анимиран филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Aug 2020 13:11:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png анимиран филм – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Европски фестивал за анимиран филм во МКЦ – „Flipbook Film Festival“ https://arhiva.vistina.com.mk/evropski-festival-za-animiran-film-vo-mkc-flipbook-film-festival/ Wed, 05 Aug 2020 13:11:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162002

Од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за филм ќе се одржи првото издание на „Flipbook Film Festival“. Станува збор за настан кој ја промовира уметноста на современиот европски авторски анимиран филм, но и промоција на македонски авторски филмови и македонски студентски филмови. „Од пристигнатите повеќе од илјада кратки филмови од цела Европа, беа селектирани вкупно 87 филмови во три натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм. Во главната селекција на најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 25 наслови, најдобрите европски остварувања од минатата година, меѓу кои победници на Санденс, Берлинале, Анеси, номинирани за Оскар. Во категоријата за најдобар студентски анимиран филм ќе се натпреваруваат вкупно 25 филмови. Оваа категорија е посебно интересна бидејќи авторите своите филмови ги прават за време на своето студирање на европските филмски академии и можат да си дозволат целосна авторска слобода и експериментирање со медиумот“  -соопштија од „Flipbook Film Festival“. Оттаму информираат дека на фестивалот ќе бидат прикажани филмови од најдобрите европски школи: хрватската, белгиската, чешката, француската, а новина за македонската публика е натпреварувачката селекција на анимиран документарен филм, што претставува хибридна филмска форма која во последните десетина години зазема се позначајно место во изразот кај многу документаристи и аниматори. Во главната, студентската селекција и во панорамата ќе бидат прикажани дури осум македонски анимирани филмови, повеќето премиери за македонската публика. Во фестивалските денови ќе имаме можност, меѓу другите, да ги гледаме новите филмови на Иван Андреевски, Вук Митевски, Саша Станишиќ и студентските филмови на Сандра Јовановска и Кристијан Савиќ“ додаваат од филмскиот фестивал. Покрај физичкото издание на фестивалот, со бесплатни филмски проекции и изложба на цртежи од анимирани филмови, на отворено во паркот на Младинскиот Културен Центар, заради ситуацијата со корона вирусот, Flipbook Film Festival ќе има и онлајн издание. Од 7-9 август македонската публика ќе има можност, бесплатно, на платформата Cinesquare, да ги гледа сите филмови, да гласа и да ја додели наградата за Најдобар анимиран филм од онлајн публиката, а ќе бидат одржани и онлајн работилници за сценарио, продукција и пост-продукција на анимиран филм.]]>

Македонско-австралиското „3-Block Studio“ направи анимиран филм за карантинот https://arhiva.vistina.com.mk/makedonsko-avstraliskoto-3-block-studio-napravi-animiran-film-za-karantinot/ Mon, 13 Apr 2020 13:02:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144742

Огромен број од светската популација изминативе недели поради корона вирусот радикално го промени секојдневниот живот, а секоја индивидуа на свој начин се соочи со изолацијата. Работејќи надвор од традиционалниот канцелариски простор, македонско-австралиското 3-Block Studio го изработи „Карантин“ ( Quarantine), краток анимиран филм за глобалниот карантин поради пандемијата.
Иако сме навикнати на работа надвор од канцеларија, целата ситуација малку ни ги изремети студиските ангажмани, но за среќа, денес сè што е потребно за ваков начин на работа е компјутер, интернет, добра екипа и малку креативност. Сепак, како и кај повеќето, така и нас, ни се појавија неочекувани промени во ритамот, па ни се отвори простор за експериментирање на наши проекти и оттаму се роди идејата за приказната – вели Михаил Наумов.
Зад филмот стои петчлена екипа. Приказната е на Јакоб Ниланд, Михаил Наумов, Љубомир Саздовски и Иван Андреевски, кој, исто така, е режисер и потписник на сценариото. Арт дирекцијата и дизајнот се на Наумов и Саздовски, кој е одговорен и за моделирањето и осветлувањето. Монтажата и анимацијата се на Наумов, а Андреевски стои зад саунд дизајнот. Музиката е на Владимир Петковиќ.
Од креативна страна се обидовме да доловиме како секој од нас би се справил со ваков застој на секојдневиот ритам во кој живееме, а од техничка страна пробавме да претставиме традиционална техника на анимирање, како Stop Motion, (која се работи практично, со физички кукли и фотоапарти), преку дигиталните алатки и 3D анимацијата. Беа користени доста стандардни софтвери за ваков вид на работа. Главно Autodesk Maya и Adobe After Effects, како и неколку дополнителни софтвери – истакнуваат од студиото. https://www.youtube.com/watch?time_continue=112&v=pilnWAmfGgU&feature=emb_logo
]]>