анкета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Apr 2023 08:29:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png анкета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Бекстејџ“ ја стави на тест сама да си провери колку е позната: Агнеса Органџиева почувствува како изгледа да го држиш в рака пред непознати микрофонот! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdh-ja-stavi-na-test-sama-da-si-proveri-kolku-e-poznata-agnesa-organdhiev-pochuvstvuva-kako-izgleda-da-go-drzhish-v-raka-pred-nepoznati-mikrofonot-video/ Wed, 12 Apr 2023 08:06:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297829

Познатите личности или барем оние кои се медиумски експонирани и на некој начин стануваат дел од јавниот живот неретко и немаат претсатава за себе и за тоа колку се познати, славни, популарни... Некому славата преку ноќ му удира в глава,  други пак и по долги години  медиумска експонажа и во последно бвреме секако по социјалните мрежи остануваат приземни, без ниту малку да летаат во облаци. Сепак популарноста е променлива, и минлива категорија, па некој некогаш е повеќе, некогаш помалку популарен, но велат дека кога еднаш ќе станеш познат, познат остануваш за цел живот. Само што до таа фаза малку потешко се стигнува, зашто популарноста стекната со будалаштини е „чудо за три дена“, а онаа создадена со кретивност, упорност, труд, работа, талент и знаење е трајна! Разликата е нешто како шминка за една прилика и трајна тетоважа! Агнеса Органџиева нема јавна професија, па затоа за некои е  старлета, за други пак трендсетерка, за трети инфлуенсерка... Или што би рекла самата, позната од непознати причини! Зашто русокосата стана многу повеќе позната по својот бурен развод, отколку по било што друго, но дружењето со познатите, движењето во естраните или џетсетерските кругови и донесе една поинаква популарност. Особено што истата медиумите повеќекратно и ја мултиплицираа(т), секој на свој начин. Естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ реши да ја стави на тест, русокосата сама да си провери колку е позната. Агнеса Органџиев се согласи, па тргна да почувствува како изгледа да го држиш в рака пред непознати... микрофонот, секако! Резултатите од нејзниот експеримент за анкетна проверка на популарноста, погледнете ги во видеоприлогот во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):  ]]>

Снеже Велков ги праша следбениците која жена е „понезгодна“, но не се задоволи од одговорот па праша која е „позгодна“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-gi-prasha-sledbenicite-koja-zena-e-ponezgodna-no-ne-se-zadovoli-od-odgovorot-pa-prasha-koja-e-pozgodna-foto/ Wed, 02 Nov 2022 11:41:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273853

Снеже Велков по повод Светскиот ден на луѓето кои не консумираат производи од животинско потекло им го честиташе „Денот на веганите“ кој пред 28 години, поточно 1994 година,  за прв пат почна да се слави. Веганството е голема промена на животниот стил што не е за секого. Додека нашата ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже лесно се придржува до тоа некои веруваат дека оваа диета не носи придобивки. Сепак, оние кои се придржуваат до овој начин на исхрана тврдат дека имаат повеќе енергија, подобро спијат и дека веганството позитивно влијае на нивното ментално здравје. Некои решиле да станат вегани поради љубовта кон животните, а има и такви кои не сакаат месо или поради здравствени причини немаат месо во исхраната, па Снеже со мудри мисли напиша дека ги подржува и едните и другите: „Оти од очи не се чита што јадеме.. Оти не има секакви И месојадни и вегани и вегетаријанци и тие што млеко не пијат има такви и што риба не јадат  мнозинството не јадат боранија ниту грашок а знам такви што не јадат патлиџан.Има и од тие кои не јадат сирење едни пак не сакаат жолчка од јајце, а познавам и такви што леќа не можат да смислат.И знаете што? Меѓу сите погорни има супер луѓе, а има и луѓе што се хранат со квалитетна храна, ама освен тоа,немаат ништо друго квалитетно во себе… Има едни па само брза храна јадат, ама исто толку брзо се подготвени да ти помогнат или излезат во пресрет. Има едни што ќебапи јадат и на кромид подзамирисуваат, ама па најдобри вицови и шеги кажуваат. А едни пак, само чисто месо јадат и само органски производи консумираат ама лажираат, провоцираат, завидуваат и сопнуваат.. За тоа не сакам поделби не сакам предрасуди наметнувања или потенцирања… Важно е што јадеш. Важно е како јадеш. Важно е колку јадеш. Важно е кога јадеш. Ама уште поважно e да не се јадеш себе си и да не му ја јадеш душичката на некој друг. А најважно од сè не е тоа што внесуваш, туку што од уста изнесуваш. Оти може мед секој ден да јадеш, ама од уста отров да плукаш“. Откако водителката се фотографираше со сукалото во раце,  Снеже покажа дека не е само  домаќинка во кујната, туку пред некој ден таа се претстави и како вешт(а) хаусмајстор(ка) со бормашината. Впрочем, што и да фати в раце, од сукало до бургија, Снеже Велков е „вешта жена“, која спроведе анкета кај нејзините следбеници, па ги праша: „Kоја жена е понезгодна“? За што подоцна се изненади, се покаја и разочара…. „Бормашината ништо, сукалото си е сукало!“  Впрочем, отсекогаш кај жените - домаќинки така и било! Затоа спроведе втора анкета, но сега го преформулира прашањето, како ако не во: „Која жена е позгодна“? Останува да видиме дали втората анкета ќе даде нови резултати или жената е згодна само со сукалото, а бормашината...? Препуштете му ја на посилниот пол во фамилијата... Или на комшијата?! Во зависност од тоа, кој подобро умее да „буши“!? Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков]]>

Македонските јавни личности го имаат одговорот: „Дали треба да се врати задолжителното служење на воениот рок во Македонија“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-go-imaat-odgovorot-dali-treba-da-se-vrati-zadolzitelnoto-sluzenje-na-voeniot-rok-vo-makedonija-video/ Wed, 21 Sep 2022 06:16:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267950

Служењето на воениот рок во Македонија не е задолжително веќе десетина години, односно последната генерација што задолжително мораше да оди во војска тоа го стори  во сега веќе далечната 2006-та година. Но од 2011 година граѓаните што ги исполнуваат условите поставени од АРМ можат да се пријават за доброволно служење на воениот рок. Притоа, кандидатите мора да имаат наполнето 18 години, но и да не бидат постари од 26 години. Со сите општествено-политички случувања, но и оние предизвици кои ги носи созревањето и секојдневниот живот, особено во овие таканаречени „модерни“ и турболентни времиња на денешницата, во који се повеќе царуваат криминалот, насилството, наркоманијата, проституцијата, извртените вредности... особено кај младите и после толку време од уклинувањето, почна повторно да се наметнува и поставува прашањето: „Дали треба да се врати задолжителното служење на воениот рок“? Кај населението мислењата по ова прашање се поделени. Едни велат дека не треба да има задолжително служење војска, други велат дека „служењето наа татковината“ мора да повторно да се врати, а дел велат дека треба да има некаква, каква и да било обука со цел младите да се оспособат за ракување со оружје. Но војската не е само пукање со огнен арсенал. Редот, работата, дисциплината, хиерархијата, моралните вредности, патриотскиот дух, техничко-тактичката обука, социјализацијата, начинот на самостоен живот... и уште илјада и една придобивки се резултат на некогашното служење на воениот рок, во кој се челичеа и духот и телото, се градеше карактерот, се издигнуваше линоста. Се разбира како и враќањето на „долгот кон татковината“ за која стоеше и заклетвата во вид на свечена обврска дека за светите придобивки како што се слободата, независноста, сувереноста, самостојноста,  тогашното братство и единство... и ред други нешта, за кои ако треба и животот ќе се жртвува, како што тоа беше на пример при некогашното задолжително служење војска во тогашната ЈНА, во тоа време 4-та армија по моќ во Европа. Естрадниот ТВ магазин  од зад сцената, “Бекстејџ” истражуваше: „Дали треба да се врати служењето на воениот рок?“, а одговорот  го побараа  кај нашите јавни личности. Нивните размислувања, ставови и  мислења околу ова прашање проследете ги во видеото во продолжение (ТУКА): ;]]>

„Бекстејџ“ истражува: Што повеќе боли, туѓиот успех или нашиот неуспех? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bekstejdz-istrazuva-shto-povekje-boli-tugjiot-uspeh-ili-nashiot-neuspeh-video/ Tue, 20 Sep 2022 06:00:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267790

Притисокот за успех е се' посилен и посилен. Кај сите, особено кај јавните личности. Најчесто, нашиот успех го мериме по тоа колку сме подобри или полоши од другите, а понекогаш нашиот ум создава конкурентни ситуации дури и таму каде што ги нема. Зависта е емотивен отров кој тивко ни го труе и уништува животот, а ние сме завидливи кога мислиме дека некој друг има нешто што ние го заслужуваме повеќе од него, кога некој друг ужива во нешто што мислиме дека мораме да го имаме за себе, а го немаме. Токму екипата на естрадниот магазин “Бекстејџ” реши да ја разработи оваа тема па ги праша јавните личности што повеќе боли: „Туѓиот успех или нашиот неуспех“? Дознајте ги мислењата содржани во одговорите на дел од македонските естрадни и спортски ѕвезди во видеото (кликни ТУКА): ]]>

5 работи кои жените ги сметаат за најпривлечни кај мажите – висината не е една од нив https://arhiva.vistina.com.mk/5-raboti-koi-zenite-gi-smetaat-za-najprivlechni-kaj-mazite-visinata-ne-e-edna-od-niv-2/ Mon, 13 Jun 2022 13:30:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254069

Мажите често се во заблуда дека на жените им е привлечна нивната висина, ставот и извајаното тело. Во бројни анкети на тема што најмногу ги привлекува жените кај мажите од физичките карактеристики, во топ пет одговорите најчесто се – лицето, задникот, градите, нозете, очите и насмевката, евентуално менувајќи го редоследот на приоритетите. Од друга страна пак, поголем дел од мажите живеат во заблуда дека жените најмногу ги привлекуваат спортски градените мажи, висината… Анкетата покажала кои пет работи на жените најмногу ги привлекуваат кај мажите. 1. Рацете и рамената пресудни Најважната и најпривлечната компонента од физичкиот изглед кај мажите се широките рамена, како и мускулестите раце и дланките. На овие физички карактеристики жените најчесто „паѓаат“. 2. Задникот Поголем дел од жените преферираат помал и мускулест задник кај мажите. Речиси 70 отсто од нив велат дека не би му дале можност на маж кој има поголем задник од нивниот затоа што тоа го сметаат за „женски атрибут“. 3. На жените им е важен стомакот Како трета најпосакувана работа на машкото тело, жените го навеле и рамниот стомак, а притоа не се мисли на „плочки“. 4. Забите Белите заби без видлив кариес се важен фактор во зачувувањето на привлечноста на мажите. Жените сакаат да ги гледаат мажите кои имаат здрави и убави заби. Студиите откриле дека на жените не им се важни толку деловите од лицето да бидат симетрично распоредени, односно поважни им се белите заби и убавата насмевка. 5. Очите Жените веруваат дека „очите се огледало на душата“. Како една од ставките кои ја сметаат за многу важна кај мажите се очите, односно нивниот поглед. Поголем дел од жените сакаат кога мажот има крупни очи и бистар поглед.]]>

Бринети или русокоси: Кои жени се пожешки во кревет? https://arhiva.vistina.com.mk/brineti-ili-rusokosi-koi-zeni-se-pozeshki-vo-krevet-2/ Wed, 18 May 2022 13:30:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251073

Сајтот за состаноци „IllicitEncounters.com“ анкетираше илјадници мажи и жени за да ги открие нивните сексуални навики, како и ставовите кон спротивниот пол. Бринетите се најдобри љубовници, фантастични се во кревет – изјавиле 58 отсто од нив. Кога станува збор за неверство, 54 отсто сметаат дека на него најмногу се склони русокосите, додека 26 отсто од испитаниците гласале за бринетите, 12 отсто за црнките, а само 8 отсто се убедени дека тоа се црвенокосите жени. Најважната особина за да завршите со некој во кревет е смислата за хумор – изјавиле 91 отсто од испитаниците. Една четвртина од жените признале дека би спиеле со маж кој не им е толку привлечен доколку знае да ги насмее. Три четвртини од жените и 63 отсто од мажите откриле дека нивните најдобри љубовници се очајни танцови партнери. Повеќе од една третина од испитаниците (36 проценти) откриле дека срамежливите луѓе со кои излегувале испаднале сосема спротивно кога се нашле зад затворени врати – целата срамежливост исчезнала.]]>

Колку и дали естрадните личности во Македонија имаат здравствено осигурување? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-i-dali-estradnite-lichnosti-vo-makedonija-imaat-zdravstveno-osiguruvanje-video/ Wed, 30 Mar 2022 09:58:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244816

„Немам книшка“ и „Уметникот мора да е здрав“ се стиховите од песната што победи на изборот за песна за Евровизија 22 која ќе ја претставува Србија на годинешниот Евросонг во Торино,  Италија. Пејачката Ана Ѓуриќ - Констракта, која ја изведува оваа песна, изјави дека овие стихови се автобиографски и дека навистина нема здравствено осигурување, што го привлече вниманието на јавноста да се запраша колку луѓе од естрадната фела на Балканот немаат здравствена книшка и осоигурување? Естрадниот магазин „од зад сцената“ реши да истражува на оваа тема и ги праша дел од нашите јавни личности: Дали имаат социјално и здравствено осигурување? Нивните одговори слушнете ги и погледнетево видео-прилогот во продолжение: ]]>

Од шлаканица до цвеќе: Каква е реалната слика на жената во Македонија? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-shlakanica-do-cvekje-kakva-e-realnata-slika-na-zenata-vo-makedonija/ Wed, 09 Mar 2022 07:15:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242394

8-ми Март, меѓународен ден на жената. Со години наназад се водат разни полемики околу тоа што треба, а што реално претставува овој празник кај нас, па и во светот.  Се отвораат прашања, чија актуелност секогаш е иста. Овој ден би станал ден на заблуди и лага доколку веруваме дека со тој еден ден на посебно внимание, дали со цвеќе или подарок ќе заборавиме или простиме на секојдневните неправди кои што на жените им се случуваат. Со ова, само по себе  се наметнува и прашањето: Од цвеќе до шлаканица? Каква е реалната слика на жената во Македонија? Токму на оваа тема екипата на „Бекстејџ“ разговараше со нашите естрадни и јавни личности. Еве што мислат тие. ]]>

Македонските естрадни и ТВ личности во потрага по одговорот: Дали мажите ги сметаат моралните жени за здодевни? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-estradni-i-tv-lichnosti-vo-potraga-po-odgovorot-dali-mazite-gi-smetaat-moralnite-zeni-za-zdodevni-video/ Thu, 03 Mar 2022 07:23:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241503

Морал e збир на правила на определено општество или општествена класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките заедници. Моралот разликува помеѓу доброто и лошото и претставува правец во филозофијата кој како предмет на изучување ја вклучува етиката, што всушност опишува начин на живеење т.е., став кон животот со свест за дисциплина. Добрите дела се нарекуваат морални и оние личности што така постапуваат луѓето ги ценат како морални. Лошите дела се означуваат како неморални и луѓето ги оценуваат како неморални личности кои така се однесуваат. Моралот е една од најважните карактеристики на човекот. Друга дефиција за моралот гласи дека моралот е збирот од постапки со кој се препознава што е добро и така да се однесува, а што е лошо и така да се оценуваат постапките на другите. Естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ реши да ги праша дел од нашите јавни фаци: Дали моралните девojки, мажите ги сметаат за здодевни? Наум Петревски, Тајзи, Панки, Мики Јовановски-Џафер, Дијана Оџ, Мина Блажев, Нина Јанева, Јована Стојменовиќ... се дел од естрадните и ТВ личности кои го дадоа својот одговор на ова прашање. ]]>

По фамозната анкета за непостоечката манекенка, Светлана Црнокрак со коментар до фолкерката Сани https://arhiva.vistina.com.mk/po-famoznata-anketa-za-nepostoechkata-manekenka-svetlana-crnokrak-so-komentar-do-folkerkata-sani/ Fri, 22 Feb 2019 08:02:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=74091

По анкетата на ТВ емисијата „Ексклузив“  за непостоечката манекенка Бјанка Мизел, во која неколку манекенки и пејачите Јоце Панов, Симона Поповска и Сани Гроздановска, кажаа дека ја познаваат и ја следат нејзината работа, изби галама на социјалните мрежи. Иако сите на прашањето дали ја познаваат манекенката одговорија потврдно, најдебелиот крај го извлече фолк пејачката Сани Гроздановска, за која на социјалните мрежи беа напишани доста негативни и навредливи коментари.
Симона Поповска и Јоце Панов, по објавената снимка, овој пат мудро си молчеа, а пак Сани не додржа без да возврати и напиша статус до „хејтерите“.
Колки биле желни луѓето за исмејување и фаќање сеир... Затоа и сме бедна држава и тонеме секој ден!!! Секое чудо за три дена! Тие што не ме познаваа, ме дознаа! Добредојдовте во шоу-бизнисот! П.с споделувајте го постот повеќепати  ве молам, пишува на својот Фејсбук пејачката.
На ваквиот коментар и возврати сопственичката на модното студио „Црнокрак“ и ТВ презентерка на „Алфа“, Светлана Црнокрак која напиша:
Во секој случај паметно изигра и ти и сите, ја поддржа Светлана пејачка Сани.
  Инаку, по фамата како и вообичаено, Сани се пофали дека добила нови 690 следбеници за само еден час, со што уште еднаш се докажа дека лошата реклама е добра реклама.
За потсетување, овој тип на лажни прашања во анкетка, не се некој новитет. Токму  на Миланската модна недела во 2014 година, српската модна блогерка Зорана падна на трикот, а по истиот стана многу попозната во регионот, а најмногу за српската јавност. Денес, таа е една од медиумски најтретираните ликови од светот на српскиот шоу-бизнис.]]>