ангел ќосев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Jan 2024 13:41:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ангел ќосев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Дупер“ имаат нешто важно да ви кажат со – „Кажи ми во лице“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duper-imaat-neshto-vazhno-da-vi-kazhat-so-kazhi-mi-vo-litse-video/ Wed, 10 Jan 2024 13:41:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334469

Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот рецепт за музички допадлава песна, затоа што и овојпат нивната најнова насловена „Кажи ми во лице“ е полн погодок. Музичкото дуо „Дупер“  кое го сочинуваат овие двајца откако го објави најновиот музички проект  за само неколку часа го привлече вниманието на јавноста. Преку најновата песна „Кажи ми во лице“ успеаа со поинаков пристап, да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст, зад кој се крие искрена љубовна емоција. Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, зад аранжманот на песната се потпишува Борис Какринов, а за миксот и мастерот е задолжен Ангел Ќосев од студио „Подрумот“. Видео записот, кое е дело на Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која совршено ја отсликува приказната и емоцијата во песната. Музиката што ја создава Дупер е единствена и прилично уникатна и затоа секој нивен нов проект освен што носи свежина во македонскиот музички етер, исто така секогаш е пријатно изненадување за публиката. Со песните „Не сум твој тип“, „Ние сме 2“, „Тело за на ТВ“, „Пробај да ми бидеш“ ја освоија македонската публика, а со „Кажи ми во лице“ докажаа дека се квалитетно музичко дуо кое создава оригинална музика со препознатлив и карактеристичен звук. За да ви биде појасно што тоа „Дупер“ сакаат да ви кажат, проследете го видеото во кое тие нешто важно ќе ви кажат со - „Кажи ми во лице“. ]]>

Елена Андоновска во чест на 120 години Илинден ја промовираше новата верзија на народната песна – „Тапан чука мила мамо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-vo-chest-na-120-godini-ilinden-ja-promovirashe-novata-verzija-na-narodnata-pesna-tapan-chuka-mila-mamo-video/ Fri, 04 Aug 2023 13:23:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312723

Ден пред големиот Македонски празник Илинден, Елена Андоновска на својот YouTube канал најави премиера за песната „Тапан чука мила мамо“. Станува збор за народна песна која доби нов музички аранжман овој пат во соработка со Златко Миладиноски. Песната се снимаше во музичкото студио “Подрумот” во музичка продукција на Ангел Ќосев. Како музички соработници ги слушаме Илија Филиповски – виолина, Даниел Маневски – кавал, Златко Миладиноски – тамбура, Андреј Трајковски – зурла, Марјан Андоновски – ударни инструменти, Горан Гешовски – бас гитара, Томислав Димовски – електрична гитара.   Видео записот е во реализаија на MoonLight Production. Како продуцент и сценарист се потпишува Марјан Андоновски, режисер – Димитар Сеизов, Директор на фотографија – Дарко Елек. Во улога на мајка ја гледаме Лилјана Михајловска, првенка на Ансамблот “Танец” која пензионерските денови ги поминува активно и креативно со голема љубов кон уметноста и македонската култура. Голема благодарност за соработката Елена упатува на Универзитетскиот ансамбл при УГД – Штип, Ансамбл “Македонија”, а воедно и кон Проф. Д-р Владимир Јаневски за уметничката соработка во делот на народната носија. Елена и овојпат совршено го долови спојот на современото и традиционалното па покрај градскиот фустан со кој ја претстави модата на почетоците на XX век, Елена ја гледаме и во уникатна модна креација од модната куќа Елена Лука. Ова не е нивна прва соработка, а мора да признаеме дека оваа модна креација која потсетува на раскошот на жените од митологијата совршено се вклопува во целата видео приказна. Елена вели дека љубовта кон Македонија и Македонската народна песна ја води низ кариерата и успесите. Овој проект е посветен на целиот Македонски народ кој го слави Илинден. Уживајте во звукот на „Тапан чука мила мамо“ и во видео приказната кои влеваат надеж дека македонската народна музика секогаш е во тренд. ]]>

Мијата на овие летни горештини каде и да сте ви посакува – „Добра ноќ, добар ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mijata-na-ovie-letni-goreshtini-kade-i-da-ste-vi-posakuva-dobra-nok-dobar-den-video/ Thu, 20 Jul 2023 05:57:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310965

Мијата има нова песна насловена „Добра ноќ, добар ден“ за која има и видео запис направен од нејзиниот концерт кој неодамна го направи во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето. Песната се наоѓа на новиот албум на Мијата, насловен „Вида“. „Официјалниот видео запис ја визуелизира атмосферата од концертот кој се одржа на 28ми јуни, а всушност беше концертна промоција на албумот“, изјави Мијата.   Музиката е на Мијата и Елизабет Паул, текстот на Мијата, аранжманот, клавијатурата и микссот се на Ангел Ќосев. Придружни вокали се Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски. Режијата и монтажата се на Љупчо Трајковски. Мијата неодамна ја отвори и сезоната на музичко вечерно матине кое традиционално се одржува во Скопје Сити Мол,  каде изведе авторски и кавер нумери од својот репертоар, а настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас гитара. ]]>

Васил Гарванлиев пред суд на јавноста на бина во – „СудБина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-pred-sud-na-javnosta-na-bina-vo-sudbina-video/ Tue, 02 Feb 2021 12:58:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187893

Македонскиот евровизиски претставник за 2020 и 2021 година, струмичанецот Васил Гарванлиев, ја објави својата нова песна „СудБина“ со која го најавува истоимениот албум. „Родени голи, сè друго е Суд и Бина. Овој пат приказната на спотот ја раскажав јас“, вели Васил, кој се јавува и во улога на режисер на спотот. Автор на музиката е Александар Јовевски, текстот е на Давор Каракашев, видеото кое е снимено во „Универзална сала“ - Скопје го изработи Ѓорѓи Вацев, кореографија е на Ивана Балабанова и Битрикс. Песната е снимана во студиото „Подрумот“ на Анге Ќосев кој е потпишан и како музички продуцент, а кореографијата е дело на  Ивана Балабанова - Beatrix Dance, додека дизајнер на костимите е Методија Коцев. https://www.youtube.com/watch?v=wEn0j4GWwj8&feature=emb_logo]]>

Сузана Јовчева со љубов кон татковината ја опеја својата – „Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzna-jovcheva-so-ljubov-kon-tatkovinata-ja-opeja-svojata-makedonija-video/ Thu, 19 Dec 2019 13:11:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124880

Љубовта кон татковината и кон Македонците што живеат насекаде низ светот претставувала инспирација за новата песна на Сузана Јовчева, насловена „Македонија“. Таа е автор на музиката и текстот, додека аранжманот е заеднички на сите изведувачи кои учествуваа во реализацијата на оваа нумера. За снимањето и продукцијата се погрижија самата Јовчева, Ангел Ќосев и Александар Стефановски, а песната е работена во две студија: „Подрумот“ и „Alex Home Studio“ во Скопје. Во изведбата на„Македонија“ учествуваат едни од нашите најдобри музички уметници како што се Гоце Димовски, Гоце Узунски, Марјан Јовановски, Горан Гешовски, Ангел Ќосев, Илија Филиповски, Александар Стефановски и Перо Стефановски. Дел од музичките уметници што учествуваа во снимањето се членови и соработници на култната музичка група „Синтезис“ со којашто Јовчева соработува долги години наназад, а неодамна беше со нив и на турнеја во Австралија, група во која членува и нејзиниот брат Ване Јовчев. Инаку Сузана Јовчева е професорка по музичка култура и има настапувано на речиси сите релевантни музички зафолк и забавни фестивали во Македонија како што се „Фолк фест Валандово“, „Цветници“, „Макфест“, македонскиот избор за „Песна  на Евровија“ и други, а добитник е и на бројни музички признанија и награди. Погледнете го видеото и слушнете како Сузана Јовчева низ својата вокално-музичка експресија ја доживува „Македонија“: ]]>

„Дупер“ останаа дуо, па го „испратија“ во етерот својот „Патник“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/duper-ostanaa-duo-pa-go-ispratija-vo-eterot-svojot-patnik-video/ Thu, 26 Sep 2019 11:09:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109188

Откако од трио останаа двајца по напуштањето на тапанарката Мартина Баракоска и отказот од „Авалон продукција“, Борис Какуринов (гитара и клавир) Илчо Нечовски ( вокал и бас-гитара) најпрвин во месец мај годинава ја промовираа песната насловена „Пробај да ми бидеш“, а по завршувањето на летото еве ги назад на музичката сцена со нова песна. Овој пат темата носи наслов „Патник“ и истата како автори ја потпишуваат  (музика, текст и аранжман) самите членови на „Дупер“, додекаа снимањето, миксот и мастерингот се направени во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев. Стилски темата не отскокнува од претходните, го следи правецот кој и досега го практикуваше дуото и многу не изглегува од нивниот авторски концепт кој го негуваат, се разбира со мали аранжмански корекции на стилот. За песната е снимен и видеоспот кој е изработен од „Фроузен тајм дропс“. Како сето тоа звучи и изгледа проследете преку вашето аудиовизуелното патување низ нивниот „Патник“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=100&v=jHFVTTLUe-Y]]>

„Љубојна“ со филмска екранизација на симфониската „Севдо ле“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljubojna-so-filmska-ekranizizacija-na-simfoniskata-sevdo-le-video/ Tue, 24 Sep 2019 09:29:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108649

„Драги фанови. Тазе од "кујната" на Љубојна. Погледнете го официјалното видео од нашиот нов сингл #СевдоЛе од албумот со Џијан Емин и Maкедонската филхармонија, кој излегува наскоро, насловен „Phonic Silence“. Благодарност до целата екипа која неуморно работеше на спотот и луѓето кои беа постојано околу нас за сé што ни треба“ - напишала вокалистката Вера Милошевска во најавата за новото видео на етно групата „Љубојна“, за песната „Севдо ле“. Инаку, видеото се снимаше уште летоска под режисерската палка на Сашко „Потер“ Мицевски во продукција на продуцентската куќа „Охо“. Уште тогаш, судејќи според споделените фотографии, беше извесно дека не очекува уште една одлична екранизација во која главните улоги ги добија актерите Наталија Теодосиева и Димитрија Доксевски.   Новото видео се снимаше токму во пресрет на концертот што „Љубојна“ го одржа на 7 август 2019  во „Антички тетатар“ – Охрид, во рамките на годинешното „Охридско лето“.   Инаку групата 2019 година ја започна со спектакуларниот концерт со Македонската филхармонија, одржан на 1 февруари, кога публиката уживаше со новите аранжмани на маестро Емин Џијан од каде е темата за „Севдо ле“, а во март од страна на  „Кроација рекордс“ беше објавен и албум со нивните најголеми хитови. Музиката е на Оливер Јосифовски, стиховите се на Вера Милошевска, миксот и мастерингот на Анѓел Ќосев, во чије студио „Подрумот“ е сниман материјалот, за чија оркестрација, инструментализација и аранжман се погрижил маестро Емин Џијан. И додека чекаме наскоро  да се појави и комлетниот материјал за новиот албум на „Љубојна“ чие излегување е најавено за идниот месец - октомври 2019, уживајте во филмската екранизација на првиот сингл симнат од него, темата „Севдо ле“. https://www.youtube.com/watch?v=vTcE4C6bLn0  ]]>

Томче и Шарки ќе ви објаснат што значи кога животот ти е како на „Коцка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tomche-i-sharki-kje-vi-objasnat-shto-znachi-koga-zivotot-ti-e-kako-kocka-video/ Sat, 20 Apr 2019 16:43:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84146

Двоецот Дарко - Шарки и Томче  го промовираа новиот сингл „Коцка“, зад кој стои авторскиот тим Ангел Ќосев, кој ги напиша музиката и аранжманот, и Андријана Маркоска, која е коавтор на музиката, а чии се стиховите на песната.
Спотот  го направил уметничкиот фотограф и режисер  Дарио Јанковиќ, а снимен е на браната Козјак и казиното „Винер“ кај Чешма, во Кисела Вода, каде што и се одржа промоцијата на која водител беше популарната Александра од „Брза кујна“.
Песната покрај македонската има и српска верзија насловена „Коцкам се“ и истата Томче и Шарки за две недели ќе ја промовираат и во Белград.
Снимена е во студиото „Подрумот“ со живи инструменти кои ги свират: Гоце Илиоски- тапани, Бока Конга- конги, Васил Потиров- бузуки, Никола Автовски- бас, Ангел Ќосев -клавијатури и Лидија Кочовска која ги отпеала придружните вокали.
Како звучи и изгледа кога животот ти е како на „Коцка“, дознајте од Томче и Шарки во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=d_oohMZxKuw]]>

Елена Андоновска ја визуелизираше својата верзија на „Мома седи на чардакот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-andonovska-ja-vizuelizirashe-svojata-verzija-na-moma-sedi-na-chardakot-video/ Thu, 17 Jan 2019 13:07:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67939

Фолк пејачката Елена Андоновска деновиве ги промовираше во медиумите новиот видео запис за песната „Мома седи на чардакот“, која е уште едно музичко парче од новиот музички проект на Елена и членовите на групата „Седенка“, насловен „Кој што ме чуе да пејам“. Ова е втора песна од албумот која добива видео запис, веднаш по дебитантската „Босо моме“. 
Инаку, проектот содржи десет композиции кои се всушност еден вид кавер верзии, односно преаранжирани преработки на познатите народни песни, испеани од легендарните доајени на македонската народна песна.
Песните се преаранжирани во ново руво од страна на  Александар Јовевски, кои иако задираат во модерениот етно стил, исполнет со современи музички примеси, воопшто не изгубиле од својата оригиналност и автентичност, толку карактеристични за  македонскиот мелос. Напротив, дури и се збогатени со што добиле на својата музичка вредност која соодветствува со духот на модерното доба, што е редок пример во денешново време, во кое царуваат кичот и шундот.
Албумот е снимен во музичкото студио „Подрумот“, а зад  продукцијата стои проверениот мајстор Ангел Ќосев. Видеото е  сниманово амбиентот на скопскиот ресторан Лира, а него го потпишува продукцијата „Арт студио“.
Гости во видеото се и дел од екипата музичари со кои Елена соработувала на снимањето на нејзиниот албум, од кои најголем дел се нејзини колеги од групата „Седенка“, во која таа однеодамна и самат членува.
Инаку Елена Андоновска е професионален музичар, која студирала етнокореологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Професионално е вработена во Националниот ансамбл за танци и песни „Танец“, а е во брак со својот музички колега Марјан Андоновски.
Како звучи и изгледа  „Мома седи на чардакот“ во изведба на Елена Андоновска проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=nUvWGXhCkTg
]]>