андреј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2023 10:06:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png андреј – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе: Не можеше да се изначуди ни самиот Раде, како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-do-kamerata-dali-e-do-skalite-ili-do-dolgite-manekenski-noze-ne-mozheshe-da-se-iznachudi-ni-samiot-rade-kako-toa-toj-e-povisok-od-nea-a-manekenkata-mozhe-burek-od-glava-da-mu-jade-foto/ Tue, 07 Nov 2023 10:06:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325732

Како што вети, Раде Врчаковски - Врчак ветеното по се' изгледа почна и да го остварува и полека да се враќа на естрадната сцена, со што израдува многумина. Особено припадничките на понежниот пол се посреќни, зашто русокосиот рапер беше нивни идол, со неговите песни растеа, се радуваа, плачеа, вљубуваа, водеа љубов, раскинуваа... А многумина од нив и во него самиот беа „зацапани“! Некои, веројатно се'  уште и се! Врчак со помош на своите стари пријатели од времето на продукција „Република“, Андреј и Панчо од ар ен би дуото ДНК, деновиве престојуваше во Белград. Таму го снимаа видеото за нивната најнова заедничка, за Врчак и повратничка песна, која претходно ја снимија во студиото на проверениот хитмејкер и музички продуцент, Лазар Цветковски. Спот како спот, несомнено ќе биде на нивото кое ДНК  досега го прикажуваат, а во видеото како по обичај мора да има и убави девојки, што на Андреј и Панчо исто така им е вообичаена пракса. Впрочем, стројните манекенки и топ модели отсекогаш ги имало во нивните спотови, па од тоа не отстапиле ниту овој пат. Јавноста не можеше да биде „Посреќна“ (како што им се вика и новата заедничка песна) откако ја дозна веста и ги виде најавните фотографии од снимањето. Тројцата стари пајташи одново заедно еден до друг, рамо до рамо во новото видео. Арно ама, сижето на прикаската е такава, што „рамо до рамо“ или поточно, „лице в лице“ одблизу мора да бидат и главниот протагонист и неговата партнерка во видеото, во случајов стројната манекенка. И види сега неволја или барем нејаснотија, на која никако не може да и се изначуди ни самиот Раде: Како тоа тој е повисок од неа, а манекенката може „бурек од глава да му јаде“?!  Дали е до камерата, дали е до скалите или до долгите манекенски нозе, има ли некој да одгатне, мили Боже? Во прашање е „оптичка илузија“ или чиста конфузија кога се сантиметрите во прашање, што воопшто и не е така важно? Важно е да има љубов, па макар и на спот, зашто гледано во глобала, телата се изедначуваат кога ќе се најдат... „во хоризонтала“! Тогаш воопшто не е важно дали е повисока, важно е да е... „Посреќна“! Фото: Инстаграм и Фејсбук/djshortypofficial/Раде Врчаковски  ]]>

ДНК направија концерт за историја: Битот вткаен во македонскиот музички код (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-napravija-koncert-za-istorija-bitot-vtkaen-vo-makedonskiot-muzichki-kod-foto/ Mon, 05 Dec 2022 08:32:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278543

Она што го ветија Панчо и Андреј од македонското ар ен би дуо ДНК и го остварија... Направија концерт за историја. Во саботата вечер, на 3-ти декември 2022 година А1 арената „Борис Трајковски“ беше претесна да ги прими сите нивни фанови и останатите посетители кои ја исполнија до ниво да нема „игла каде да фрлиш“. Нешто што ретко им се случува дури и на регионалните и светските музички ѕвезди кога доаѓаат во Македонија, а од домашните можеме едвај уште една-две на прсти да изброиме што тоа го направиле, како „Меморија“, на пример. Амбиент како што секој музичар посакува, а за ДНК дефинитивно ова беше настап на кариерата. Токму затоа можеби Панчо, Андреј и нивниот бенд  кој функционираше беспрекорно моќно и прецизно  како германска машинерија,  дадоа се од себе, да возвратат онака како што нивната публика од нив очекува... Со сето свое срце и душа,  вткајувајќи го сопствениот бит во македонскиот музички код! Како печат со кој за заверија својата дваесетгодишна кариера застанувајќи на пиедисталот на најдобрите и најголемите домашни музички артисти, кои слободно можат да им парираат и да се носат со  оние од регионот. Почнувајќи го настапот со најновата „Романи“, преку нивните постари и добро познати хитови кои публиката, особено онаа помладата, која расте со нивната музика во еден глас ги пееше од првиот стих заедно со препознатливите рефрени, па се до моментите кога на бината заедно со ар ен би дуото се појавуваа нивните специјални гости. Од бит бокс, преку македонски фолклор, до трап и поп... Така, Наум Петрески уште еднаш потврди дека полека станува жива македонска фолк легенда... Таско и Јанг Дади се иднината на новите жанрови, Ена  е македонска поп принцеза, а Тамара неприкосновена господорка на сцената... Џамбо и неговиот блех оркестар Агушеви се светски бренд... Впрочем како и поголемиот дел  сите споменати, доколку би немале „географски хендикеп“ да живеат во Македонија. Да бевме некаде посеверно во Европа, ќе беа европски музички ѕвезди, што и вака секако не им ја намалува вредноста. Напротив, гордоста е поголема што имаме наше, не помалку добро и квалитетно од она туѓото! ДНК и нивните гости секој на свој начин атмосферата ја доведуваа до еуфорија, со секоја нова песна, со секој нов перфоранс кој публиката ја фрлаше во транс. Посебни моменти во целиот 120 и кусур минутен концерт имаше неколку. Секако покрај специјалните гости, моментот на илјадници запалени блицови и светла од мобилните телефони направија ѕвездено небо, невидено и незапаметено уште од времето на концертите на Тоше. Токму една негова песна ДНК, односно Панчо изведоа, „замолкнувајќи“ ги злобниците дека е само „добар рецитатор“! Кога сме кај Тоше и останатите познати или нам и ним блиски луѓе кои „повеќе ги нема“, ДНК направија оваа вечер да бидат најприсутни, како да се тука меѓу нас, иако никогаш и не излегле од нашите срца. Имено, уште во самите најави на концертот како и на прес конференцијата одржана неколку дена пред истиот, ДНК обзнанија дека  голем дел од средствата собрани од продажбата на билетите ЦД-ата ќе бидат донирани во хуманитарни цели, односно доделени на фондацијата „Марко Божиновски“ во која членуваат Панчо и Андреј и се големи поддржувачи на истата, формирана по ненадејната смрт на младиот македонски ракометар. Тоа неколкупати го повторија на самиот концерт , а кулминацијата следуваше кога на сцената се појавија Џамбо Агушев и неговата блех дружина и заедно со Андреј, Панчо и бендот и секако публиката во еден глас ја изведоа „Ако утре ме нема“! Во тој момент на големите екрани одеа фотографии на познатите македонски музички ѕвезди кои прерано заминаа и не се повеќе со нас... Од Есма, Драган Вучиќ, Вања Лазарова, Бојс, Ацо Конга, Дуле Љубисављевиќ, Зафир Хаџиманов, Зоран Џорлев, Дј Ицко и Дј Бабура... Па се' до Тоше и секако ликовите на некои од починатите родители на членовите на ДНК. Момент на силна порака дека не само хуманоста, туку и љубовта треба да ја шириме и практикуваме, да се сакаме и почитуваме, да се дружиме и помагаме... најмногу додека сме живи! За утре кога ќе не нема, некои други деца со гордост на нас да се сеќаваат и со пиетет да не споменуваат! Завршницата со песните од почетоците како „Полна месечина“ или „Илјада ѓаволи“ до крај „ја запалија“ ионака веќе доволно „разгорената“ атмосфера, која беше величествена. „Се вели, среќата е единствената работа што се множи кога се дели, а ние сме среќни што имаме пријатели како вас, среќни сме што имавме со кого да ја споделиме нашата љубов, емоции и музика и среќни сме што бевте и сте до и со нас“ - порачаа по концертот ДНК. По сето прикажано, ние можеме само да им возвратиме: ДНК -  долу капата!    ]]>

ДНК за 20 години постоење досега испишаа музичка историја, а отсега и – „Романи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-za-20-godini-postoenje-dosega-ispishaa-muzichka-istorija-a-otsega-i-romani-video/ Thu, 24 Nov 2022 07:18:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277172

Не, не ништо не, овие години не промениле, срце полно рани, рани, рани, рани, во душа празни страни, непишани романи... вака гласи рефренот од новата тема на ДНК, со наслов „Романи“, а со која момците го заокружуваат последниот студиски материјал „Дваесет“, кој својата новинарска промоција ја доживеа во средата, 23 ноември 2022, точно напладне на ПРЕСС конференцијата во „АБЦ Мош“ во Скопје каде премиерно беше претставен албумот, но и беа соопштени сите детали за претстојниот голем концерт.

„’Романи’ е една убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет“, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј“, велат Панчо и Андреј.

Круна на славењето ќе биде големиот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“, кога двоецот заедно со сите свои фанови од сите генерации ќе го одбележи убавиот јубилеј.

Темата „Романи“ е дванаесетто парче на албумот, што во продажба ќе го има на самиот концерт, а освен што дел од собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели, сите оние кои сакаат да имаат потпис и фотографија со Панчо и Андреј тоа ќе можат да го направат по завршувањето на концертот. Панчо и Андреј ќе останат во салата сѐ додека фановите тоа го бараат од нив. На материјалот уште се ставени и темите „Кога би знаела сѐ“, „Ромео и Јулија“, „Ние“, „Македонија на Европско“...

Инаку, видеото за „Романи“ е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески, а со поддршка на Fibula Travel и Kirman Calyptus. Во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.

Погледнете го видеото во продолжение и уживајте во нивните музички „Романи“ (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

20 години „ДНК“: “И денес сме исти како на почетокот, ама тоа нѐ одржа во живот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/20-godini-dnk-i-denes-sme-isti-kako-na-pochetokot-ama-toa-n-odrza-vo-zivot-video/ Mon, 04 Jul 2022 08:54:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256828

 Македонското ар ен би дуо ДНК оваа година слават 20 години јубилеј. Андреј Ѓоргиески и Владимир Блажев - Панчо неодамна ја почнаа турнејата со настапи низ Македонија, а јубилејот ќе го завршат на есен, со промоција на нов албум и голем концерт во Скопје.
Пред да станат ДНК, двајцата членуваа во други бендови. Андреј беше во ТНТ, а Панчо во ОК. Но кога нивните бендови се распаднаа, велат, решиле да пробаат нешто заедно. Немале очекувања и мислеле дека ќе траат само неколку години. „Не верувавме дека ќе дојдеме до дваеска“, ни кажаа во разговорот. Андреј за себе вели дека е смирен, а Панчо е бунтовникот кој секогаш гласно кажува што мисли. „Слични сме карактерно, ама и различни и најверојатно тоа нè држи заедно сите овие години. Андреј многу пати го јадел заради мене, ама знае дека работите не ги правам за внимание и собирање поени“, вели Панчо во муабетот за „Репортер“. Дури и кога се сликаат со луѓето за кои  донираат, тоа го прават за да поттикнат и други да се вклучат во иницијативата, велат тие, не за да се фалат што направиле. Забавни, секој на свој начин, Панчо и Андреј ни раскажаа интересни приватни приказни. Панчо ни кажа дека на снимањето на новиот спот првпат пробал свинско. Тука се муабетите и за Перо Антиќ, со кого се родени на ист ден, па Панчо вели дека му зел 10 сантиметри од висината, но и за МЗТ, другарството со Елиф Елмас и тетоважите. Ни откри и дека е колекционер на патики, па има преку 140 пара.   „Најскапите ми се Џорданки и ги платив околу 480 долари. Јас си ги лечам фрустрациите на тој начин, пошто како дете сум немал и мајка ми не можела да си дозволи повеќе од еден два пара да ми купи, па сега синовите секогаш имаат врв патики“, искрен е Панчо. Андреј, пак, со многу љубов зборува за ќерката Јана за која вели дека му пополнила празнина што и не знаел дека ја има. „Кога ќе погледнам во огледало, не се гледам само себе, туку ја гледам и неа. И знаеш, да не беше сопругата Наталија, мислам дека можеби и ќе останев сам во ова префригано време. Таа ме освои со природноста, нормалноста, скромноста“, ни раскажа тој низ емоции. Зборувавме и за пријателството со Наум Петрески, за кого вели дека е рокер и често знаат да запеат некоја рок-песна, но и за времето кога глумеше во скечовите на К-15 со Бубо, Миле и Тошо... Гледајте го видеото:
]]>

ДНК и Таско со ерупција на еротска поетика во нивната – „Лава“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-i-tasko-so-erupcija-na-erotska-poetika-vo-nivnata-lava-video/ Wed, 16 Mar 2022 09:00:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243242

„Лава“ е насловот на новиот сингл на ДНК и Таско, соработка потпишана од Панчо, Лазар Цветкоски и Таско. Имено, музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Таско, текстот е со потписот на Панчо и Таско, битот е на Hyper & Boksa, кои заедно со Лазе стојат и зад аранжманот, а токму во неговото студио и е снимена, мастеризирана и продуцирана темата. Веќе стандардно песната излегува во исто време со спот за кој овојпат се погрижија Страхиња и Лео, malosamo & L. Firstner, едни од најбараните момци од соседството кога се во прашање музичките спотови. Видеото е снимано во Studio DVD PLUS/Дизајн на сценска техника. Во кадрите освен момците се појавува и Миа Гирауд, девојката од филмот „Сестри“, првиот македонски филм што оди на Нетфликс, чие тело благодарение на вештите раце на Bijan Kovski е претворено во вистинско ремек-дело. Во дел од видеото, кое ако се суди според фотографиите навистина ќе биде празник за очите, особено за машката публика, ја има и поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ, која после подолго време во „жежок“ стил се враќа на малите екрани, како и Зорица Антиќ, Lоw Z една од најдобрите тверкерки на Балканот и моделите Ангела Грамосли и Јања Станојевиќ. Направивме одлична соработка со Таско. Имаме супер звук и уникатно видео. Типуваме наЛаваи веруваме дека ќе предизвика вистинска ерупција кај нашата публика“ - велат Панчо и Андреј. Тие велат така, а еве што се пее во рефренот: „Дали ќе имам среќа бејбе... Да завршиме кај мене во кревет... Да ме гориш као лава бејбе (еј) Во јака поза 69... Дали ќе имам среќа вечер... Да завршиме во кревет кај мене...“ ]]>

„ДНК“ & Young Dadi – „Ваков – таков“… џабе зборат, нема да ги сопрат (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-young-dadi-vakov-takov-dzabe-zborat-nema-da-gi-soprat-video/ Tue, 09 Nov 2021 13:45:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226616

„Ваков таков“ е најновото музичко парче кое излегува од работилницата на ДНК. Темата е всушност соработка на Панчо и Андреј со Young Dadi, трап артист чие време допрва доаѓа. Текстот на песната е со потписот на Панчо и Young Dadi, додека музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Борис Какуринов од Дупер. Зад аранжманот стои Лазар Цветкоски со мала помош од Борис, во чие LCV студио и е продуцирана и снимена. „Ваков таков“ е мастеризирана во Лондон од страна на Streaky. Веќе стандардно песната е пуштена во исто време и со спот, снимен од Пако, а спакуван од Ѓуле. „Снимивме дует со, според нас, еден од најперспективните алтернативни трап артисти, за кој спотот го направивме за време на забавата на која го испраќавме за Мадрид на студии. Решивме токму забавата да ја преточиме во видео заради одличната енергија и позитивните луѓе кои беа присутни, а и затоа што сето беше само надополнување на позитивата во песната. Позитивна песна, позитивни луѓе, интересен спој и се роди „Ваков таков“, велат Панчо и Андреј од ДНК. Уживајте во новото музичко парче на ДНК и Young Dadi, и без разлика дали сте вакви или такви, останете... такви какви што сте - само свои! ]]>

ДНК на естрадно-градоначалничка средба со Данела Арсовска: „Мајка си е мајка, татко може да ти биде секој“! https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-na-estradno-gadonachalnichka-sredba-so-danela-arsovska-majka-si-e-majka-tatko-moze-da-ti-bide-sekoj/ Thu, 28 Oct 2021 07:50:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224924

Во екот на кампањартта пред вториот круг локални избори во трката за иден градоначалник на Скопје, меѓу многубројните средби со граѓаните, од обичните луѓе до познатит и јавни личности, независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска имаше и една естрадно-градоначалничка средба. Панчо и Андреј од ар ен би дуото ДНК се најдоа во разговор со Данела, за она што значи македонска естрада, условите во кои работат и егзистираат естрадните уметници, културните настани, градските културни институции, настаните, настапите, концертите, фестивалите... Со еден збор, уметничкиот живот на естраата, естрадните уметници и артисти. Панчо задоволен од разговорот и ветеното доколку Данела Арсовска стане идната градска „мајка“ на македонската престолнина - Скопје, рече дека ја држа за збор за сите нејзини ветувања, па се огласи со свој статус и фотографија на социјалните мрежи, во кој напиша: „Денеска заедно со Андреј се сретнавме со независната кандидатката за градоначалник на Скопје, госпоѓата Данела Арсовска. Поразговаравме на неколку различни теми меѓу кои и темата која највеќе не засега нас и сите наши колеги од Македонската сцена. Разговаравме и се сложивме околу тоа дека Македонските артисти треба да се позастапени низ градот убав поготово оние алтернативни и кавер бендови кои имаат помали можност да настапат пред јавноста или на комерцијални места. Дојдовме до заклучот и ветување од нејзина страна дека ако стане градоначалничка односно “Мајка” на Скопје ќе реализира повеќе културни настани вклучувајќи многу повеќе Македонски изведувачи. Се сложи и со тоа дека кај Македонските артисти има многу квалитетни изведувачи и дека ќе настојува да ги ангажира согласно видот и потребите на настанот. Странски гости се секогаш добредојдени но исто така треба да си го цениме своето, домашното, Македонското. Исто така ни вети дека ќе се погрижи Скопје да биде почисто, позелено, место во кое што сите граѓани ќе се чуствуваат безбедни и најбитното дека будно ќе го следи и чува наше мило Водно и силно ќе се бори против урбаната мафија и неговото уништување. Ние ја држиме за збор и се надеваме дека ќе ја видиме како градоначалничка, односно “МАЈКА” која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје. Да не заборавиме дека мајка си е мајка, татко може да биде секој“. ПС: Ни ја пофали и нашата последна песна “Сите патиша” за која кажа дека и будела убави спомени од детството и ја вратила во времето на нејзиното безгрижно детство и на другарите со кои израснала и со кои и ден, денес комуницира.]]>

Панчо и Андреј од ДНК понудија лекување на бездомно лице: Естрадните уметници повторно покажаа дека се многу повеќе од забавувачи, додека власта и системот одново потврдија колку се „трули и распаднати“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-i-andrej-od-dnk-ponudija-lekuvanje-na-bezdomno-lice-estradnite-umetnici-povtorno-pokazaa-deka-se-mnogu-povekje-od-zabavuvachi-dodeka-vlasta-i-sistemot-odnovo-potvrdija-kolku-se-truli-i-raspadna/ Thu, 23 Sep 2021 08:18:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220277

Македонија - земја на многу работи, најмногу на апсурди! Повеќе има грижа за домашните миленици и кучињата скитници, отколку за луѓето... Особено ако се работи за некој кој е на улица, без дом,  приходи, никој свој, напуштен, сам, гладен и болен со длабоко нарушено здравје... Едноставно бездомник во тешка материјална и здравствена состојба. Токму едно такво лице, легнато на афалтот крај жичената ограда, во полубесознание, со очигледно нарушено здравје и животнозагрозувачки функции, оставено само да умира среде центарот на Скопје. Без никој да му пријде, погледне, помогне, пружи соодветна нега и помош... Тажно јадно и бедно, нехумано, нечовечки... Очајна слика на „распадот на системот“ во кој се изгубени сите човечки, етички и морални вредности, во кој човечкиот живот вреди помалку од кучешкиот. И додека институциите на „системот во распаѓање“  никаде ги нема, за подоцна веројатно како по обичај во медиумите да почнат да си ја префрлат топката, чија надлежност и одговорност била човекот да се згрижи и да му се помогнем, естрадата уште еднаш прва посегна да помогне. Панчо и Андреј од ар-ен-би дуото „ДНК“ уште еднаш покажаа дека се многу повеќе од „само забавувачи“  туку пред се' хумани луѓе, подготвени секогаш кога треба да помогнат. И додека  додека власта и системот одново потврдија колку се „трули и распаднати“  двајцата естрадни уметници понудија помош во лекување на напуштеното и оставено во лоша здравствена состојба  бездомното лице. Панчо јавно се огласи на својот Фејсбук профил опишувајќи ја ситуацијата, нудејќи ја својата и помошта на неговиот музички ортак за лекување на нивна сметка на човекот, но и прозивајќи ги власта и институциите  на државата кои се толку инертни, што додека реагираат може да биде доцна, зашто лицето е речиси на работ. Потоа премиерот како по навика, веројатно одново  ќе тврди дека „прозивките за оставки“ се... баналност?!   Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/djshortypofficial/Vladimir Blazev  

ДНК инспирирани од македонската реалност ги претвораат своите… „Денови во ноќи“: Панчо приведен во голема полициска акција за шверц на дрога… во приказната на новиот спот!? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-inspirirani-od-makedonskata-realnost-gi-pretvoraat-svoite-denovi-vo-nokji-pancho-priveden-vo-golema-policiska-akcija-za-shverc-na-droga-vo-prikaznata-na-noviot-spot-video/ Thu, 29 Jul 2021 08:06:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213097

Панчо - ДНК приведен во голема полициска акција за шверц на дрога! Недоволниот прилив на средства и љубовта кон саканата го натерале да се впушти во бизнис со дрога, кој наместо пари за лекување му донесе петгодишна затворска казна! Панчо е спроведен истата да ја издржува во затворот во Куманово... Ако сте изненадени, вчудовидени и збунети и ништо не ви е јасно – полека! Панчо микрофонот не го остави настрана за да стане дилер, ова е само приказната во новиот спот за песната „Денови во ноќи“. „Идејата е да се испрати порака до младите дека треба да им се каже НЕ на сите пороци, но и дека не треба да потпаѓаме под влијанија, особено кога сме пред искушенија и тешки животни предизвици. Дека треба да веруваме во себе и да бидеме истрајни во своите желби и планови“ , велат Панчо и Андреј. од ар ен би дуото ДНК во изјават по повод промоцијата во етерот на нивната нова песна и видеоспот. „Денови во ноќи“ веќе е лесно да се претпостави е со потписите на Панчо и Лазар Цветковски чии се музиката, текстот и аранжманот, додека за екранизацијата на приказната се погрижи, исто така, проверениот и маестрален соработник на ДНК, охриѓанецот Даниел Јовески. Дел од видеото уште се и Роберта Цветковска на која и припадна улогата на девојката, Стефан Хајредин го глуми дечкото, Игор Петрески е дилер, Ристе Филипов – инспектор, а Елена Стојческа – инспекторка. И оваа песна е нешто во што навистина веруваме и нешто околу што навистина се потрудивме. Благодарни сме на сите кои ни помогнаа особено во реализацијата на видеото затоа што истото го снимавме додека земјата беше во карантин и на сила беше полицискиот час“ - велат Панчо и Андреј и уште еднаш упатуваат посебна благодарност до  Министерството за правда и директорот на управата за извршување санкции Марјан Спасовски, КПУ Затвор Куманово и директорот Ненад Цветковиќ, како и клиниката Жан Митрев и Микел кафе кои придонесоа во реализацијата на филмуваното музичко видео. А, што се случило после 5 години, односно по излегувањето од затвор откријте сами откако ќе го погледнете новото видео на ДНК - „Денови во ноќи“: ]]>

Купете албум или ДВД од ДНК, на врата ви ги носат лично Панчо и Андреј https://arhiva.vistina.com.mk/kupete-album-od-dnk-na-vrata-vi-go-nosat-lichno-pancho-i-andrej/ Sun, 21 Mar 2021 14:18:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194969

Својата поддршка кон домашната музика и уметноста воопшто Панчо и Андреј, односно двоецот ДНК уште еднаш решија да ја изразат на мошне уникатен начин. Имено, нивниот последен материјал, односно ексклузивното „The best of“ издание, како и ДВД изданието од последниот концерт во Метрополис арената се ставени на продажба, и тоа не е се – најинтересно е што сите фанови на ДНК од Скопје нарачката ќе ја добијат, што се вели, на рака и тоа лично од Панчо и Андреј. – Сите се наоѓаме во исклучително тешка состојба, а нашата дејност е можеби и најпогодената во целава ситуација. Нас како ДНК (Панчо и Андреј) единствената егзистенција ни доаѓа исклучиво преку музиката, поентата на ова наше обраќање не ни е да се жалиме бидејќи знаеме и свесни сме дека има семејства, фамилии и луѓе кои се во многу полоша состојба од нашата, туку сакаме да ја подигнеме свеста за ПОДДРШКА на македонската музика и воопшто уметноста во овој исклучително тежок период за сите артисти преку купување на нашите дела за сите оние физички лица и фирми кои се во можност и кои на некој начин сакаат да не поддржат во овој период. Иако имаме 5 албуми се одлучивме да го ставиме нашиот последен албум “THE BEST OF” ( ексклузивно издание ) и ДВД изданието од нашиот последен концерт во Метрополис арената од 2017 година по повод 15. наш роденден , велат Панчо и Андреј. Изданијата може да се купат и нарачаат исклучиво онлајн преку ФБ фан страницата на DNK и на приватните ФБ и инстаграм-профили на Панчо и Андреј @djshortypofficial @andrejdnk. – Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас. Секаков вид на поддршка од ваша страна ќе ни биде добредојдена, дури и само ако го споделите постот и ја проширите приказната да допре до што повеќе луѓе, велат дечките и откриваат дека наскоро од нив ќе следува и нешто ново. Цените на изданијата се: “Најдоброто од ДНК”/500 ден. ДВД / 600 ден. 💿+📀 = 1000ден. ]]>