андријана будимир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Oct 2021 09:20:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png андријана будимир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пеце – „Суперхикс“ во предизборно-политичка СДСМ кампања, а бендот се огради од него: Не е кандидатот за градоначалник на СДСМ – центар добар, туку музичарот има личен интерес ако тој победи! https://arhiva.vistina.com.mk/pece-superhiks-vo-predizborno-politichka-sdsm-kampanja-a-bendot-se-ogradi-od-nego-ne-e-kandidatot-za-gradonachalnik-na-sdsm-centar-dobar-tuku-muzicharot-ima-lichen-interes-ako-toj-pobedi/ Fri, 15 Oct 2021 09:19:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223077

Локалните избори се на прагот, кампањата привршува, на чекор сме од гласањето за нови градоначалници по градовите и оштините. Скопје, секако најпрималиво, а со тоа и најнеизвесно... Или барем така е во поедини општини, кои досега биле за некого сигурни, неосвоиви цврсти тврдини, бастиони на политиката која одредена партија за протежира. Центар е една од оние кои важат за СДСМ-овско гнездо кое тешко се урива, а друго „партиско пиле“ тешко може и да го прелета, а камо ли да се вгнезди. Но овој пат рсе чини работите стојат налку поинакум, па затоа партиската врхушка се потрудила да ја активира целокупната армада на подржувачи, поттикнувачи, агитатори... за да остане на своето центарско прибежиште. Едем од оние кои јасно, гласно и аудиовизуелно и се приклучија на пропагандната предизборна СДСМ машинерија и фронтменот, басист и вокал на групата „Суперхикс“, Петар Пеце Младеновски. Во својот неколкуминутен монолог Пеце  ќе го изнафали предложениот за градоначалникк на Центар СДСМ-овски кандидат, небаре му е роден брат! Но дека една ластовичка не чини пролет, а дека сите не мислат исто или умеат и да мислат, поразлично, секако, покажаа неговите колеги од „Супехикс“. Имено, членовите на бендот со свое соопштение или поточно демант на официјалната Фејсбук страница на бендот, јавно се оградија од поддршката на нивниот пејач кон кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар. ...“Вие знаете дека јас никогаш не сум поддржал ниту сум застанал зад некој политичар кога станува збор за нивните кампањи но еве го правам тоа за Горан затоа што го познавам многу долго и верувам дека ќе го направи тоа што го ветува“ –   се „правдаше“  се Пеце Младеновски фалејќи го кандидатот за градоначалник на општина Центар како „џамбаз својот коњ“.   Но всушност, зад оваа лажна лицемерна мимикрија се крие нешто сосема друго. Нешто што е многу посуштинско и всушност единствената права вистина зошто музичарот толку го го протежира политичарот. Зад целата маскарада се крие лична корист. Не е кандидатот за градоначалник на СДСМ - центар добар, туку музичарот има личен интерес ако тој победи! Тоа веројатно го знаат и членовите на бендот, кои сигурно не се политички истомисленици со нивниот музички лидер, а и сфаќаат што е посреди, па оттаму вака и реагираат! Имено, на листата за предложени кандидати за советници на СДСМ за општина Центар е и сопругата на Пеце - „Супехикс“, некогашната манекенка и модел, денес актерка, раста пејачка и ДЈ-ка, Елизабета Клинчаревска Младеновска, која го завзема местото со реден број 17. Пеце знае дека од таа стартна позиција шансите на неговата сопруга за влез во советничкта фотелја не се баш изгледни, па затоа со сите сили се труди да помогне, да турка колку што се може, за евентуално да се случи чудо невидено, па сопругата да му стане општински советник! Кога сме веќе кај сопругите и музичарите, на  советничка листа кај истиот кандидат за градоначалник на СДСМ за Центар, се најдоа уште неколку актуелни, несудени или бивши сопруги на познати македонски музичари и музички ѕвезди. Така на пример, носителката на оваа листа со број 1. Андријана Будимир, беше една од двете „најголеми љубови“ на Тоше Проески и велат, неговата „несудена сопруга“. А и сега е сопруга на човек кој имал многу допирни точки со музиката, како дел од едно познато македонско и скопско приватно радио и менџер на најпознатите скопски ноќни клубови и дискотеки. Кандидат за советник на СДСМ за општина Центар под реден број 11. Маја Серафимовска Борозан е и бившата сопруга на лидерот на дуото „Куку Леле“, музичарот, гитарист и композитор Роберт Саздов, со кого таа беше во повеќегодишен брак, се' до нивниот развод. На ова „естрадно - советничко женско друштво“ може да и се приклучи и кандидатката под реден број 2. Едина Муса, која освен што е позната како кошаркарка и мис боди фитнес дама, се појавуваше во некои музички видеа на македонските естрадни артисти, а чаршијата ја доведуваше во врска и со поедини познати музички имиња, кои  јавно не беа ниту обзнанети, а информацијата не беше потврдена. Фото: Социјални мрежи/принтскрин  ]]>

Двете најголеми љубови на Тоше: Благица Мицова и Андријана Будимир на различни политички страни (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dvete-najgolemi-ljubovi-na-toshe-blagica-micova-i-andrijana-budimir-na-razlichni-politichki-strani-foto/ Sat, 30 Nov 2019 08:00:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121286

Деталите за животот на Тоше Проески, пејачот со ангелски глас и насмевка не престануваат да ја интригираат јавноста, а ова се ндевојките - денес жени,  за кои се смета дека се неговите единствени вистински љубови. Првата е некогашната манекенка Благица Бети Мицова од Неготино, со која Тоше се запознал во 1998 година. Нивната врска траеше до почетокот на 2002 година и под притисок од популарноста беше раскината. По неговото појавување на Евровизија во 2004 година, тие се смириле, а потоа повторно раскинале... Врската ја завршиле во 2006 година. Сепак, пријателите на Тоше Проески велат дека двајцата секогаш биле во контак, а Тоше и испраќал билети за сите негови концерти. Нивните пораки, наводно сè уште стојат во неговиот телефон и ден денес. „Знам дека јавноста сака да ги знае деталите за мојата љубов со Тоше, но никогаш досега не сум дала интервју и не ја открив нашата приватност. Тоа ќе остане така засекогаш“  - ќе рече Благица во изјавата за македонските медиуми во 2014 година, кога открила дека го напушта манекенството и сериозно му се посветува на студирањето. Ќе дипломира и ќе се омажи за Виктор, братот на тогашниот министер за образование Спиро Ристевски, во владата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од премиерот Никола Груевски. Денес има свое семејство, е сопруга и мајка на синот Александар и ќерката Софија и живее живот далеку од очите на јавноста. Познатата ракометарка Андријана Будимир се смета за втората голема љубов на Тоше. Со него Андријана била во врска по разделбата на пејачот со Благица, па се до 2004 година кога Тоше и се враќа на претходната љубов. Будимир врската со Тоше ја обновува три години подоцна, за неговиот 25 роденден. Наводно требале да се венчаат и да му роди дете, но менаџерскиот тим сметал дека тоа не добро за неговата кариера, која непосредно потоа беше насилно прекината со неговото трагично загинување во октомври, 2007 година, во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка. Шест години подоцна, во 2013 година Андријана Будимир ќе се омажи за познатиот скопски менаџер на дискотеки и угостителски локали Јохан, а следната година двојката ќе го добие и синот Максим. Покрај сето останато, позната по обидот да има свој салон за убавина, нејзината приватна ракометна школа, а стана и првиот женски селектор на една македонска машка селекција, онаа - ракометната до 17 години. Деновиве Андријана Будимир прифати и политички ангажман, откако реши да пристапи и да биде вклучена во Комисијата за спорт на СДСМ, која ја предводи поранешниот ракометен репрезентативец, Наумче Мојсоски. Така, двете најголеми љубови на Тоше Проески - манекенката и модел Благица Мицова и ракометарката, ракометен тренер и селектор Андријана Будимир, се најдоа и на две различни, политички спротиставени страни!    ]]>