англиски јазик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 22 Jul 2023 07:29:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png англиски јазик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Пешевски ви ја нуди својата „празна страница“ полна со емотивни спомени во албумот – „Blank Page“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-peshevski-vi-ja-nudi-svojata-prazna-stranitsa-polna-so-emotivni-spomeni-vo-albumot-blank-page-audio/ Fri, 21 Jul 2023 05:53:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311128

Александар Пешевски на оние кои ја следат македонската музичка сцена, особено онаа т.н. алтернативна им е веќе добро познато име. Кантавтор кој со своите необични изведби го нуди своето размислување преточено во еден поинаков уметнички израз, многу поблизок на некои музички имиња од светската сцена. За ова говорат и неговите настапи на бројни фестивали, сопствените концертни настапи, кафе или клубски свирки, разни манифестации, радио емисии како што се свирките на: „Д фестивал“, „Фрик фестивал“, „Бош фестивал“, концерт во Кула, концерт во кафе Ли, настап на „Скопско лето“, „Скопје прави музика“, „Бела ноќ“, настапите  на Македонско радио и Канал 103... Неодамна тој го издаде својот дебитантски албум со осум нумери насловен „Blank Page“  чии песни можат да се најдат на музичките платформи како „Ѕpotify“ или Јутјуб каналот. Она што оваа своевидна музичка разгледница го нуди е акустична музика преточена во лирика, отпеана на англиски јазик. Занимавајќи се со теми на сопственото осознавање и односите меѓу половите, до животот на обичниот човек на маргините на опшетството, Пешевски во манирот на големите светски изведувачи ни го доловува моментите од животот. Мелодичниот, длабок, драматичен вокал и звукот на акустиката го прави ова парче музика и слушливо за опуштено уживање, при тоа доловувајќи ни атмосфера  која ќе не натера да размислиме за многу нешта од сопственото битисување. Вокално во распон од драматиката на еден Ник Кејв, па се' до лириката на еден Леонард Коен, „Blank Page“ е музичко оставрување кое не би требале да пропуштите да го преслушате. Веруваме дека потоа повторно ќе му се навраќате, дури и по неколку пати, зашто во морето од кичерај, селанштина и комерцијала, вистинските  вредности денес се реткост. Инаку покрај Александар Пешевски, кој е вокал и свири  гитара, на ова музичко остварување изведбата и припаднала на една вистинска мала „ол-стар“ музичка екипа. Кирил Бабамов: гитара, Ратко Даутовски: перкусии, Мартин Јосифовски: бас, контрабас Симе Златков: Сакс, Паскал Краповски: виолончело, Весна Малинова: Бек вокал. Сиот материјал е снимен, миксан и мастеризиранво студиото „Sound Clinic“ од страна на Нино Спиркоски, додека фотографијата е на Златко Пармаковски. Музиката и стиховите се на самиот кантавтор, кој заедно со помош на Кирил Бабамов ги направил и аранжманите. Како инсерт од ова негово дебитантско оставрување ви ја нудиме наслованата нумера „Blank Page“ , додека комплетниот материјал можете да го најдете ако кликнете ТУКА. ]]>

Романот „Еретички писма“ на Стефан Марковски објавен на англиски јазик https://arhiva.vistina.com.mk/romanot-eretichki-pisma-na-stefan-markovski-objaven-na-angliski-jazik/ Mon, 10 Aug 2020 08:05:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162640

Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик. Романот е достапен во печатена и електронска форма преку сајтовите на Barnes & Noble, ланец од над 600 книжарници ширум САД, Baker & Taylor, Tolino, Apple Books, Smashwords, француската книжевна платформа Vivlio и други платформи за литература во печатен и дигитален облик, како и библиотеки. Романот може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон, каде беше првично објавен. Преводот на романот од македонски на англиски јазик е на Марковски, додека лектурата на англиски јазик е дело на Марија Петковска. Македонското издание на книгата беше објавено во 2018-та од Издавачкиот центар „Три“.]]>

Испливаа снимки од кои целиот регион се смее на англискиот на Кнез (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/isplivaa-snimki-od-koi-celiot-region-se-smee-na-angliskiot-na-knez-video/ Thu, 05 Mar 2020 09:53:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137632

Ненад Кнежевиќ Кнез беше многу популарен во деведесеттите и неговите хитови сè уште се слушаат и денес, а во минатата година ги врати своите пет минути слава. Тој стана хит на социјалните мрежи поради познавањето на англискиот јазик, што го демонстрираше пред неколку години кога учествуваше на Евровизија. Веста за симпатичното познавање на Кнежевиќ на англискиот јазик не е свежа, но неодамна повторно стана вирална на Твитер. Составувањето на неговите изјави насмеа многумина, па за истото повторно се зборува. Погледнете: ]]>

(ВИДЕО) Ѓоко Танески се „чувствуваше како риба“, а погледнете како годинава „Ај Кју“ се снаоѓаат со англискиот на Евровизија https://arhiva.vistina.com.mk/video-gjoko-taneski-se-chuvstvuvashe-kako-riba-a-poglednete-kako-godinava-aj-kju-se-snaogjaat-so-angliskiot-na-evrovizija/ Mon, 16 Apr 2018 07:23:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=20910

Поп-групата „Ај Кју“ (Eye Cue) ќе ја претставува Македонија на годинашниот избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во месец мај во Лисабон. Тие ќе настапат со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found), за која музика и текст напиша Бојан Трајковски, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров. Како и секоја година, таа и оваа, веќе започна евровизискиот караван од кој земјите учеснички патуваат низ европските земји. Целта е да ја претстават песната со која ќе настапат, но и себе си како музички уметници.
Бојан и Марија веќе се на пат, а деновиве беа во Израел каде имаа многу што да видат, да се запознаат и дружат со останатите учесници, да ја почувствуваат предевровизиската еуфорија, но и да се претстават преку медиумите пред тамошната публика. Секако, мораа да зборуваат на англиски јазик, а според видеото кое се емитуваше на забавно-музичката емисија „Стисни плеј“ на МТВ, очигледно нашите годинешни претставници одлично се снаоѓаат.
Бојан е оној што има повеќе искуство, па тој повеќе им одговара на новинарите, но и Марија засега се покажува супер со говорењето на англиски и го дополнува својот колега. Еве како си поминаа во Изреал и како се снајдоа пред камерите: ]]>