ангел Спасов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Dec 2022 10:27:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ангел Спасов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ангел Спасов со приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање во – „Сам продолжувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/angel-spasov-so-prikazna-koja-nudi-povekje-gledishta-za-edno-ljubovno-nedorazbiranje-vo-sam-prodolzuvam-video/ Mon, 26 Dec 2022 06:12:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281556

По одличната „Ме изгуби ти“, Ангел Спасов, младиот средношколец од Струмица, на јавноста ѝ ја претставува својата нова, втора песна со наслов „Сам продолжувам“. Се вели, тимот што победува не се менува, па воден од оваа мисла Ангел повторно работи со истиот тим. „Мојата прва песна наиде на одлични реакции кај публиката, па тоа ме мотивираше да ја објавам и оваа тема, дури и побрзо од планираното. Луѓето кои работеа на „Ме изгуби ти“ се покажаа како добитен тим, па затоа екипата која работеше и сега не само што останува иста, туку е и проширена со Тања Соколовска која придонесе многу за врвната музика направена од хитмејкерот Роберт Билбилов да зазвучи така како што во моментов може да чуе публиката – полна со емоции“, вели Ангел и признава дека кога прв пат ја слушнал„Сам продолжувам“ знаел дека тоа е тоа, песна во која може да се пронајде, песна во негов стил и песна која може да ја отпее така што таа ќе допре до публиката. Видеото е работено со Зоран Зонде Стојановски, а во кадрите освен Ангел една од главните улоги ѝ припадна на Јована Ѓо, која, како што вели тој, со својата харизма дополнително придонела видеото да изгледа светски. „Спотот е приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање, а главната улога ѝ припадна на Јована. Тука се и Симона Спиркоска и, кои играат на хип-хоп делот, потоа Гала Поњавиц, Миа Гирауд и Трајче Манчевски, а при реализацијата на видеото во голем дел помогна и Александар Мижимаков“, вели Ангел и додава дека верува во тимот со кој работи и не само што нема да го менува, туку најавува и уште многу убави соработки. Ова младо момче со сериозни амбиции си остана на зборот кога станува збор за досегашните музички планови, па затоа нема зошто да се сомневаме дека со исто темпо ќе продолжи и во иднина. Уживајте во „Сам продолжувам“, слушајте македонска музика и поддржете ги новите имиња како што е Ангел Спасов, кои носат нова свежина и енергија на домашната сцена (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Ангел Спасов – новото име на домашната сцена дебитира со – „Ме изгуби ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/angel-spasov-novoto-ime-na-domashnata-scena-debitira-so-me-izgubi-ti-video/ Wed, 12 Oct 2022 05:46:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270935

Ангел Спасов е ново име на домашната музичка сцена. Станува збор за младо момче, средношколец кој доаѓа од Струмица. Тој не случајно е во светот на музиката, која покрај медицината му е огромна љубов, и не случајно на јавноста ѝ ја промовира својата прва песна со наслов „Ме изгуби ти“, спакувана од веќе докажаниот хит-мејкер Роберт Билбилов. Дебитантската песна на Ангел носи свеж и модерен призвук, а таков е и концептот на видеото, потпишано од Зоран Стојановски-Зонде. Во кадрите освен Ангел се појавува и Ема Стојановска, членка на модното студио Зоа модел. „Велат кога нешто силно посакуваш се остварува, во моментов го живеам мојот сон. Имам песна каква што одамна посакував и пресреќен сум што со Роберт „кликнавме“ од прва и навистина ме погоди. „Ме изгуби ти“ е песна во стилот кој и приватно сакам да го слушам и нешто што на кое, нели без разлика на сѐ, знам дека ќе бидам горд затоа што е и отпеана и направена со многу љубов и на едно професионално ниво. Едвај ги чекам реакциите на публиката, затоа што навистина верувам во песната“, вели Ангел Спасов. Билбилов, пак, кој е комплетен автор на „Ме изгуби ти“, вели дека му било предизвик да работи со Ангел, затоа што тој е типичен претставник на онаа млада генерација која точно знае што сака кога е музиката во прашање. „Особено ми е драго што доаѓаат нови генерации кои ги следат трендовите и сакаат оној актуелен, светски звук да го пеат, би рекол, на македонски. Ангел е едно од оние нови имиња на домашната сцена, кои навистина верувам дека имаат и што да понудат, но и убава иднина“, вели Роберт. Ангел има 17 години и е средношколец во средното медицинско училиште, а освен што своето образование планира да го продолжи во таа насока, сака и музиката да биде дел од неговото секојдневние, па веќе во тек се и подготовките за следниот проект. Ќе одиме, се вели, чекор по чекор, но веќе во план ми е и следна песна затоа што сакам да имам свој репертоар и песни за настапи“, вели и Ангел и додава: „Имам и енергија, и желба, и љубов за музика, сѐ сработев со огромно задоволство и ништо не ми беше тешко ни снимањето во студио, ни работата на спотот. Со Зонде снимавме 12 часа без престан, но времето буквално ми летна. Едноставно ни се поклопија енергиите и атмосферата беше неверојатна.“ Ангел верува во песната, ние во младите – бидејќи светот ним им останува. Затоа уживајте во видеото за „Ме изгуби ти“ и музиката на ова младо момче чие време допрва доаѓа (КЛИКНИ ТУКА): ]]>