ангела василевска блаже темелков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Oct 2020 12:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ангела василевска блаже темелков – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од видеото за новата песна на Јоце Панов ќе ви се крене -„Температура“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-videoto-za-novata-pesna-na-joce-panov-kje-vi-se-krene-temperatura-video/ Fri, 16 Oct 2020 12:10:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171850

Македонскиот пејач Јоце Панов по пауза од повеќе од една година има нова песна насловена „Температура“. Јоце кој со години  е присутен на домашната, а од пред неколку години и на регионалната естрада, се обидува да направи кариера и надвор од границите на Македонија, соработувајќи со познати српски и хрватски автори , како што е Миро Буљан на пример, познат како композиторот кој му ги правеше песните на Тоше на последните албуми и текстописецот Ненад Нинчевиќ.
Овој пат штипјанецот им ја врати довербата на македонските автори, па „Температура“  ја компонирале Блаже Темелков, кој го напишал и текстот за песната, а аранжманот го направил Дарко Тасев. Снимана и миксана е во студиото на Иле Спасев.  
Новата песна стигна во комплет со видео во реализација на Генерал филм“, снимено под режисерската палка на Дарио Јанковиќ. Во него, покрај Јоце се појавува и македонската манекенка и модел, убавата и атрактивна Ангела Василевска. За стајлингот на Јоце и останатите протагонисти во видеопто се погрижил познатиот Дејан Миличевиќ. „Во ова лудо време на вируси, Ви ја посветувам мојата нова песна „Температура“. Да Ви се качува температурата само од љубов“ - напишал Јоце во најавата за песната и видеоспотот кој можете да го проследите во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=B-J5yecE7Ec

Повеќе на vistina.mk]]>

Македонскиот пејач Јоце Панов по пауза од повеќе од една година има нова песна насловена „Температура“. Јоце кој со години  е присутен на домашната, а од пред неколку години и на регионалната естрада, се обидува да направи кариера и надвор од границите на Македонија, соработувајќи со познати српски и хрватски автори , како што е Миро Буљан на пример, познат како композиторот кој му ги правеше песните на Тоше на последните албуми и текстописецот Ненад Нинчевиќ.
Овој пат штипјанецот им ја врати довербата на македонските автори, па „Температура“  ја компонирале Блаже Темелков, кој го напишал и текстот за песната, а аранжманот го направил Дарко Тасев. Снимана и миксана е во студиото на Иле Спасев.  
Новата песна стигна во комплет со видео во реализација на Генерал филм“, снимено под режисерската палка на Дарио Јанковиќ. Во него, покрај Јоце се појавува и македонската манекенка и модел, убавата и атрактивна Ангела Василевска. За стајлингот на Јоце и останатите протагонисти во видеопто се погрижил познатиот Дејан Миличевиќ. „Во ова лудо време на вируси, Ви ја посветувам мојата нова песна „Температура“. Да Ви се качува температурата само од љубов“ - напишал Јоце во најавата за песната и видеоспотот кој можете да го проследите во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=B-J5yecE7Ec]]>