песна беше пролонгиран поради турнеи, гостувања, потоа почна пандемија. Поради овие, но и други причини морав да паузирам со работата. Сега некако дојде вистинското време, се наместија коцките за конечно да го снимам видео и за оваа песна на која што сум и овој пат комплетен автор“ - вели Јордан Митев. Во спотот учествуваат играорци од ансамблот за фолклор „Гоце Делчев” од Битола со нивниот кореограф Бранко Жежовски-Жежо кој е еден од најнаградуваните кореографи во Македонија и надвор од Македонија со неговиот ансамбл. „Исто така во проектот се вклучени и дел од музичарите кои што ме придружуваат на моите настапи. Ние македонците сме народ со сопствена традиција, култура, фолклор, и сметам дека обврска, но и чест на секој македонски артист е тоа да го негува, претставува и надградува на најдобар можен начин“ -  додава Митев. И овој пат видеото го работеше долгогодишниот соработник на Митев, Зати од Охрид со кој има снимено доста проекти. ]]>