анемија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Dec 2023 12:53:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png анемија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За слабокрвни: Напивки благотворни против анемија https://arhiva.vistina.com.mk/za-slabokrvni-napivki-blagotvorni-protiv-anemija/ Fri, 01 Dec 2023 12:53:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329582

Додека некои напитоци (на пр. кафе, чај, газирани сокови) содржат соединенија што може да ја влошат слабокрвноста со блокирање на вносот на железо во крвта, други го подобруваат внесувањето или самите содржат доволно количество железо, витамин Б-12 или фолна киселина. Најчеста причина за анемија (слабокрвност) е недостигот од железо. Без него, човековото тело не може да произведе хемоглобин што им е потребен на црвените крвни зрнца коишто носат кислород. Железото го има во секојдневната исхрана, но и во едноставни пијалаци. Додека некои напитоци (на пр. кафе, чај, газирани сокови) содржат соединенија што може да ја влошат слабокрвноста со блокирање на вносот на железо во крвта, други го подобруваат внесувањето или самите содржат доволно количество железо, витамин Б-12 или фолна киселина. Сок од портокал Истражување објавено во „Американскиот журнал за клиничка исхрана“ (American Journal of Clinical Nutrition), посочува дека внесувањето витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железо од храната. Меѓу најбогатите извори на витамин Ц е сокот од портокал – една чаша содржи повеќе витамин Ц од препорачаната доза. Сокот од портокали е добар избор особено во случај на состојба на анемичност поради недостаток на фолати. Секоја чаша сок од портокал има 74 микрограми фолати. Ова е речиси 19 отсто од дневните потреби за возрасен човек. Сок од морков Исхраната во којашто недостасуваат состојки богати со витамин А, може да ја влоши анемијата со недостиг на железо. Жолтите и портокалови овошја и зеленчук, како што се морковите, се добри извори на каротеноиди, коишто се претвораат во витамин А. Покрај сок, стручњаците препорачуваат да се јаде и свеж морков. Сок од сливи Можеби не е добар извор на витамин А или Ц, но сокот од сливи е природно богат со железо. Редовното консумирање може да помогне да се намалат симптомите на слабокрвност или недостиг од железо. Секоја чаша сок од сливи содржи повеќе од три милиграми железо. За мажите, таа количина би била приближно 38 отсто од осумте милиграми препорачана дневна доза железо. За жените, кои треба да внесуваат околу 18 милиграми железо дневно, една чаша сок од сливи би исполнила речиси 17 отсто од потребите. Млеко Луѓето кои страдаат од анемија, немаат доволно витамин Б-12, но можат да го надоместат тоа со – пиење млеко. Чаша млеко со мала масленост содржи микрограм витамин Б-12, или половина од препорачаната дневна доза за возрасен. извор: курир.мк фото: Freepik]]>

Чаеви кои помагаат при анемија! https://arhiva.vistina.com.mk/chaevi-koi-pomagaat-pri-anemija/ Wed, 22 Nov 2023 13:35:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328104

Пробајте ги овие четири видови на чаеви против анемија и подобрете ја крвната слика со нивна помош… Бледа кожа и слузокожа се видливи дури во тешките случаи на анемија. Главно нејзините симптоми се прилично нејасни и неприметливи. Погодените се жалат на општа слабост и непријатно чувство. Со терапијата која ја препишува лекарот добро е да се пијат и одредени чаеви.   Анемијата или намалувањето на бројот на крвните зрнца, може сериозно да го наруши квалитетот на животот, а во тешките случаи да доведе и до потешки компликации. Затоа секогаш мора да се лекувате според упатствата на докотрот. Меѓутоа, лекувањето на анемија предизвикана од недостаток на железо ќе биде поделотворно со овие билни чаеви. Некои од нив можат да помогнат во создавањето на залихи од железо во организмот.   Чај од зимзелен   30 грама суви листови зимзелен сварете ги една минута во литар вода, оставете да отстои 15 минути, потоа процедете. Пијте 2 шољи чај два пати дневно помеѓу оброци.   Чај од ореви   20 свежи листови од орев варете ги во литар вода 15 минути, потоа процедете. Пијте една шоља чај пред оброк два пати дневно.   Чај од рен   20 грама корен од рен сварете го во литар вода околу 20 минути. Оставете да стои преку ноќ. Процедете. Пијте две шољи чај дневно помеѓу оброци.   Чај од бела коприва   25грама суви врвови од цвет од коприва ставете во литар зовриена вода. Оставете да стои 10 минути а потоа процедете. Пијте 2 шољи чај на ден помеѓу оброци.
Извор: Попара.мк
]]>

Домашен лек за анемија: Како на природен начин да ја зголемите количината на железо во организмот? https://arhiva.vistina.com.mk/domashen-lek-za-anemija-kako-na-priroden-nachin-da-ja-zgolemite-kolichinata-na-zhelezo-vo-organizmot/ Fri, 03 Mar 2023 12:22:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291657

Анемијата е многу чест проблем, особено кај помладите жени. Причините за анемијата можат да бидат различни, но најчесто главен виновник е недостатокот на железо, односно недостатокот на овој минерал во нашата исхрана. За среќа, исхраната може многу да помогне во регулирањето на овој проблем, како и да го подобри нивото на железо, а нутриционистите предлагаат да ги воведете следните намирници: – сусам – спанаќ – домат Покрај овие намирници, корисниците на социјалните мрежи споделуваат рецепт за кој тврдат дека за само еден месец драстично им ја подобрил крвната слика и проблемот со анемијата: четвртина цвекло половина калинка 4-5 јагоди два портокалови прстени лажица мед 2дл вода Подготовка: Изблендирајте и процедете. Консумирајте секој ден. Извор:Курир.мк]]>

Направете природен лек против анемија – Одличен за трудници и деца и ја подобрува крвната слика за рекордно време https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-priroden-lek-protiv-anemija-odlichen-za-trudnici-i-deca-i-ja-podobruva-krvnata-slika-za-rekordno-vreme/ Tue, 05 Jul 2022 12:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257171

За време на бременоста, на жените им треба двојно повеќе железо од небремените жени. Поголемите потреби се должат на тоа што бебето треба да се снабдува со кислород и преку организмот на мајката. Потешка форма на анемија за време на бременоста може да го зголеми ризикот од предвремено породување, раѓање на бебе со мала телесна тежина, но и да го зголеми ризикот од постпородилна депресија. Доколку се чувствувате слабо и исцрпено за време на бременоста, задолжително спомнете го тоа кај докторот, кој ќе ви ја провери крвната слика и ќе вклучи терапија доколку е потребно. Организмот секако треба да го зајакнете со природни препарати, а има и природен лек кој е одличен за подобрување на крвната слика. Потребни состојки: – 200 мл мед – 200 гр ореви – 200 гр суво грозје – 200 мл сок од морков – 200 мл сок од цвекло – 2 лимони Подготовка: Измијте 2 лимони. Исечете ги на половина и извадете ги семките. Сомелете ги заедно со кората (ако лимонот е испрскан – излупете го) и ставете го во голема тегла. Во мелениот лимон додадете мед, сок од цедено цвекло и сок од морков и измешајте. Во смесата додадете ситно сечкани или мелени ореви и суво грозје и повторно измешајте сè. Ќе добиете околу 1 кг вкусна и многу здрава лековита супстанција. Земете по една лажица три пати на ден, пред јадење. Чувајте ја теглата во фрижидер.]]>

Три еликсири од природата: Ќе ви помогнат во борбата со анемијата и подобрување на крвната слика https://arhiva.vistina.com.mk/tri-eliksiri-od-prirodata-kje-vi-pomognat-vo-borbata-so-anemijata-i-podobruvanje-na-krvnata-slika/ Tue, 15 Mar 2022 13:20:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243188

Недостатокот на железо и лошата крвна слика се сè почести меѓу луѓето, а истите можат да предизвикаат и други проблеми. Од анемија пати речиси 10 отсто од целокупната популација. Постојат две најчести причини за оваа состојба: - намалување на произведување на црвените крвни зрнца - зголемена загуба и уништување на црвените крвни зрнца Уморот и слабоста се речиси редовни симптоми за недостаток на железо. Покрај тоа останатите симптоми можат да бидат и бледа кожа, проблеми со работата на срцето, главоболки, вртоглавици итн. Напитоци кои можат да ви помогнат во такви состојби: 1. Чај од коприва Копривата е исклучително лековита билка која содржи железо, голема количина фосфор, манган, калиум, магнезиум, калциум, но и витамини А, Ц, Е и витамини од групата Б. Се тврди дека копривата е најлековита кога се бере во текот на пролетта. Една лажица сува коприва прелијте ја со врела вода и оставете да отстои неколку минути. Потоа процедете, па пијте го чајот. 2. Сок од капини Една чаша сок од капини содржи околу 700 микрограми калиум кој е одличен за цел кардиоваскуларен систем. Освен калиум, ова овошје изобилува со витамини од Б групата (особено Б9), фолати, Ц витамин, натриум - сите овие состојки заедно можат да ви помогнат да го зголемите нивото на железо и да ја подобрите крвната слика. 3. Сок од цвекло Цвеклото речиси е најделотворно кога станува збор за решавање на проблемите со анемијата. Студија спроведена во Германија дошла до заклучок дека редовното консумирање на оваа намирница може да ги реши проблемите со железото речиси за цел живот. Цвеклото изобилува со железо, а освен тоа одлично е и за крвниот притисок. Ставете 3 цвекла, 3 јаболка, 3 моркови, мед и 2 лимони - па направете си смути за доброто на целиот организам. извор:точка.ком.мк]]>

Имате лоша крвна слика? Овој чај ќе ви помогне за тоа, но и уште неколку проблеми во телото https://arhiva.vistina.com.mk/imate-losha-krvna-slika-ovoj-chaj-kje-vi-pomogne-za-toa-no-i-ushte-nekolku-problemi-vo-teloto/ Tue, 05 Nov 2019 13:45:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116523

Лошата  крвна слика создава многу проблеми во телото, а овој чај помага да бидете здрави, помага за косата да ви биде по бујна, помага против воспаленија и тешки болести. Припремата е едноставна:
  • Ви требаат сончогледови семки и вода. Одберете органски.
  • Се преливаат со пола литар врела вода и се оставаат два часа со капак.
  • Се пие наутро на празен стомак.

7 скриени симптоми на анемија што не треба да ги игнорирате https://arhiva.vistina.com.mk/7-skrieni-simptomi-na-anemija-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate/ Tue, 10 Apr 2018 08:36:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=19820

Доколку постојано се чувствувате исцрпено, можеби е време да почнете со внесување повеќе железо и витамин Б12. Имено, можеби сте слабокрвни односно анемични. Па, што е всушност анемија? Анемија е нарушување што се случува кога немате доволно црвени крвни клетки за да го разнесуваат кислородот низ телото. Некои поединци имаат вродена анемија, но најголемиот дел од луѓето страдаат од анемија поради недоволно консумирање железо и витамин Б12, кои се потребни за производство на здрави црвени крвни клетки. Ова се 7-те скриени симптоми на анемија што би требало да ги знаете…

1. Често ви снемува воздух и имате вртоглавица

Кога телото нема доволно железо или витамин Б12, не може да произведува доволна количина на еден посебен вид протеин, што се вика хемоглобин. Хемоглобинот е од големо значење за функцијата на црвените крвни клетки. Хемоглобинот, кој е толку богат со железо што ѝ ја дава црвената боја на крвта, му овозможува на кислородот да се поврзе со клетките, за тие да можат да го пренесат во крвотокот и низ целото тело. Кога нема доволно железо или витамин Б12 за да се создаде доволно хемоглобин, некои делови од телото не го добиваат потребниот кислород. Како резултат на тоа, на анемичните луѓе многу лесно им снемува воздух и понекогаш имаат толку малку кислород во главата што чувствуваат дека ќе се онесвестат.

2. Постојано сте исцрпени

Еден од најчестите симптоми на анемија е чувството на хронична исцрпеност. Проблемот е што малкумина ја препознаваат исцрпеноста како симптом. Некои се чувствуваат поизморени, некои го чувствуваат уморот дури по одредена активност. Уморот е предизвикан од истиот процес што доведува до недостаток на воздух и вртоглавица. Без доволно железо и витамин Б12, нема доволно хемоглобин, а без доволно хемоглобин, нема доволно кислород во телото.

3. Кожата ви е побледа

Ако немате здрави црвени крвни клетки за да им пренесат кислород на вашите органи, нормално е тоа што вашиот најголем орган (кожата) нема да изгледа здраво. Ако немате доволно железо или витамин Б12 во организмот, можно е кожата да не добива доволно крв што доведува до блед, па дури и жолтеникав изглед.

4. Чувствувате болки во градите

Кога не циркулираат доволен број црвени крвни клетки, срцето мора да работи уште понапорно за да ги придвижува во телото. Како резултат на тоа, срцето чука побрзо од вообичаено и може да почувствувате болки во градите. Не смеете да го игнорирате овој проблем, особено ако имате и други срцеви проблеми. Според едно истражување, анемичните пациенти со акутен коронарен синдром се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни болести, па дури и смрт, за разлика од пациентите со акутен коронарен синдром кои не се анемични. Токму поради тоа, анемијата се смета за моќен показател на потенцијалните срцеви проблеми кај пациентите.

5. Бремени сте или губите многу крв

Можеби консумирате доволна количина на железо, но анемични сте затоа што губите крв од други причини. Бремените жени се особено подложни на анемија, бидејќи телото мора да произведува повеќе крв од вообичаено за да го овозможи развојот на бебето. Меѓутоа, жените кои не се бремени, мажите, па дури и децата кои имаат стомачни проблеми, како што се чирови, хемороиди, воспаление на стомакот и рак се изложени на зголемен ризик од анемија, доколку нивните здравствени проблеми предизвикуваат хронично крвавење.

6. Следите вегански начин на исхрана

Сојата, темниот листест зеленчук и тофуто содржат железо, па затоа веганите и вегетаријанците можат да ја внесат потребната количина на железо. Меѓутоа, нутриционистите советуваат дека е невозможно да се внесе витаминот Б12 преку растенија. Како резултат на тоа, единствениот начин на којшто веганите можат да ја внесат потребната количина на Б12 е редовно да земаат додатоци во исхраната.

7. Обожавате да лижете коцки мраз и да јадете други чудни ужини

Еден од најнеобичните симптоми на анемија е потребата за нехранливи производи, како што се коцки мраз, сода бикарбона, глина, па дури и моливи или исушена боја. Уште поинтересно е тоа што докторите и истражувачите не знаат зошто пациентите сакаат да јадат вакви необични работи. Меѓутоа, експертите сепак тврдат дека ова е многу чест симптом на анемија.

Што да направите доколку сте анемични?

Доколку забележувате некои од овие симптоми кај себе и мислите дека сте анемични, многу е важно да одите на доктор за да видите каков тип анемија имате и што треба да направите за да ја излечите. Немојте да купувате непроверени производи на своја рака. Најважно е да ја разберете причината за недостатокот на железо и да ја прилагодите вашата исхрана, но тоа ќе можете да го сторите само ако закажете лекарски преглед. извор:кафепауза.мк]]>