анимална потреба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 16 Nov 2023 10:12:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png анимална потреба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса Тодоровска одново има чудна „животинска желба“: Најпрвин посака и доби јаренце, па и подарија магаренце, а сега меракот му го фрли на розовото прасенце! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-odnovo-ima-chudna-zhivotinska-zhelba-najprvin-posaka-i-dobi-jarentse-pa-i-podarija-magarentse-a-sega-merakot-mu-go-frli-na-rozovoto-prasentse-video/ Thu, 16 Nov 2023 10:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327203

Марија Луиса Тодоровска речиси секојдневно наоѓа причина своите следбеници  на социјалните мрежи „да ги тресне од земја“. Така е и овој пат  кога со својата објава на Инстаграм фолкерката повторно покажа дека има нова чудна „животинска желба“. За потсетување,  Марија Луиса лани (2022 год.) за Денот на вљубените посака некој да и подари „бебе коза“, како што го нарече малото јаре! И најбрзиот што и има фрлено мерак на пејачката, иако неспорно е дека и го имаат фрлено многумина, и ја услиши молбата и дома на подарок и  ја донесе „играчката“ што фолкерката ја посака – живо јаренце! Иако ќефот на Марија беше голем, можностите да се чува јаре во стан среде Скопје се никакви, па затоа радоста и долго не и’ потраја, па пејачката беше принудена да се ослободи од „бејби козата“. Дали таа заврши одново на некоја селска ливада или во нечија рерна - остана мистерија!? За утеха, на Марија Луиса некој анонимен обожавател пред врата и остави магаре! Арно ама магаренцето не беше живо туку плишано, па иако пријатно ја изненади, сепак до крај не ја усреќи,  зашто очигледно подарокот на непознатиот доставувач „анималната потреба“ до крај не и ја задоволи! Најновата желба што сексапилната битолчанка си ја посака е исто така „животинска“. Многумина чуваат разно - разни егзотични домашни миленилиња, како гуштери, змии пајаци... па тогаш зошто Марија не би можела да чува прасенце? До душа ако станот среде македонската престолнина не беше трло за јарето, ни за прасенцето не е кочина, ама сепак... Меракот е голем, желбата неодолива, па ни пет ни шест, Марија си посака некој да и ја исполни со тоа што ваквото розово прасенце ќе и го подари. Повод не мора да има, или еве, ако веќе треба да има нека биде тоа... на пример Нова Година! До душа, со оглед на тоа колку бргу „ги густира“ играчките, а и какви се  среде град условите за чување ваков тип на домашно милениче, несомнено е дека и оваа желба откако ќе и ја исполнат, бргу ќе ја мине. Е сега, дали прасето ќе заврши назад во некоја селска кочина или на нечија трпеза за Нова Година... е друга работа? Се' на се', на Марија Луиса и треба прасе! Фото: Инстаграм/luisa.todorovska Видео: ТикТок]]>