анета наковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 18 Nov 2023 08:43:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png анета наковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Анета Наковска со “ураган“ порака од Америка: „Немам потреба да се мачкам со ѕвездена прашина, ѕвездата ја носам во себе и отсега ќе носам се’ пред себе“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-nakovska-so-uragan-poraka-od-amerika-nemam-potreba-da-se-machkam-so-zvezdena-prashina-zvezdata-ja-nosam-vo-sebe-i-otsega-ke-nosam-se-pred-sebe-foto/ Sat, 18 Nov 2023 08:43:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326763

Македонската фолк пејачка и поранешна учесничка во реагионалното реално шоу „Големиот брат“, Анета Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе со години живее на релација Македонија - САД. Кога се дома, во родната грутка, најчесто на лето, најмногу уживаат во семејната куќа  во охридско Велгошти која е вистински рај. Иако зимата кај нас полека почнува да ги покажува забите и вистинското лице, отаде „големата бара“ летото изгледа се' уште држи. До душа каде како, зашто Америка е земја голема, ама таму каде што престојува Анета Наковска - на сончевата Флорида, очигледно е доволно топло и пријатно за фолкерката дури да се сонча. Иако е далеку од тинејџерка, Наковска се' уште расна, стројна и бујна се соблекла во бикини, па така распослана на каменестата „холивудска плажа“(според името) ужива во шумот на океанските бранови впивајќи ги последните сончеви зраци на Флорида, каде времето на крај на Ноември се однесува како да е крај на летото. Максимално релаксирана и опуштена Наковска очигледно има  потреба само од ваквиот тип на убавина, додека  останато, оддамна го има надминато... Особено желбата да се докажува колку е „голема ѕвезда“, какви стајлинзи менува, да го истакнува егото, да продава ветер во магла...   Барем самата така кажува во една од последините пораки што во вид на Фејсбук статуси ги споделила на својот профил. Кому и зошто му е упатена или само онака општо тоа  кажала, колку да знаат оние што се чаталат, знае само пејачката која порачала:   „Немам потреба да се мачкам со ѕвездена прашина и 'фенси стајлинзи'  за да блескам, ѕвездата ја носам во себе.  Затоа сум приземјена, без егоманија, 'ѕвездена глумажа'... немам потреба  да продавам ветер и магла,  бидејќи јас сум ветерот, до душа до сега ветер во туѓи грбови, но отсега ќе носам се' пред себе“ - порачала Наковска. Дали фолкерката била изнервирана од скорешните муабети дека се разведува од бизнисменот Спиро Крлевски, што таа остро ги демантираше преку социјалните мрежи или не можела веќе да ги поднесе самобендисаните Инстаграм и Фејсбук фалбаџики, останува пејачката самата да потврди!? Фото: Фејсбук/Aneta Nakovska]]>

Фолкерката Анета Наковска направи една промена на себе од која ќе се запрашате дали е таа или не (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/folkerkata-aneta-nakovska-napravi-edna-promena-na-sebe-od-koja-ke-se-zaprashate-dali-e-taa-ili-ne-foto/ Thu, 14 Sep 2023 07:45:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317957

Фолк пејачката Анета Наковска го ужива последниот топол летен бран на море. Ред ребота со микрофонот во рака, ред сончање за совршен летен баланс од крајот на летото. За разлика од порано Наковска не е така активна по социјалните мрежи, но овој пат изненади со серија фотографии каде позира во бикини распослана на морскиот брег. Бујните гради беа во прв план, но една промена која на себе ја направила и дава сосема поинаков визуелен приказ. Многумина сакаат да имаат очи со сина боја, па и Анета која по природа е темноока. Леќите за очи се лесно достапна варијанта за промена до посакуваната боја, а пејачката избра впечатлива небесно сина која со поглед те замрзнува. Леден поглед и чоколаден тен, комбинација која остава силен впечаток кој очигледно на пејачката и се допаѓа. Инаку, неодамна се шпекулираше дека се разведува од бизнисменот Спиро Крлевски, што таа остро демантираше преку социјалните мрежи. фото: Фејсбук/Анета Наковска]]>

За Анета Наковска нема зима: Пејачката во бикини ужива на плажа среде јануари (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/za-aneta-nakovska-nema-zima-pejachkata-vo-bikini-uziva-na-plaza-srede-januari-foto/ Wed, 12 Jan 2022 07:46:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234474

Пејачката Анета Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога се овде, најмногу уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти. Пејачката е активна на социјалните мрежи, па често знае да сподели фотографија и да ги извести следбенциите и пријателите за нејзините активности. Додека кај нас владее зима и ниски температури, за Анета е лето.  Деновиве падна и снег, па познатите излегоа на снежна прошетка, а некои веќе уживаа и во зимските ски центри. Македонската пејачка се релаксира на плажа. Имено, таа објави фотографија на која позира во бикини на плажа во Америка и ги истакна своите атрубит среде јануари. „Семеен ден на плажа“, напиша таа во описот на фотографијата. За Наковска нема зима, а таа знае како да ужива и да ги полни батериите. фото: фесјбук/анета наковска]]>

Ја нарекоа македонската Афродита: Анета Наковска бујна и расцутена во домашна фотосесија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-narekoa-makedonskata-afrodita-aneta-nakovska-bujna-i-rascutena-vo-domashna-fotosesija-foto/ Wed, 27 May 2020 06:00:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151436

Пејачката Анета Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога се овде, најмногу уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти. Карантинските денови ги поминуваат во Македонија, а како и сите Анета на својот Фејсбук прфоил откри дека си дала предизвик да ја одржува линијата со физичката активност и правилна исхрана. Задоволна од резултатите, пејачка се реши да направи фотосесија во домашната градина. Облечена во црвен фустан со длабоко деколте, Анета ја нагласи својата сензуалност, провокативност и женственост, а пријателите во коментари ја нарекоа македонската Афродита. -Карантински денови, се зареков вежбање и диета и до некаде мислам успеав и вчера си добив инспирација од вечната убавица, ружата и најдрагоценото нешто сонцето, па направив некоја фотка како малку разонода, ги опиша Анета фотографиите, а комплиментите се редеа еден под друг за расцутената македонска божица.]]>

Анета Наковска распали по челниците на фолк фест „Валандово“ дека ја одбиле да пее како „неподобна и непожелна“ оти била против власта… па, пејачката потоа се попишмани? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-nakovska-raspali-po-chelnicite-na-folk-fest-valandovo-deka-ja-odbile-da-pee-kako-nepodobna-i-nepozelna-oti-bila-protiv-vlasta-pa-pejachkata-potoa-se-popishmani-foto/ Fri, 05 Apr 2019 08:05:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=81218

Прд ден-два македонската фолк пејачка Анета Наковска го изрази своето незадоволство зашто била одбиена да пее на фолк фестивалот „Валандово“.
Имено, Наковска уште минатата година конкурирала со своја песна која не била примена, а годинава требала да ја изведува песната на еден наш познат композитор, која Советот на фестивалот и стручната селекциона комисија ја примиле.
Но кога нејзиниот прв човек кого пејачката го прозива, ја слушнал песната, рекол дека таа може да помине, ама пејачката - никако! Наводно, како што тврди и самата во своето првично објавено писмено обраќање, слушнала дека за  фестивалот таа е „неподобна“ или поточно „непожелна“ заради своите политички ставови, односно заради тоа што не ја поддржува власта!
Сиот свој гнев и револт фолкерката реши да го раскаже јавно преку социјалните мрежи во својата приказна, која и ја објави на својот Фејсбук профил. Во неа таа децидно вели:
„Хммм, изгледа дојде време да се обелоденат некои вистини... Пред многу години, кога татко ми го правеше фестивалот Тримери, Копров му понуди да ми изработат цел албум за мене заедно со аранжерот Живојин Глишиќ... Нејсе, прво тој се сложи и му остави машала голема сума како капар, но потоа подобро размисливме дали е добро за еден пејачда има цел албум со еднолични песни само од еден ист композитор и аранжер направени и се пишманивме... Инаку, за тоа беа побарани навистина големи пари нормално... капарот се разбира си остана кај нив... Е сега многу години подоцна, истиот тој Глишиќ го ставаат главен на уметничкиот совет на фестивалот Валандово, поточно од лани... и минатата година јас дадов моја песна, беше одбиена...ОК... Оваа година добив понуда да пејам песна од еден прекрасен и многу почитуван композитор. Да ја пејам неговата песна која што е примена на фестивалот и јас со задоволство ја прифатив. Но, јас сум била непожелна на фестивалот, дознав во меѓувреме, бидејќи сум била против власта како прво, а како второ не сум била пејачка по вкус на Глишиќа? Немала ниту една по негов вкус па песната морала да се преправи за машки текст! Значи пред повеќе години кога требаше да земе големи пари од мене му бев по вкус за цел албум да ми направи, а сега не...!? Па добро бре до каде со оваа беда и мизерија во умот и душата мислат да стасаат луѓево? Зарем не мислат дека утре ќе си заминат од тоа место на кое се сега и што потоа? јас и понатаму ќе творам, ќе пишувам песни и ќе пејам, но тие со овој ум не знам каде ќе бидат? Жално и многу ниско, баш во нивни стил: Не си ни поддржувач - немаш пристап никаде... хе, хе, хе...“ - пишува во својот Фејсбук профил Наковска!
Но, види чудо, само неколку часа подоцна итиот тој текст во вид на Фејсбук статус „исчезна“ од социјалната мрежа, поточно од нејзиниот профил?! Таа самата или некој друг го избриша во нејзино име?
Дали фолкерката се уплаши, размисли па се премисли, се попишмани? Или едноставно реши како и претседателските избори - да го бојкотира и Фолк фест „Валандово“?
Наковска е на потег да објасни што се случи со нејзиниот фејсбук статус?! Како и проф. Живојин Глишиќ, зошто песната може да биде изведена, ама Анета Наковска НЕ може да (ја) пее на „Валандово?“]]>

Еден Баже две Иренки и Анета: Зимска фолк идила на Охридското езеро! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eden-baze-dve-irenki-i-aneta-zimska-folk-idila-na-ohridskoto-ezero-foto/ Fri, 18 Jan 2019 08:27:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68024

Најжешката македонска фолк Баба Мразица, пејачката Ирена Спасовска во оваа Нова Година празниците ги помина малку работно, малку релаксирано. Или како што самата би рекла: ред работа - ред одмор.
Празниците полека изминуваат, ама работата не чека, па Ирена откако претходно ја симна шминката и се соблече во костим за капање за да покаже дека и таа има тело за покажување и природна убавина и без мејкап, сега одново влезе во работен ритам.
Следна дестинација -македонскиот бисер Охрид. Таму, екипа мала, ама одбрана, настапите броени, хонорарот познат, бакшишот - непознат...  Македонските фолк ѕвезди во работна тројка, во различна машко-женска комбинација. До душа, машката постојана, само женските се менуваат...
Имено Благоја Грујовски, малку во комбинација со Анета Наковска, малку со Ирена Спасовска... на постновогодишна „зимска жетва“ по охридското крајбрежје и неговата околина. Забавата загарантирана, расположението на ниво, бакшишот веројатно пристоен... А пост работната атмосвера...? Неа можете само да си ја претпоставите. Или да ѕирнете во хотелската соба на фолк ѕвездите... Толку, колку што ќе ви дозволат, се разбира, како што тоа го стори Ирена. Постела бела, пејачката на колена во не, подраскомотена во фото поза што понешто покажува, ама сепак ништо не открива... Остава вашата имагинација да ги разбуди скриените мечти и копнежи.
До душа, нејзиниот пост: „Тие нека те озборуваат, а ти уживај... Мора некој и да живее“, очигледно упатен некому, доволно говори. Додека Ирена пее, може било кој да ја фотографира... па и самата! Љубопитноста ја буди прашањето: Кој бил зад камерата во хотелската соба, додека пејачката вака „раскомотена“ ужива? Еден Баже, две Иренки или една Анета?
Зимска идила, крај Охридското езеро! Некој мора да работи, ама некој мора и да живее!    ]]>

На Анета Наковска и го „налепија“ Закинтос, а и го премолчаа Солун: Сакајќи да и „сместат“ на фолкерката, испаднаа „смешни“?! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-aneta-nakovska-i-go-nalepija-zakintos-a-i-go-premolchaa-solun-sakajkji-da-i-smestat-na-folkerkata-ispadnaa-smeshni-foto-video/ Tue, 06 Mar 2018 08:09:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14985

Коментирајќи го неделниот протест ,,Нашето име е наше право’’ на плоштадот Македонија во Скопје, некои од  провладините медиуми и нивните електронски изданија сакајќи да ја релативизираат сериозноста и бројноста на истиот, се обидоа на шеговит начин ги (дис)квалифицираат некои од непосредните говорници и учесници на истиот. Меѓу останатите на тапет  и некои од пејачите кои се најдоа на говорницата , односно сцената како фолк пејачката Анета Наковска, на пример. Така, електронското издание на политичкиот интернет забавник, како што себеси се нарекува „Фокус“ коментирајќи кој се од пејачите настапил на протестот во вчерашното издание од 05 март 2018, во насловот на текстот пишува: „Сними спот на Закинтос, па порача дека името не го даваме“ - иронично алудирајќи на фолк пејачката Анета Наковска.
И не дека не се во право... само што правото намерно го искривуваат, за да ја искриват и сликата за некого, кој си ја сака својата земја и својот народ, зашто таквиот патриотизам во дадениот момент не му одговара на актуелниот режим и неговите медиумски мегафони!
Имено, Анета Наковска пред две години снимала на споменатата локација во што нема ниту нешто страшно, ниту е непатриотски!? Конечно, половина Македонија оди кај јужниот сосед на летување, што не значи дека  се сите изроди и предавници кои не си ја сакаат татковината, името, нацијата, идентитетот, јазикот... и не излегуваат на протести кога истите ни се загрозени!
Конечно, споменатата македонска фолкерка беше една од ретките, ако не и единствената, која среде истата таа Грција или поточно, среде Солун отпеа македонска народна песна со патриотска содржина на Македонски јазик... И згора на сето тоа, среде Солун снимаше и дел од кадрите за видеоспотот за истата таа песна насловена „Ајде в наша родина“. 
Дали од незнаење или од пуста желба да им удоволат на оние чии поддржувачи се, овие од политичкиот интернет забавник го премолчеле овој факт, па наместо пофалби за патриотскиот чин - и тогаш и сега, Анета Наковска доби етиката во стилот: „Се збодна таму да снимаш, а сега против истите протестираш“. 
Да беше поинаку, а тие и нивните во поинаква позиција, ќе беше обратно! Вака, на Наковска македонската песна со патриотска содржина „Ајде в наша родина“ и  спотот од Солун и ги премолчеа, ама затоа устата и пишаните редови им се полни со Закинтос и „Дај Џони“!       https://www.youtube.com/watch?v=k42svUBo_Qk  ]]>